Светско првенство за мажи - Шпанија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Текстов е класичен пример кога човек сака да се направи упатен во одредено поле,а испаѓа смешен.

За младите до негде се сложувам,ама има играчи од Пелистер и Металург јуниор кои би можеле да значат нешто за нас во иднина.


П.С. Кое подмладување го сакаме кога братчињата мора да играат. Тоа е.
 
Можеби не баравме медал,ама после она 5то место ги кренавме(нереално) амбициите до небо....
Олимискиот турнир во Шведска не врати во суровата реалност,дека не сме велесила,осцилациите во баржот со Австрија,на мечот со Швајцарија,и поразот со Португалија навестуваа дека нема да се прославиме на СП...
Реално толку ни е силта,веќе не прочитаа сите...
Не се добива осминафинален меч само со еден играчи истите old school финти со тело на Мојсо и Миркуловски...макар тоа било против една Германија,која нема веќе супер звезди во својот ростер....
Прочитани сме како буквар...
П.С.
Класичен доказ за ова се Србите,
Шпанците ги испердашија во првото полувреме....доказ колку резултатите од ЕП во Србија не се меродавни за еден константен квалитет,туку беа пред се заради домашен терен...(и Србите,па и ние кои бевме бодрени од 5000 луѓе)....
 
Станиќ најдобар голман на светсково ама одбраната на Србија е швајцарско сирење.Брани и по 2 пати по ред Станиќ и пак ја земаат шпанците топката.Шпанија негде околу 6-7 гола даде од контра и тоа чисти украдени топки не како нас со пробивања.:facepalm:
 
Текстов е класичен пример кога човек сака да се направи упатен во одредено поле,а испаѓа смешен.

За младите до негде се сложувам,ама има играчи од Пелистер и Металург јуниор кои би можеле да значат нешто за нас во иднина.


П.С. Кое подмладување го сакаме кога братчињата мора да играат. Тоа е.
брат, нема подмладување дури оваа гарнитура е на чело на рфм. михајлоски во сите овие години само го растура ракометот, не прави ништо. камо младински репрезентации до 21 и до 19 години, камо репрезентации до 17 и 15 години? нема. е па то е.
 
Па бр.1 се бе најмал коеф имаат според кладилниците:tapp: Едно крило фати, една контра и еден пенал, тие другите не беа шутеви, од мртов агол беа...
Абе батали тоа кладилниците, и не е толку веродостојно, гледај ја играта само и на останатите репрезентации и ќе процениш дека две - три репрезентации се пред нив.
Денеска разликата ја направија на катастрофалните грешки на Србите, да им играше некоја по озбилна репрезентација ќе ги видевме како ќе изиграат.

На Алфа сега гледав и јавно побараа да си одат наведениве личности што е можно побрзо и колку толку да се памтат по добро.Можеби покасно на вестите ќе има нешто поопширно.Почна да се прави притисок од сите страни и можеме да очекуваме подобра иднина.:)
Што по Шпанија? Време ли е за промени во ракометот

Нема многу филозофија, не смееме да влеземе во вакум, ниту во дополнителни конфронтации. Кога веќе не можеме да менуваме во играчкиот состав, тенки сме таму до тој степен, што еден од постоечките играчи не смееме да загубиме, бидејќи резерви немаме, по враќањето и една овде проспиена ноќ, триото водечки, спортски да ја прифати одговорноста, да размислува како и досега, за доброто на македонскиот ракомет и да се повлече.
Прво-Звонко Шундовски: даде колку што можеше, колку што знае, ја заработи нашата почит и сега со едно емотивно писание, без оддолжување, да се прости и зад себе да остави силна екипа, каква што самиот ја направи. Грешките нема да му ги броиме, си знае и самиот, ќе му признаеме и дека го трасира патот за Рио, но големината што ја има треба со оставка да ја презенатира уште утре. Во спротивно се отвора или продолжува дебата во јавноста во која тој ќе гори. Зошто лошо селектираше и не остави со едно лево крило, зошто дозволи бековите да му паднат во форма-до непрепознатливост, зошто не ги скауираше противниците, па ние по дифолт до десеттата минута веќе имавме загубено, зошто немаше имагинација и сенс во клучни моменти, зашто не знаеше што да соопши на тајм аутите и така натаму.
Со него во пакет задолжително одат и претседателот на РФМ Михајло Михајовски и генералниот секретар Марјан Начевски. И за нив едно големо благодарам за се што вложија, за се што сторија, но факт е дека се исцрпија. И ним резултатот им пресудува, а не се, и смеат да бидат амнестирани од постигнувањето што не не задоволи. Впрочем истите ги исфрлаат на површина пропусти што беа направени во сите делови. Михајло и Маки со трудот, со етаблирањето во светскиот ракометен крем си обезбедија место во нашата спортска историја, но за нас, за доброто, за иднината, од денеска се само тоа. Ако има ред, ако постои доблест, самите ќе иницираат примопредавање, па нека значи тоа и место Минчо, Чокре, Лино, за големите ривали од Автокоманда. Разликата со Шундовски е што за работата на претседателот и генералниот во РФМ ќе мора да има сериозна дискусија, а богами и детална сметководствена анализа.
 
Шпанија бр.1 фаворит ? Не ме заебавај.
Станиќ имаше најмалце 7 одбрани, 2-3 топки фати само на контрите на Шпанците.
Spanija se favorit br na svetskovo i spored kladilnici i spored igra i + domasen teren sleduvaat Francija, pa Danska
 
Пуштете на Сител 3 анализи ќе има за нашата "игра".

Магнинчев:"Не правевме доволно ФИНТИ" :D
 
Не дека Шпанија сега ја демолира Србија, уште на почетокот на другарите и татко ми им зборев дека Шпанија ќе биде шампион, да играме на Шпанија шампион и ќе биде, ќе видите :D
 
Гледате ли емисија од студио на Сител 3, Ристо Магдинчев е гостин, го скина Шундо како бр.1 виновник.
 
eee што убаво кажа Магдинчев,на Миркуловски не му се игра во репрезентација зошто треба да му е резерва на она шуглено Филип Лазаров. З.Мојсовски отиде на екскурзија,Димовски исто.

Еве го и Трифун одлчино кажа за Шундо и Червар.

И Алфа прееска ги изгоре,и Сител 3 денес,фала курци се разбудија медиумите,малку притисок да направат !
 
Мене лично со ништо не ме импресионира Шпанија до сега освен со супер подвижната одбрана.

Овој Македа е животиња упм, Агинагалде уште побетер. Но сепак немаат некој индивидуалец кој отскокнува од другите, освен Агинагалде но тој неможе многу да стори ако другите не му овозможат.

Затоа се доста компактни како тим, има неколку играчи кои имаат поделен учинок во нападот, речиси секој знае да изненади со шут, крилата им се добри. Сепак против добро организирана селекција, Хрватска, не брилјираа. Ќе видиме како ќе биде со Швабиве, мислам дека нема лесно да поминат.

Реално денеска тепаа со голема помош од Србите. Овие ко Македонија да ја гледав. Жива катастрофа, мизерија. Имаа преку 20 изгубени топки на крај, и 10 помалку упатени шутеви кон голот од Шпанија. Плус и 5-6 од овие упатените завршија у заштитната мрежа позади.

Станиќ имаше солиден процент, иако за него тоа е подпросечно, сепак се знаеше дека не може вечно на неговите 17+ одбрани да се вадат. Гајич имаше 0/7 ако видов добро. :icon_lol:

Словенија против Египет првото полувреме го добиле со 19-11, за после пред крај видов дека и на три им намали Египет, сепак победа од 31-26 на крај. Мило ми е за нив и сакам да ги плеснат и Русите.

Од останативе очекувам Хрватска рутинирано да помине, и можеби во најнеизвесното на хартија четврт финале, Унгарија, барем, во најмала рака (конечно) да издржи цел натпревар на ниво. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom