Светско првенство - Шпанија 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување

Старо/нов Светски владетел?

  • САД без дрим тимот

    Гласови: 37 62,7%
  • Шпанија

    Гласови: 12 20,3%
  • Франција

    Гласови: 3 5,1%
  • Аргентина

    Гласови: 1 1,7%
  • Литванија

    Гласови: 2 3,4%
  • Бразил

    Гласови: 0 0,0%
  • Словенија

    Гласови: 4 6,8%

  • Вкупно гласачи
    59
  • Гласањето е завршено на .
Има ли уште некој што мисли дека Амди Бајрам е стручен коментатор на светсково
 
Таман е полувреме, може Валансиунас на раат да ги промени гаќите. :icon_mrgr:
 
Засега Америте ја добиваат утакмицата во офанзивните скокови и промашените слободни на Литванија (знам дека не играат голема улога, ама мора да ги користат и тие шанси, од 6те промашени можеа бар 3 да погодат). Овој 6кава од Литванциве многу добар испадна, нешто на К му беше името. Супер играше во четвртинава, посебно под кош што ме изненади (не ми изгледа за доста висок). Како и да е, искрено не знам како може Литванија да ја добие утакмицава, освен ако не почнат да погодуваат 3ки во серија...освен ако најдат начин да не им дозволуваат толку втори шанси на Америте.
Харден како игра одбрана, секоја чест. Ја да стоев на негово место, истите потези во одбрана ќе ги правев (горе-доле), а имам тренирано кошарка неколку месеци во мојов живот.
Судииве некако не ми се на ниво, доста грешки направија, и на двата страни иако можеби некоја повеќе во корист на Америте.

Слободно може да исклучиме. :D
 
Последно уредено:
изгледа не му е денот на овие 'поталентирани' европјани.. или за некој други муабет праевте?
 
Лично фан на Блејк сум уште од колеџ и мило ми е шо хејтери се помалку е помалку има едноставно немат аргументи поќе, нема на шо да хејтат поќе освен со коментари од типот на кловн, циркузант, флопер и слично

Еве според Стефан-Коби, Харден бил најслаба 2ка во НБА, негово мислење нема шо да му се мешам, сигурно нема да го наречам кловн. Тој си гледа од негова перспектива, можи нешто различно гледа.
Брат не се прај и ти сеа со сила, знаеш и самиот дека не мислев оти е најслаба двојка, метафорички беше речено тоа. Ми ги знаеш мислењата околу Харден и зошто не го поштувам ко играч. Далеку е од најслаба двојка во НБА, ама и далеку исфорсиран играч е.[DOUBLEPOST=1410467982][/DOUBLEPOST]
:pos:

:facepalm:
Американците ја измислија кошарката,истите и ја доусовршија.ФИБА е таа што прави посебни правила која што ја гуши убавината на играта.Не за џабе НБА е и ќе е светлосни години пред Евролигата.Фала шо ми кажа дека кошарката не се состоела само од забивање,да не ми кажеше немаше да знам.Ако во НБА нема тактики,акции,користење на слабостите на противникот тогаш не знам шо да ти кажам,комотно мојш да се префрлиш на Крикет.Американските тренери се многу подобри од Европските,во НБА има многу повеќе тактики него ли во Европа,го гледаше ли лани финалето помеѓу Хит-Спарс?виде ли какви надмудрување имаше во сите седум меча,на секое се менуваше стартната петорка,се менуваја начините на игра,чуварите и тн.И ти сакаш да ми кажеш дека на некој Евроски меч има повеќе тактика него ли во НБА?Ма ајде ти се молам.И гледам дека често ѓи вреѓате членовите којшто уживаат во забивањата на Грифин и остали.Мене лично најмногу ми се допаѓа играта на Спарс,ама тоа не значи дека не сакам забивања.И ајде сега идиот си ако го сакаш Грифин,не се разбираш во кошарка.Иначе ми кажуваш како кошарката не била спорт со себичење,а омилен играч ти е Коби.И зошто ги игнорираше останатите пасуси,посебно оној поврзан со поразите на Американците или едноставно немаше што да одговориш,па си ја сврте онака како што ти одговара.Гледам дека кога не можете да им аргументирате на Проскрдсдса(како и да е) и на Гарток одма почнувате да ѓи вреѓате,демек дечишта,се палат на забивање и тн.
Не ме разбираш очигледно. Јас не реков дека НБА е ретардирана или дека Блејк е ретардиран или дека тој што го поштува Блејк е ретардиран. Јас само ја бранам европската кошарка која е далеку од ретардирана. Пишав во еден од моите претходни постови, пратам и тоа и тоа, бидејќи ја сакам кошарката ко спорт, а не ко една лига. НБА си има една убавина, Европа сосема друга. Кој тоа рекол дека во НБА нема тактика?? Па Попович сезонава што им направи на Мајами? Ебење у мозок, а тоа не е резултат на улична игра него на тактички замисли и проучување на играта на противникот до најситен детаљ.

Мене лично ме нервираат Америте со некои нивни правила, али небитно е тоа сеа за дискусијава.

Инаку ич немам против ако ти, гарток или некој трет не гледа европска кошарка. Ствар на вкусови е тоа, ама секако не треба да се даваат некои невкусни епитети од типот “ретардирана“ и слично.
 
Последно уредено:
И НБА и Европската кошарка си имаат своја убавина. На некого му се допаѓа едната повеќе, на некого другата, на некого можеби и двете. Само не гледам причина од аргумент „европската кошарка е ретардирана“...ретардирана во однос на? На американската кошарка, чиј систем е сосема поинаков? Не сум баш сигурен колку држи таа споредба, во прв план.
 
изгледа не му е денот на овие 'поталентирани' европјани.. или за некој други муабет праевте?

USA се 50 држави каде живеат 350 милиони народ и сите до една побогати и поадекватни за живот од Литванија која е мало државиче од 3 милиони...свесен си сега шо пишиш?

И Европа како континент цела да се натпреварува и секоја држава да ги има сите можни услови за тренирање и развивање на младите деца, тогаш ќе праевме муабет кој е кој
 
tumblr_nbgqchwGGk1rs5ngxo1_1280.jpg
 
USA се 50 држави каде живеат 350 милиони народ и сите до една побогати и поадекватни за живот од Литванија која е мало државиче од 3 милиони...свесен си сега шо пишиш?

И Европа како континент цела да се натпреварува и секоја држава да ги има сите можни услови за тренирање и развивање на младите деца, тогаш ќе праевме муабет кој е кој
талент нема врска со богатство, економија, инфраструктура и слично срање на државата.. ако има талент и во конго да живее ќе го најдат...

САД доминират на фиба натпреварувања во сите можни категории.. годинава победија во под17 год категорија.. и таму се средношколци и во литванија се средношколци.. нема некоја разлика во секојдневниот животот и тренингот, освен можеби што во литванија е далеку помирно и нема проблеми како што голем број црнци имат во америка.. значи не е така лесно како што мислиш.. не за џабе дурант и леброн во секоја прилика му се заблагодарват на своите мајки за тоа како им овозможиле да го одберат правилниот пат и да не завршат како еден куп црнци
литванија е сепак кошаркарска земја (а и голем број на други европски земји) а во САД кошарката е веројатно трет спорт моментално..

муабетот ти е
'абе остај шо ќе тренирам кошарка џабе ми е, во 2 милиони држава живеам немаме ништо, види ги ѕверој овие од америка кај можам ко нив да бидам леле види ги страв ме фаќа, абе којзнае шо јадат овие, нема шанси истото да го јадиме, абе и земат некој суплементи сигурно.. баш се прашвам шо вежби прат овие, оти мускулите толкави му се.. леле абе македонија е крива теретаните нечинат тука тегојте сигурно поубај во америка се...
абе остај шо ќе станвам математичар во јапонија сигурно сите подобри се од мене..
абе најубо да си останам тука во македонија и да си продолжам да карам кон бранко'
 
Не ме разбираш очигледно шо ти велам..условите во Америка и во Европа за кошарката се небо и земја..неспоредливо е едноставно..тука кај нас зошто да тренирам?..за некој друг што е таткому генерален директор во водовод од Вмро син му негов да го пикнат во МЗТ а јас како сто пати поталентиран и подобар да си останам во Пелистер?.. не бе брат овие работи ги нема во Америка ако си подобар ќе те земат на колеџ каде ќе те плаќаат по 10.000 долари и ќе имаш мотивација и доволно за живот да опстојуваш..а во Европа секоја држава башибозук е,овде ќе те земи некоја екипа и ќе те плаќа по 300 евра каде ќе немаш ни за кирија..ако немаш некој да те пикни џабе ти е...

Разликата е тоа што во Европа имаш различни држави со различен менталитет и многу сиромашни држави каде трудот понекогаш не се исплаќа и немаш иста мотивација и услови да продолжиш да тренираш како што имаат децата во Америка..за талент уверен сум дека Европа во ништо не е полоша ама сепак настапуваат како ралични држави..

Ете на пример нека настапуваат Калифорниа,Охајо,Алабама,Тексас како оделни држави па ќе видиш кој е подобар ..или пак Европа цела нека настапува како континент(сосе Русите ) па ќе прајме муабет кои се подобри
 
Не ме разбравте што сакам да кажам,ама ајде нема врска не сакам да бидам досаден.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nro

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom