Штутгард - Хофенхајм
Прво да кажам дека ова е дерби натпревар на регионот Баден-Витанберг и е посебен натпревар за двете екипи.
Штутгард ова лето делуваа дека ќе тргнат добро во сезоната по победата над Динамо Москва во квалификациите за Лига Европа, но од таму до сега не покажаа скоро ништо,вусшност тоа засега им е единствената победа оваа сезона. Во лигата се без победа со 2 порази и 2 нерешени, а минатиот четврток одиграа 2:2 на домашен терен со Стеауа( на двапати губеа). Викендов против Вердер имаа негатива од 2:0 во Бремен, но успеаја да се вратат и да земат 1 бод. Очекувам тоа да ги подигне на психолошки план. Во составот се враќа Ибишевич , но денес ќе бидат без Харник кој заработи црвен картон против Вердер откако беше стрелец на првиот гол.
Хофенхајм конечно победи оваа сезона и тоа против Хановер , откако имаа негатива од 0:1. Победија 3:1 ,но имаа малце среќа бидејќи вториот гол беше малку на среќа, додека третиот гол падна во последните минути од натпреварот.Малку помош имаа во тоа што играчите на Хановер практички стоеја во последните 15 минути на теренот. Не дека Хофе одигра лошо , посебно импресивен и опасен беше Бек. За денес немат проблеми со составот и ќе игра истиот тим што победи против Хановер.
VfB Stuttgart: Ulreich - G. Sakai, Tasci, Maza, Boka - Kvist, Gentner - Cacau, Hajnal, Okazaki - Ibisevic
1899 Hoffenheim: Casteels - Beck, Delpierre, Compper, Johnson - Williams, Rudy - Vukcevic, Salihovic, Usami - Derdiyok
Коеф е малку краток за Штутгард, над 2.10 би прифатил, али понудата е 1.90-1.95 , што е за малце кратко. И двете екипи имат лоша одбрана и солиден напад, мислам дека ќе има голови , мислам дека и двете екипи ќе дадат и примат по едне гол, а во прилог натој тим ми оди и тоа што традициски во последните 9 меѓусебни натпревари дури 7 пати било ГГ, а 5/9 биле 3+.
Ова е дерби натпревар и двете екипи бодовите и победа им се многу важни со оглед на нивната ситуација , па одам со ГГ3+.
Тип : ГГ3+ @ 2.10