Бекдор е дупка која во такви сериозни компании кога тогаш ќе биде откриена. Да не зборуваме дека тие сервери се прилично добро тестирани и проверени пред да одат public. Телекомуникациски компании се тоа, со вработени луѓе кои имаат сериозно добро познавање од ИТ технологија. На такви сервери кои опслужуваат милиони уреди/клиенти немаш многу простор за заебанција и играње курташак. Не оди тоа така лесно и едноставно како што некој има замислено.
Проблемот е што таму имаш сензитивни логови и CDR-ови од најголеми бизнисмени, па се до луѓе инволвирани во политика и што уште не. Значи едно е да се побара од служба во СОПСТВЕНАТА држава да се добијат информации за некого со судски налог, а друго е ТРЕТА држава да постави вакво нешто како во случајот на Хуавеи и да собира се што треба и не треба.