- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Светски првак ќе прави мотоакробации во Скопје
Возачот на Ред бул и повеќекратен светски и европски шампион во популарниот стант-рајд, Германецот Кристијан Фајфер, во сабота во Скопје ќе има свое мотошоу. Со својот мотор „бмв Ф800Р“ ќе се обиде да им покаже на сите дека законите на физиката некогаш не важат, а тоа ќе го направи со многубројните акробации и адреналинско возење.
Во импровизирана арена долга 80 метри, а широка 20 метри, шампионот ќе покаже зошто е најдобар на светот. Некогашниот студент по биологија денес може да биде професор по физика, бидејќи тоа што тој го прави може да го објаснат само законите на физиката.
После возењето, Фајфер на посетителите ќе им одржи и неколку бесплатни лекции за тоа како ги изведува своите трикови со мотор.
Германецот Крис своето прво искуство со мотор го имал уште на 5-годишна возраст. Од 1980 до 1992 година аматерски се занимавал со возење трајал-мотори, а од 1993 почнал со промотивни возења.
Неговото професионално работење со моторите почнало во 1996 година. Во 2000 година почнал професионално да со стант-рајд возење мотори и до денес има освоено четири титули светски првак во таа категорија и уште четири титули европски првак.
Пред да почне со стант-рајд, овој спортист на Ред бул возел и офроуд-трки и четири пати бил победник на Ерзберг-трките во Австрија и на Екстрим ендуро рејс-натпреварите.
Покрај сето ова, Крис е рекордер во суперпопуларниот бани хоп, односно скок во далечина со мотор. Тој со својот мотор успеал да прескокне 33 луѓе во лежечка положба и со тоа да се искачи на врвот на рекордерската листа.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=69AFFF0EF5634C4297B19661C97BEB1B
Sakav temata da ja stavam vo nekoja tema za novosti ama nenajdov ...Ako ima takva prefrletea ja...Covekot navistina treba da se vidi vo Germanija e dosta popularen...
Oficijalnata web strana...
http://www.chrispfeiffer.com/