Таинственост...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам некако многу слични теми има со оваа тематика. Кога не треба за нешто да се зборува не треба, тоа го имам научено дека е за доброто на сите. При одредена ситуација кога одредена личност ми ги кажува најмрачните тајни кои без таа ситуација не ги знаела ни таа личност, и да земам јас тоа на Петко, Јанко и Трајко да го раскажам... Не знам што ќе се случи таа личност ако го разбери тоа, ќе ја изгуби тоталната доверба кон мене и таа ситуација. Инаку сум таинствен кога треба да сум, ама за работите кои што треба сум отворен сум отворен дури и премногу.
 
Повлекувањето од светот? - Донекаде е така, а донекаде и не е така (во зависност од начинот на нашето размислување, секако). Вршејќи едноставна поделба на нашата појава како целина на физички и психички дел, всушност наидуваме на момент кога настапува согласност со горната изјава. Имено, во еден ваков случај на таинственост, нашиот физички дел или нашата физичка личност ако повеќе сакате, со сигурност ќе биде секогаш и секаде присутна низ деловите од светот, максимално искористувајќи го и уживајќи во него и неговите деца. Меѓутоа што се случува пак од друга страна? Рековме дека има и еден втор (таинствен) дел од нашата личност т.е. психичката личност. Всушност, тоа е тоа, делот од нашата личност која во текот на своето живеење наидува на согласноста што се однесува на повлекувањето од светот. Ние, колку и да бидеме присутни во јавноста, вистинските ние секогаш и секаде ќе бидеме затворени и надвор од сите збиднувања, не давајќи им можност на другите вистински да не запознаат и да проживеат со нас. Причина? - Минати искуства, страв, сомнеж... се само неколку од многуте можни причини кои цврсто се всадени во таинствената личност, а патем и тешко одстранливи. Дали е добро или лошо е релативно, затоа што колку што е лошо исто толку е и добро. Но, како и да го вртиме и разглобуваме муабетот на крај секогаш испаѓа дека таинственостa е дел од нашата личност и како таков дел секогаш е присутен, помалку или повеќе, кај секој од нас поединечно, па дури и кај оние кои го мислат токму спротивното. Секако, сите ние сме понекогаш таинствени. И тоа е добро :)))
 
Таинственоста не ја сфакам како нешто страшно или чудно. Бидејки тоа нешто е таинствено само за вас, за некои други не е . таинственоста е нешто ненормално д аве привлекува да го дознаете, а тоа може да биде обина ситница -ама се љубопитни. Некои луге намерно го прават тоа , а на некои тоа им иде од внатре. Тие луге се различи од другите-ама не ги прави тоа помалку вредни. Туку ен сакаат да се експонираа тие. И тоа е особина која што јас многу ја почитувам
 
Воопшто не сум таинствена личност. Сега тоа не значи дека пред секој мора да кажувам се, но несакам да бидам таинствена. Сакам да ме запознаат сите во правото светло, да ме запознат она што сум.
Познавам некои што се таинствени ама баш во секој поглед. Зборови со клешти да им ваѓаш од уста треба.
Сепак мислам самите такви личности што се таинствени полошо им е, потешко ќе се снајдат во средина и кога имаат проблем нема никој да ги разбери баш поради нивна таинственост.
 
Таинственост...за мене претставува ден вид на отфрлување на светот,простор кој се создава во кој ти си само ти и нема друг.Има таинствени луѓе,јас сум таинствено суштество понекогаш,само лошо е кога некој ептен таиствен е и сега ти чуди му се.Не сакам такви луѓе...
Мобеби за некои таинственоста е еден вид на заштита од луѓето.Или пак сигурно сте почувствувале дека кога нешто ќе се случи и го кажете на некого му се зголемува важноста,а ако го чувате за себе постепено се губи.Можеби и тоа е дн од причините за таинственоста кај луѓето.:toe:
 
Тоа е повеќе повлекување во себе и бегање од реалноста...барем според мене...
НЕгативна е особината да бегаш од себе така да тоа не ми се свиѓа....
Но некогаш е интересно ...:vozbud:
 
хмм.. можеби имам поразлично мислење од другите.. за мене таинственоста е интересна... доведување до ниво на уметност проследено со мистика и енигма.. ми се допагаат необични работи шо да правам секојдневното е досадно и монотоно... мистика и таинственост како стил и како имиџ нешто тајно и неоткриено те доведува до љубопитност и со самото тоа таинственоста е необично заводлива секако аку е оригинална и изведена на прав начин.
 
Таинственост: глупа ствар за да привлечеш нечие внимание, да натераш некој да се замисли за тебе, мислејќи дека си мистична особа.
well let's face it: Никој нема да биде заинтригиран или фасциниран од фактот дека тоа што ни е на ум не го искажуваме кога треба.
Очаен повик за внимание според мене, со таа таинственост.
Јас сакам да кажувам тоа што имам, без маски и тајни. Ме повредувале, сум повредувала, ама сакам луѓето подобро да ме запознаваат [зборам за оние без задни намери]. А и другите, можат да ме нападнат, имаат доволно информации, уште сум цела.
 
Таинственост: глупа ствар за да привлечеш нечие внимание, да натераш некој да се замисли за тебе, мислејќи дека си мистична особа.
well let's face it: Никој нема да биде заинтригиран или фасциниран од фактот дека тоа што ни е на ум не го искажуваме кога треба.
Очаен повик за внимание според мене, со таа таинственост.
Јас сакам да кажувам тоа што имам, без маски и тајни. Ме повредувале, сум повредувала, ама сакам луѓето подобро да ме запознаваат [зборам за оние без задни намери]. А и другите, можат да ме нападнат, имаат доволно информации, уште сум цела.

А зошто таинственоста да не биде резултат на поранешни искуства кои ти го загрозиле животот поради тоа што некои личности ти се умешувале во животот тебе или па на другите личности, како што пишал гладиус во воведниот пост?
Ако си радознал, ќе се замислиш, дури и мислам дека и CIA ќе ја ангажираш да дознаеш некои работи, но тоа не е до човекот кој е таинствен, до тебе е. На некој друг нема воопшто да му е гајле за тоа и готово.

Не мора секогаш да биде недостиг на внимание, некогаш преголемото чаламење е недостиг на внимание според мене, неизживеаноста, не таинственоста. :)
 
Самата ни малку не сум таинствена, сум имала искуство со таинствени луѓе и не ги доживувам баш најпријатно. Таинствените луѓе се одлични манипулатори, никогаш не можеш да знаеш што всушност мислат и што сакаат во одредена ситуација. Постапуваат различно од тоа што го зборуваат, а многу малку зборуваат, не само за себе туку и онака по природа се молчаливи.
Зборувам за екстремна таинственост.

Инаку позитивно е доколку не се расфрлаш со информации за себе наоколу и да кажуваш и на тој што треба и на тој што не треба, сепак треба да постои некоја претпазлива мерка. Но тоа и не го сфаќам како таинственост, туку едноставно како задржување за себе нешта кои ти се од голема важност и нешта кои не би требало да ги знаат сите.

Не сакам таинствени луѓе, не можам да одржувам близок контакт со нив, некако дури не знам ни што муабет да им правам. Неверојатно е колку се способни да те натераат да мислиш нешто што нема никаква врска, можат зад грб да ти прават работи за кои не си ни свесен.

Но тоа е, да бевме сите исти светов немаше да биде интересен.
 
Во секој случај таинственоста крие страв, зависно, некогаш несвесен патолошки, некогаш смислен кога е со намера да се изненади некој... Бах... :kafe:
 
со тек на време како што растев и созреував, одноно кога за прв пат го запознав светот во негово право светло, како всушност функционира, јас почнав полека да се затварам и да бидам таинствена поучена од претходните искуства кога бе отворена и кажував се за да после биде се тоа злоупотребено или уништено, денес најважните работи за кои сум исклучиво приврзана или ми е во интерес да не се знаат или да успеат па да бидат кажани, не ги кажувам ги кријам во себе, но спрема луѓе во кои имам стекнаото доверба ( а тешко стекнувам доверба, кога ќе стекнам во некој навистина му верувам), луѓето кои ги сакам со сето срце и најблиските не сум, за нив сум отворена како книга! сватив дека е многу побезбедно и поубаво се и секој да не ми ги знае работите кои ми се исклучиво важни! :pipi:
 
Таинственоста... ме привлекува. Сум забележала лоша и добра таинственост. Во лошата се кријат работи кои човекот ги испатил и веројатно не сака да се отвори кон светот, а добрата...како нешто што допрва треба да го дознаеме од светот...
 
Таинственоста не ја поврзувам ни со карактерот на личноста мислам на вроден ,ниту со повлеченоста , резервираноста и некомуникативноста . По мене таинственоста се гради свесно, со намера да заинтригираме некого ,да не ја отвориме вратата сосема при што тоа го правиме свесно односно тоа може да биде имиџ на одредена личност . Дали е добро или не, не сакам да судам , но во секој случај тие особи се интересни и побудуваат радозналост кај нас да ги откриеме .
 
Таинственоста... Интересно е кога ке се повлечеш во себе, и кога таму нема да најдеш никој. Таинствените луѓе се интересни за околината. Посебно за љубопитните луѓе. Таинственоста не е, на некој начин, повлекување во себе. Јас мислам дека тоа е пробање да се создаде поглед на светот од точка каде што си само ти, т.е. се ставаш во центар на се`. Едноставно уживаш во самиот себе...

ИЛИ АНОМАЛИЈА? Мислите?! :) :kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom