Светско првенство за мажи - Шпанија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Абе само Црна Гора да ја видите како игра против Аргентина :pos:...па ние за нив сме Франција бе :LOL:
 
Ако Борко не се разбрани против Исланд и Русија со + 15 одбрани, црно ни се пишува.
 
Јаоооо Црна Горооо..изгубија од Аргентина 28:26 :LOL: па ние сме биле супер!
 
Аргентина ја совлада Шведска на светското во 2011 а го совлада Чиле со 10 разлика.
 
Ејј, браво за Аргентина!!! Иначе последната минута беше супер интересно, кој гледаше...
 
Македонија
- Митревски 4/22 18%
- Ристовски 5/15 33%

Германскиве голмани имаат 41% и 50% а со Бразил играа.
Исландскиот голман 31%
Рускиот голман 36%
Станич 44%
Корејците 13% и 42%
Хрватските голмани и двајцата 50%
Словенците 33% и 44%
Саудиска Арабија 30%

Дефинитивно нема што да се експериментира со Митревски на следните утакмици.
 
Симоне као Наумче се изнапромаши за да на крај со два гола ги реши :pos:
--- надополнето: 12 јануари 2013 во 19:50 ---
Замисли да ни се паднеа гаучосите.
Ќути каква среќа сме имале :LOL:
 
кој колку гола даде на мечот Исланд - Русија да не има линк да ми даде? поточно Палмарсон
 
Ако сакаме да извадиме добар резултат против Исланд или Русија мора да изиграме како во Вараждин против Полска во комбинација со играта против Германија (најсветлите моменти) во Србија.
Страшно машки ракомет изгледав, мевлем за очи. Брз, динамичен, неизвесен, подеми и падови, летаа бомби од и зад 9 метри.

Сигурдсон кај Исланд е елитен снајперист, една контра од 10 промашува исто и пеналите како струја иде напред. Бековската линија им е доста квалитетна и има брз проток на топка и убави проигрувања за крило или пикер.
Одбраната е цврста гранитна со повремени излегувања и делумно чисти фаули а покрај таква одбрана голманот кога ќе влезе во фазон многу тешко ќе ни биде.

Русите иако подмладени доста квалитетна игра покажаа со повремени падови ама после паузата на полувреме и првите 5-10 минути ги стопија Исланѓаниве.
Пикерот им е непогрешлив од 6м кај него или гол или исклучување со пенал, бековите Гобров и Житников се прави разбивачи од 9м без разлика каков блок има.
Голманот им се разбрани ептен а одбраната игра јако цврсто и многу компактно.

Пресериозно ќе треба да се влезе во овие два натпревари зашто секое мало опуштање ќе биде секундарно казнето.
--- надополнето: 12 јануари 2013 во 20:14 ---
Некој линк за да следам катар-данска? Да видам што како играат катар?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom