Па бр.1 се бе најмал коеф имаат според кладилниците

Едно крило фати, една контра и еден пенал, тие другите не беа шутеви, од мртов агол беа...
Абе батали тоа кладилниците, и не е толку веродостојно, гледај ја играта само и на останатите репрезентации и ќе процениш дека две - три репрезентации се пред нив.
Денеска разликата ја направија на катастрофалните грешки на Србите, да им играше некоја по озбилна репрезентација ќе ги видевме како ќе изиграат.
На Алфа сега гледав и јавно побараа да си одат наведениве личности што е можно побрзо и колку толку да се памтат по добро.Можеби покасно на вестите ќе има нешто поопширно.Почна да се прави притисок од сите страни и можеме да очекуваме подобра иднина.
Што по Шпанија? Време ли е за промени во ракометот
Нема многу филозофија, не смееме да влеземе во вакум, ниту во дополнителни конфронтации. Кога веќе не можеме да менуваме во играчкиот состав, тенки сме таму до тој степен, што еден од постоечките играчи не смееме да загубиме, бидејќи резерви немаме, по враќањето и една овде проспиена ноќ, триото водечки, спортски да ја прифати одговорноста, да размислува како и досега, за доброто на македонскиот ракомет и да се повлече.
Прво-Звонко Шундовски: даде колку што можеше, колку што знае, ја заработи нашата почит и сега со едно емотивно писание, без оддолжување, да се прости и зад себе да остави силна екипа, каква што самиот ја направи. Грешките нема да му ги броиме, си знае и самиот, ќе му признаеме и дека го трасира патот за Рио, но големината што ја има треба со оставка да ја презенатира уште утре. Во спротивно се отвора или продолжува дебата во јавноста во која тој ќе гори. Зошто лошо селектираше и не остави со едно лево крило, зошто дозволи бековите да му паднат во форма-до непрепознатливост, зошто не ги скауираше противниците, па ние по дифолт до десеттата минута веќе имавме загубено, зошто немаше имагинација и сенс во клучни моменти, зашто не знаеше што да соопши на тајм аутите и така натаму.
Со него во пакет задолжително одат и претседателот на РФМ Михајло Михајовски и генералниот секретар Марјан Начевски. И за нив едно големо благодарам за се што вложија, за се што сторија, но факт е дека се исцрпија. И ним резултатот им пресудува, а не се, и смеат да бидат амнестирани од постигнувањето што не не задоволи. Впрочем истите ги исфрлаат на површина пропусти што беа направени во сите делови. Михајло и Маки со трудот, со етаблирањето во светскиот ракометен крем си обезбедија место во нашата спортска историја, но за нас, за доброто, за иднината, од денеска се само тоа. Ако има ред, ако постои доблест, самите ќе иницираат примопредавање, па нека значи тоа и место Минчо, Чокре, Лино, за големите ривали од Автокоманда. Разликата со Шундовски е што за работата на претседателот и генералниот во РФМ ќе мора да има сериозна дискусија, а богами и детална сметководствена анализа.