Светот на младите против светот на старите

  • Креатор на темата Креатор на темата здрав4е
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јули 2009
Мислења
217
Поени од реакции
8
Младите не знаат што е старост, а старите забораваат што е младоста.
Хм мн добро кажано ....дали сте се нашле во некоја ситуација во која вашите родители не го разбираат она што им го зборувате и ке кажете дека се старомодни или вака или онака, а дали сте се запрашале дека можеби и тие со во право...искуството и животот ги напраило такви да ни противречам за мн работи за кои ние сеуште не сме свесни за мн работи кои нас наскоро не очекуваат.....и на крајот испага дека е точно.
Што сметате..која треба да биде границата на разбирање и наогање заеднички компромис.Повелете
 
Јас сум немал никакви недоразбирања со моите родители поради тоа. Има разлика од времето во кое тие ја поминале младоста и нашето време но сепак моментално и тие се активни, излегуваат на работа на кафе во кафана... Значи слободно можат да видат што се случува во опкружувањето. Секојдневно не гледаат и нас и се привикнуваат на сите новитети.

Е сега овој проблем може да го имате со бабите и дедовците.
Јас излегувам на вечер во 23 часот и баба ми ми вика каде олку касно сега требаше да се вратиш.
Исто многу ми е интересна кога ќе гледа тв и ќе пушти балканика, планета и ќе искоментира нешто во смисла, види ја ти неа нема срам како се раслекла па на тв излегва...

Постарите имаат нкој такви позастарени сваќања, не се движат многу од дома а разликата од нивната младост до сеа е огромна, зборувам за начинот на живот.
 
да да така е има огромна разлика од тогашниот и денешниот живот .....еве тебе ти е супер те свакаат твојте можеби се помлади и имам 40 тина години како мојте и јас немам проблеми со нив ама има др млади што не можат да го постигнат тоа.....и што со нив?? ....затоа и ја отворив темава ме инспирирасе мудрата мисла што со тие што не се свакаат како да ги надминат проблемите......а и не само за испагање и такви ствари да станува збор тука прашав и што ако тие како поискусни се во право ...што тогаш.... дали ке биде касно кога ке го сватиме тоа и ке ги трпиме последиците....и дали да ги послушаме понекогаш бидејки имаат поминато малку повеке од нас во животот.
 
Јас немам таков проблем и не можам многу да дискутирам на таа тема.
Мислам дека освен сваќањата и карактерот на твоите родители многу зависи и како ќе се посташ ти, каков ќе биде твојот однос кон нив.
Самиот треба да процениш дали можат да ти помогнат, дали треба да бараш или послушаш нивни совет во дадена ситуација.
 
сигурно си повозрасен и немој да се навредиш ниш лошо не кажавме а напротив има и мн паметни млади ама ретки се тие таквите.
 
И ја го имам истиот проблем со моиве. Ние сме ти два света различни ми се чини.
Односот ни е ужас.
А чаре? Е не знам чаре. И ја си ја тупам главата за тоа, ама незнам.
 
Светот на старите против светот на младите... немаме ние некои си права во таа ,,борба,, . Секогаш они се тие правите и се завршува со тоа :toe:
 
Не постојат стари и млади кои се однесуваат како стари и млади и заради тоа да ни пречат. Безразлика во која категорија спаѓаме. Постојат само нетолерантни и прости од една страна и флексибилни и интелигентни луѓе.
Оние кои по секоја цена ќе го држат својот став само затоа што се родени порано се едноставно глупави. Светот се менува од ден во ден, и тоа мора да го прифатат возрасните.
Дали е во ред тоа што се менува, може да дискутираме.
 
Не го држат својот став поради тоа што се порано родени(не дека нема и такви ама...) некои го држат својот став бидејки веруваат дека тоа што го имаат за став е точно.Се менува светот ама не сите промени ни се допаѓаат и на нас младите а камо ли пак на повозрасните,бидејки не сите промени треба да се прифатат.
Еве стави се во улога на родител,ќе му дозволиш на твоето дете да излегува во кафич од 5то одделение или пак да има односи на 14 год. што станува добро познат тренд во изминативе години.Не секогаш се возрасните во право за тоа што го кажуваат,а и кога се во право не знаат да го објаснат нивното мислење и да го направат сватливо и прифатливо за младите па од тука и доаѓаат тие конфликти,најчесто меѓу родителите и децата.
 
Две различни времиња, различни сфаќања, различни верувања.
 
Во принцип возрасните искусиле од животот повеќе од младите (и добро и лошо). Според тоа, тие и би требало почесто да знаат кое е исправно во даден момент, тоа секако се сложувам.

Она кое мене ми е “сомнително“ е тоа што возрасните луѓе не можат да влезат во кожата на младите, на ист начин како што и младите не ја разбираат крутоста на старите. Сепак, сите ние познаваме баба на некој другар која е кул, и другар на другар кој е гик и може да седне на маса со сечија мајка, тетка и стрико и да си праи муабет до миле воље. Тоа е така затоа што некои луѓе иако ретки разбираат дека оние кои не им се врсници размислуваат поинаку иако не мора да го прифатат тоа. Затоа велам едноставно има луѓе кои се глупави и кои не се.

Велиш децата почнуваат со секс на 14, излегуваат во петто оделение, но помисли дека секоја нова генерација ги спушта генерациите. Во времето на баба ти не смееше секс пред брак, во времето на мајка ти дечко пред 18 беше незамисливо. Во мое време секс до 18 е нормално, во твое време да немаш секс до 18 е незамисливо. Границите упорно се спуштаат, не велам дека е тоа добро, но едноставно е една линија која се случува. Да не се согласи некој родител и да рече дека не е така или дека тој не дозволува е крајно глупаво. Никој не може да ги споре децата да прават тоа што наумиле, може само умешно да им објасни дека не треба да го прават тоа бидејќи “бла бла“.
 
хе многу различни мислења имам со моите посебно со татко ми, но колку и да се буни ја пак си терам по свое...
 
Границите упорно се спуштаат, не велам дека е тоа добро, но едноставно е една линија која се случува. Да не се согласи некој родител и да рече дека не е така или дека тој не дозволува е крајно глупаво.
Epa ne e glupavo be druze.
Kako moze da e glupavo da ne se dozvoli nesto sto ne e dobro?!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom