- Член од
- 16 мај 2010
- Мислења
- 6.468
- Поени од реакции
- 6.058
Па реално да ги земеме Љафтов и компанија у одбрана тешко дека некој лесно ќе ги пројде, барем на шут тешко а за напад ќе го имаме домашен Кристопанс со тоа топот од рака што го носи со себе нека му ја мислат голманите хахахаВо последниве седум-осум години се прашуваме што по Лазаров и ништо не се презема околу тоа. Епа ете, доаѓа времето што по Лазаров и ние се'уште немаме решение по тоа прашање.
Не може сите да одат напред а ние да го играме истиот ракомет кој го игравме од 2009 година навака.
И малите деца ја знаат нашата тактика за во напад, средниот и левиот бек додаваат до крај на свет (пасивен напад, во позадина крилата трчаат како муви без глави), и потоа му ја даваат топката на Лазаров и тука опцијата е:
1. шут од тешка позиција (45-50% успешност),
2. додавање на пикер (кој е убаво затворен секогаш, 50% шанса за загубена топка),
3. цепелин (околу 20% успешност за реализација),
4. додавање до неспособно крило (45-50% успешност за реализација - споредено со нормални репрезентации каде е околу 80% реализацијата).
Порано се вадевме на просечно-добра одбрана, сега го немаме ни тоа, кога ќе го видам Никола Маркоски со ситниот чекор како девојче ми доаѓа да свртам канал. Вчера одбојкарите да играа ќе дадеа повеќе голови. Не можеш ти во 2021 година да играш ракомет со по три-четири замени одбрана-напад.
Целите ни се убави - пласман на ЕП/СП, проблемот е што не ни чини системот, т.е. нашиот компјутер не може да се носи со 4K резолуција, заглавен е на 720p.
Матичната плоча е истата од 2012 година.
Процесорот (Лазаров) е i7, ама четврта генерација. Уште врши повеќе од добро работа, но веќе сме стигнати на 11-та генерација процесори.
И тука доаѓаат проблемите, претходно имавме 16 гига рам, сега сме на 2 гига.
Порано имавме и графичка картичка, сега фураме на интегрирана.
Порано имавме Kaspersky Internet Security, сега немаме инсталирано антивириус.
Сакаме да возиме Windows 10 со полоши компоненти од времето кога возевме Windows 7, креативноста во Adobe ни е во минус (нормално, толку е рамот).
Кога надоградуваш систем, не го надоградуваш со полоши компонентни.
Ени ги Португалија, сфатија дека не им иде на Intel платформа, се префрлија на AMD Ryzen и растураат.
Забегав малце, но нема назадМое мислење е дека селекторот треба да се повлече од репрезентацијата и да си бара друга занимација.
Луѓето од федерација да му платат 100.000 еур на Парондо да им направи систем за ракометарите од 14 до 22 години или да најдат некој скандинавец на кој ќе му дадат одврзани раце. Системот треба да се фура во младинските школи на Вардар, Пелистер, Металург, Струга...
Да го замолат Лазаров да биде активен како играч уште 3 години.
Да најдат струмичанец кој игра добро ракомет, оти не ја бива репрезентацијата без капитен од Струмица.
Да се молат на Бога да ни помогне, барем два пати неделно.
И ќе заборавев, да го префлат Талески во одбојка, со услов таму да не игра за репрезентацијата.
Зашто ако не го направат тоа, ќе останеме замрзнати на -31, а ние не поднесуваме баш таква температура.
Sent from my SM-A705FN using Tapatalk