Tип на денот (Читај правила во прв пост)

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.081
Поени од реакции
1.638
Какви шанси промашија Динамо у последниве 3 минути невидено нешто, 5 минути продолжение и 1 поништен гол
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Чекам тубизе гол да дајт прво и после да изгубит 1-2, ако влезит оваа другите ми се посигурни, ливчето со салзбург тргна на убо :vozbud: чекам коефициент 150 заебано
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Абе што запнавте со овие местенките ова не е башибозук лига ВЕ МОЛАМ доста веке демек ние знаеме нешто епа ако знаете дека се наместени дека ке наместат играјте бе со големи пари не да ми солите тука памет.
Извинете за оф топик !
 
Член од
21 март 2011
Мислења
46
Поени од реакции
40
Да не сфатите дека е само навивачки тип, но денеска Бешикташ - Стоук чист 1. Иако имаме доста повредени, сепак на домашен терен би требало без проблеми да ги победиме за прво место. И во првата утакмица бевме многу подобри на терен. Исто така Стоук мислам дека во истанбул не допатуваше со цел тим. И плус мотивација е тоа што тренерот на Бешикташ Тајфур е пуштен на слобода, се докажа дека воопшто не е умешан на местења и слично. Ова ќе биде само плус мотивација да се направи пеколна атмосфера во Инону каде што паднале многу големи клубови. па среќно:)

кој ме послуша си ги зема парите :D
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.953
Поени од реакции
9.582
Само едно не ми е јасно од кај го најдовте баш Динамо со 1.25 да го пишите абе златни ракомети на Данска 1.65 му даваат со Африканцине вие сте се запнале фудбал та фудбал па и во некој смешни коеф каде што На динамо ама и да тепаше за џабе ке му беше ако земеше бод бешикташ то е само да се игра без да се види шо како и дали вреди да го ризикуваш за тој коеф
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Европа лига анализи , информации, типови тука

Покасно Еуролига у баскет и можно е да пишам нешто од NHL мада има само 3 меча :)

Денешните типови ...
( нема време да пишам анализи за Еуролигата , ама главен тип од таму ми беше Нанси under70,5 @ 1.90 Sportlife , тоа можат да го потврдат дечките шо се со мене у група )

Ај да почнеме :

Бешикташ - Стоук 1.90 3.25 3.50

тип : т1 2+ @2.15 Oaza
влог : 4/10

тип: Бешикташ дава гол во двете пол@ 3.25 Oaza
влог : 2/10

1.90 на Бешикташ против солиден премиерлигаш ? Не , фала.
Коеф веќе падна на 1.70 на нет , можно е да биде намален и во нашите кладилници , па во ниеден случај не би ставил на чиста победа , дури и да тепат со 10:0.
Пулипс најави дека ќе игра со мешан состав , но најави дека оние кои се се покажат на овој меч ќе добијат шанса во згуснатиот премиерлигашки распоредза време на Божиќните празници, што значи играчите на Стоук би играле со мотивација тука. Плус и составот не е лош , дефинитивно можат да се носат со Турците.

Составот на Стоук за овој меч :
Begovic, Nash, Wilkinson, Higginbotham, Diao, Upson, Clarkson, Dawson, Palacios, Arismendi, Pennant, Jones, Fuller, Jerome, Delap

Турците имат солиден состав , ми се допаѓа , имат одредено ниво на квалитет , и мислам дека ќе се пласират у нокаут фазата.
Ама , не верувам дека тоа ќе биде лесно за нив денес. Прво нема да играт Кварезма ( нивниот најдобар играч и стрелец ) и Симао , што значи ослабнување во нападот и креативноста. Второ , ова ќе им биде 5-ти тешок меч во последните 14 дена ( 1 декември у Израел против Макаби , 5 Декември у Анталија , неутрален терен со Орду , 8 Декември кај Маниса , 11 Декември со Бујуксехир ) , и ќе играт со истиот состав кој играше на овие натпревари. Трето и пораз ги носи во следната фаза , освен ако Динамо ја покрие гол разликата од 4 гола ( слична ситуација ко Лион и Ајакс ). Четврто , полека оа станува public bet , а вакви типови посебно во ЛЕ не завршуват добро..

Бешикташ победија дома против Киев во етпен тежок меч со 1:0 и лесно можеше да оди оваа 1:1 , додека Макаби не си помина добро во Истамбул и си замина со 5 комада. Ја имаат една од најверната и најзвучната публика на светот, пишите на YouTube било кој клип каде Бешикташ играл на полн стадион ќе видете за што зборам , тотален пекол. На овој меч мислам дека Стоук ќе даде гол , скоро сум и сигурен во тоа , во нападот го имат Џонес , ептен опасен играч , посебно од корнери и нафрлени топки ( btw, тоа е слабоста на бешикташ , против Бујуксехир во 86 го примија по нафрлена топка ). Бешикташ и без Кварезма има солиден напад , Пектемек и Холошко , ама ако мечот го почне Алмеида ( које вон форма ) , ќе се мачат. Средината им е добра со Кавлак , Фернандез и Ернс.
Очекувам голови тука , ама нема да земам чиста победа на Турците , туку одам типови на голови.


PSG - Bilbao 1.60 3.40 4.50


тип: т1 2+ @ 1.60 Oaza
влог : комбо тикет


Веќе неколку пати оваа сезона зборам дека ПСЖ не ми се допаѓа ко тим, ништо кај овој тим не ми се свиѓа и редовно играм против нив , а они секогаш се некако вадат со победа.
Денес играт против Билбао кој ќе настапат со резерви , малди играчи во нападот , дебитант на голот и без мотивација , пошто секако сепрви во групата. Главните офанзивни играчи ни не патуваа со тимот во Париз.
ПСЖ ќе игра со Ердинг , Хурау и Гамеиро кој се способни за давање голови , исто тука е и Пасторе. Мислам дека во клучен меч ќе успеат да постигнат барем 2 гола на домашен терен против резервите на Билбао.
Колку за допуна , дури и да тепат со 10:0 повторно нема да поминат , ако Салзбург земе 3 бода во Братислава.


Steaua - AEK Larnaca 1.60 3.30 4.70

тип : т1 2+ @ 1.70 Sportlife
влог : комбо тикет


Нема многу да го тупам со зборови, само ќе кажам 1:3 на теренот на Динамо, 1:1 дома со Клуж ( 3 стативи ), 4:2 со Макаби дома ( феноменална утакмица , мислам дека статионот ќе се срушеше кога поведоа со 3:2 ). Не сакам да ги поценувам Ларнака , кои имаат солиден напад ( тридентот Мрџа , Гарсиа и Пинтадо ) , ама мислам дека Стеауа ќе победи овде и дека ќе има голови. Исто пеколна атмосфера, офанзивен футбал , и двете екипи нема шо да бранат гонат победа , очукувам 2 гола од Стеауа , мада Ларнака ко шо гледам примија само 1 гол на двете гостувања во групата ( 0:0 Шалке ?! и 1:0 од Макаби).


Zurich - Vaslui 2.85 2.90 2.35

тип : 0-2 @ 1.85 Oaza
влог : 5/10

WTF ?!
До мене ли е или горе коеф не се ко шо треба ?? Васлуи @ 2.3 на гостување во Швајцарија .. Yeah right .. Повторно преценет гостинскиот тим. Точно дека мора да победат за да одат понатаму од групата,ама 2.30 никако ..
Од друга страна го имаме Цирих ,кој е тотална катастрофа, играт напаѓачки , ама одбраната им е комична у најмала смисла .. Во Швајцарија направија само 2 победи дома и тоа против двете најслаби екипи во лигата , очекувам грд натпревар со малце голови.
Гостите имат проблеми со составот , имат неколку важни играчи кои нема да играт , и дефинитивно 2.30 нема никаков value за просечна екипа од Романија.


Slovan Bratislava - Salzburg 4.30 3.35 1.70

тип : 0-2 @ 1.85 Sportlife
влог : 5/10 и комбо тикет

Имаме две различни екипи со 2 различна мотива.
Прво домашните се веќе 2 недели на зимска пауза, немат одиграно меч 14 дена,денес ќе играт без мотив бидејќи се секако последни во групата и за 5 натпревари земаа само 1 бод и дадоа само 2 гола.
Гостите влегуваат во форма , победата против ПСЖ дома беше огромен успех за оваа екипа и со тоа им се овозмножи да поминат во следната фаза со победа.
Не верувам дека Салцбург ќе удри од првата минута , мислам дека полека ќе чекат и ќе градат напад и ќе одам на минимална победа , ќе одат на посигурна игра , повеќе ќе внимаваат да не примат гол додека Слован мислам дека ќе падне тотално во второ полувреме, со оглед на паузата и мотивацијата. Можна е побда овде на гостите , ама коеф од 1.70 не ми се допира.
Гостите ќе играт во прв состав и ова е тимот кој отпатува за Братислава :

Gustafsson, Walke; Hierländer, Sekagya, Pasanen, Hinteregger, Ulmer, Schiemer, Schwegler, Jefferson, Zarate, Jantscher, Lindgren, Offenbacher, Teigl, Leonardo, Maierhofer, Wallner, Svento.

Ќе фалат двојца првотимци од средниот ред : Not available are Douglas and Mendes along with the long-term injured Alan.

Out due to suspension are Leitgeb and Cziommer.
превземено од : http://redbulls.com/soccer/salzburg/en/ ... _7983.html

Ко што кажав , очекувам мирен натпревар со малце голови.


Dinamo Kiev - Macabbi T.A. 1.25 4.50 8.50

тип: 3+@1.50 Sportlife
влог: комбо тикет

тип:4+@2.30 Sportlife
влог : 4/10

тип: 1+I&2+II @ 2.00 Sportlife
влог: 3/10

тип: Динамо 2+ прво пол@ 2.60 Sportlife
влог: 2/10


Ако барате зицери , ова ви е мечот. Се освен победа со над 2-3 гола разлика според мене е многу ,многу невозможно.
Динамо гоне победа од најмалце 4 гола, и чека пораз на Бешикташ дома и мислам дека ќе го масакрират Макаби.
Спортлајф дава интересни коеф , па одам со неколку типови.

GL !!

Бешикташ 3:1 + 2,6 units
PSG 4:2
Steaua 3:1
Zurich 2:0 + 4,25 units
Salzburg 2:3 - 5 units WTF , не очекуваше ваков резултат :)
Динамо 3:3 + 11,4 units

комбото - 2 units

вкупен профит : + 11,25 units ;)
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Сите натпревари ги стаив 3+ од лига европа 10/12 стаив 140 ден и фатив 10 од нив Лацио и Цирих не ги фатив само но си земам околу 1000 ден а да си ги фатев сите 12 ке земав околу 49 000 ден...................
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
795
Поени од реакции
375
Уште сега да ви го кажам тип за во недела Манчестер Сити-Арсенал 2 4.50 коефициент :love:
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
ПСВ-1
АТ.МАДРИД-1
А.ВИЕНА-1
БИРМИНГАМ-1
К.БРИЖ-1
200=2350
 

KvAzI

Дипломиран Ѓубрар
Член од
3 септември 2007
Мислења
173
Поени од реакции
49
Уште сега да ви го кажам тип за во недела Манчестер Сити-Арсенал 2 4.50 коефициент :love:
Причини? Арсенал е со многу послаб состав, само Ван Перси, може да постигне гол плус арсенал има проблеми со повредени играчи (на бековска позиција), а знаеме Сити колку се јаки на крилните позиции... а Сити нема проблеми со повредени, и да имаат, имат добра клупа така да јас ке ја играм оваа чист 1.

п.с. за утре кошарка од евролига - сите кецови ;) освен Казан.
Имам едно забегано ливче од фудбал:
Al Sad - Barcelona 0-2
Austria Wienna - Malmo x2
Shamrock - Tottenham 1x
Birmingham - Maribor x2
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
795
Поени од реакции
375
Причини? Арсенал е со многу послаб состав, само Ван Перси, може да постигне гол плус арсенал има проблеми со повредени играчи (на бековска позиција), а знаеме Сити колку се јаки на крилните позиции... а Сити нема проблеми со повредени, и да имаат, имат добра клупа така да јас ке ја играм оваа чист 1.

п.с. за утре кошарка од евролига - сите кецови ;) освен Казан.
Имам едно забегано ливче од фудбал:
Al Sad - Barcelona 0-2
Austria Wienna - Malmo x2
Shamrock - Tottenham 1x
Birmingham - Maribor x2
Друже така беше и со Челзи па видиш како завриши...И + на бековски позиции нема проблеми играат Џуру и Вермален играат добро дефанзивно ,што само Ван Перси?Сонг ѕверски асистенции прави + Волкот и Жервињо се во форма а и Артета знае да постигне гол.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom