Светско првенство за мажи - Шпанија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Голманов од Тунис 2 седмерци + контра одбрани до сега и уште 2 одбрани од подалеку.:)Тунис е доста силна репрезентација мора да се признае.
 
Добри се Тунижаниве.
Подобро нив да ги избегнеме него ли Германците.
 
Добри се Тунижаниве.
Подобро нив да ги избегнеме него ли Германците.
Нема голема разлика, Германците би имале поддршка од судиите, и секогаш сме губеле од нив. И тие и Тунис се груби во одбрана, посебно тој Рогиш животното. Само Франција да се избегне и имаме шанси. Французите темпираат форма, според мене тие се најголеми фаворити за злато. Вистинското лице ќе им го видиме во нокаут фазата.
 
Добро бе ќе се најде ли некој од нашиве да им каже на организаториве да ја исечат химнава на прва строфа или вака ќе биде до крај на првенството.
 
покажаа,без разлика на изненадувањето вчера со Црна Гора(ако е точно дека Црногорците сами си ја наместиле,односно дел од нивните играчи уплаќале против сопствената репка,не ме чуди ништо,гадни мафијаши се Црногорците)....

Нека не те чуди и ако нашите ја наместиле утакмицата со Чиле..
Некако многу лабаво играа и буквално им се прошетуваа низ одбраната за голманите воопшто да не коментирам посебно за вториот Митревски, плус Манасков дава изјава дека било договорено да се штедат на вчерашниот натпревар што значи не очекувале ни самите дека ќе ја надминат границата 12.5 а којзнае и колку пари ставиле лично они дека нема да ја надминат. Додека денеска најавуваат дека ќе се поправеле и ќе тепале (логично е да надминат хендикеп) а еве и во Велес масовно се оди на уплата за Македонија со хендикеп, се шушкаше и предходно ама еве и во кладилница пред мене еден човек сакаше да стави 2000 евра на Македонија ама незнам дали му дозволија.. обично на поголеми суми се јавуваат кај надреден нив да прашаат.
 
Црна Гора - Франција 12-23 моментално, пренос има на РТЦГ, 12 минути Црнгогорците немаа постигнато гол.
 
Црна Гора - Франција 12-23 моментално, пренос има на РТЦГ, 12 минути Црнгогорците немаа постигнато гол.
Џабе им земаа место на Швеѓаните... Инаку овој Ландин, многу ѕвер голман е, освен лани Лазаров коа го отвори као паштета. Плус не се прчи ко петел на буниште као Борко по секоја одбранета топка.
 
Карабу ги исфрустрира Црногорците, не можат гол да му дадат, 6/8 одбрани има, само во второ брани, и вие ќе зборите денеска Борко бил ѕвер.

И само на средбите во Севиља бе толку е празна салата?
Глеам на овој дуел баш има народ .
 
Извинете за оф топиков, еден тренер во ракомет може да повика 3 тајмаути во цел натпревар без разлика кое полувреме е?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom