Светиот Грал

  • Креатор на темата Креатор на темата DonJas
  • Време на започнување Време на започнување
Дрвен пехар од кој Исус пиел на последната вечера кој има сега наводно некаква моќ, се што знам за него.

Сепак глуп мит, според мене. Интересен ваљда за Холивуд.
 
Колега KeleS ќе може подетално да го објасните вашиот последен пост во врска со тоа дека Св.Елена можно е да ги имала клинците од распнувањето на Исус Христос.
 
Мистеријата за светиот грал не е решена сеуште , се претпоставува дека е пехар со крвта на Исус или главата на Исус ..........

Главата на Исус ???

-Ова богами прв пат слушам,нема врска ова што го збориш...:uvo::uvo:
 
Изворите на легендата на Светиот грал не с епознати, па е возможно да достигнат до длабочината на Келтските легенди за садовите со крв, кои дваат живот.Првиот , а воедни и најдолгиот напишан текст за Светиот Грал е средновековниот еп Парсифал на авторот Кретејн да Троа, кој живеел во 12 век.
Во таа како и другите легенди од тоа време, точната индетификација на гралот се разликува. Станува збор за прексрасен сад, украсен с сапоцени камења, кој може да прими неограничени количини храна и пијалак, сад од кој исус и апостолите на славата го јаделе пасхалното јагне, пехарот со кој се служел Исус на последната вечер, односно садот од кој јосип ја собрал Христовата крв што течела од неговото тело на крстот.
Во легендите гралот често е зштитуван од некоја жена, додека неговото постоење е повод за бројни потраги. Легендата за гралот е смеса од фолкор и верска митологија. Иако на светот има повеке садови за кои се тврди дека се светиот грал- во смисол на Исусовиот пехар од Последната вечера( на Да Винчи)- Црквата никогаш службено не го вклучила гралот во своето предание.
Поради улогата на женатаво заштитата на гралот, како и поради случаите во кои гралот на себе носи слика од дете, тој, секако има цврста симболикаво врска со рагањето ан децатаи давањето живот. Мегутоа, не постои ниедно познато предание, во кое гралот би го изедначиле со симболиката на ’’загубената божица’’ Марија Магдалена...Случајот со марија Магдалена го Тврди Браун, односно со Исусовата лоза( од авторите на Света крв, свет грал). Поголем број од стручните лица таа слика ја употребувале во христјанското опкружување, ја сфакаат како алузија на девицата АМрија АМгдаленна бидејки побожноста кон неа се проширила на почќетокот на средниот век.
А, што се случува со оној силно возбудлив момент на крајот на 58 поглавје( Кодот на Да Винчи) кога Тибинг го разложува францускиот збор Sangreal? Тој, всушност, тврди дека класичната етимологија го разложува San greal, одсносно Свет Грал, но да погледнеме што ке се случи ако зборот го разложиме како Sang real-тоа значи кралска крв! Ете ни го доказот!
Ако провериме во Католичката енциклопедија објасева во 1914 на таа тема ке видиме:
’’Објаснувањето на зборовите "San greal" како "SAng real’’ се појавило дури кон крајот на средниот век’’.
Кралска крв во кругот на традиционалните приказни за гралот, секако, се однесува на крвта христова. Таквото разложување на овие зборови не претставувала особена новост ни во 1914 год, ниту на крајот на средниот век, па така не претставува ни сега.
:smir:

Само да разјасниме, за да не дојде до забуни...:smir:
Оригиналното дело „Perceval, the Story of the Grail“ (Од француски: "Perceval,le Conte de Graal") е напишано од страна на Chrétien de Troyes. Делото е напишано помеѓу 1181 и 1191 год. Подоцна, во Германија се појавила првата верзија за Светиот Грал, инспирирана од делото на де Троа - Парцифал, приказната за Светиот Грал. Германската верзија ја напишал Волфрам фон Ешенбах (Wolfram von Eschenbach) и се смета за едно од најголемите епски дела во Германија.
П.С. Го имам делото Парцифал (Parzival) само забутано ми е некаде помеѓу материјалите за книжевност, ако го најдам ќе напишам нешто подетално за ова дело, поточно како е претставен Светиот Грал во Працифал...
Поздрав
 
Колега KeleS ќе може подетално да го објасните вашиот последен пост во врска со тоа дека Св.Елена можно е да ги имала клинците од распнувањето на Исус Христос.

Што точно треба да објаснам не сваќам .
Приказната оди дека Горе наведената била на аџилак во ерусалем и дошла визиа за Исус и користејка ја силата која визиата и ја дала ( се мисли не на силата на визиата туку на копјата ,мечовите на римската армиа . сепак син и бил император на светот ) Нашла делови од вистинскиот крст ( крстот на кој бил распранат Јешуа Назарјанинот ) , заедно со клинците ( се извинувам за изразот али така му е името и стварно не се трудам никој да навредам) , Чашата од која горенаведениот пиел на последната вечера ( црквата на тој објект , и на Пехарот на Јосиф во кој била собрана крвта , Се обраќа не со зборот Грал туку со зборот Calice , на кое англиски еквивалент е Chalice , па од таму и јас викам чаша или пехар .)
Е сега кога се вратила Св Елена , побарала од мајстори да стават еден од клинците во оклопот на Константин , еден во круната и еден да додадат на копјето на логивиус ( д спир оф дестини)И така спремените предмети му ги дала на Константина за бог да го пази .
Ако се чуди некој зошто се само 3 нека се сети како игледа распетието и ке му текни дека низ двете стапала еден клин .

Е сега тој од оклопот мислам дека завршува во Рим ама неможам да кажам кај е точно сега пошто има конфликтирачки искази , тој кој е во круната е ставен во темелите на сегашна Аја Софиа , А последниот е наводно сеуште прицврстен за копјето ( да знам дека то во виена е од 9 ти век , ама наводно постои вистинско . Забавно е што со продолжени датирања на елементите од тоа копје во Виена докажаа дека клинецот во него е од периодот 1 в пне - 1 в од оваа ера .)
Записки за то има од мал милион современици на Константин . Само што пак ке речам прашање е дали биле автентични самите предмети .
 
Благодарам колега KeleS сега многу ми е појасно во врска со сето ова што го прикажавте подетално.
Поздрав!
 
...сето тоа асоцира на е една огрома невистина плетена со векови .

приказната за светиот грал и тоа дека Исус имал жена,деца се огромни лаги. Приказни за мали деца. Сите тие организации- слободни артисти кои демек се борат за правда,човекови права и бла бла е една обична борба за моќ или поточно- зло.

Токму така тоа е една чиста измислица повод да се тргне во крстоносна војна, да се исколе толку народ во име на гралот и Бог па какви се тие верници. Дали Исус и Бог сакаат такво клање. Мистификацијата води кон страв, целта е да се држи народот во страв. Не тресете зелени и не верувајте во се што ќе излезе на ТВ. Еврејската пропаганда Кодот на Да Винчи е да се омаловажи божественото и светото во Исус. Целта беше вербата кај христијаните да се раздрма малце да се стави на стаклени нозе и ништо повеќе, раздели па владеј.
Тука нема ништо нејасно.

Вистинското христијанство не бара да веруваме во предмети и истите да ги обожуваме и да правиме незнам какви ритуали.Христијанството бара верување со чисто срце и мисла. Ако јас верувам во Бог и неговото постоење тогаш тоа е безусловно мене не ми требаат докази за гралови и т.н. Да Винчи е пред се иноватор, уметник кој си ја замислил тајната вечера и истата ја насликал онака како ја замислил. И сега што е мистичното во сликата.
 
Вистинското христијанство не бара да веруваме во предмети и истите да ги обожуваме и да правиме незнам какви ритуали.Христијанството бара верување со чисто срце и мисла. Ако јас верувам во Бог и неговото постоење тогаш тоа е безусловно мене не ми требаат докази за гралови и т.н. Да Винчи е пред се иноватор, уметник кој си ја замислил тајната вечера и истата ја насликал онака како ја замислил. И сега што е мистичното во сликата.
Да Винчи во романот служи само за да го направи поинтересен. Во Романот само има тропано лаги. И за Сионски Приорат Браун тврди дека е многу постар одколку што е. Сионаскиот приорат есоздадена кон средината на 50-тите години на 20 век. А тогаш Дали бил жив ИГро, Леонардо, Њутн?. Сионскиот Приорат ја основал Плантар кој тврдел дека тој е францускиот престолонаследник од лозата Меровинг, тогаш ја основал групата ’’ Синонски Приорат’’, а во француската библиотека и архиви подметнал лажни документиза нејзината традиција и го проширил митот за ’’ Исусовата кралска лоза’’.
Плантаровата измама е разоткриена во низа француски книги и во документарецот на Би-Би-Си од 1996 година, но чудно , таа низа зачудувачки откритија не постигн толкава популарност колку измислицата изнесена во книгата Света крв, свет грал, односно, Кодот на Да Винчи.
 
Мистеријата за светиот грал не е решена сеуште , се претпоставува дека е пехар со крвта на Исус или главата на Исус ..........


Главата на Исус??? Дај појасни малку...
 
Главата на Исус??? Дај појасни малку...

Тоа се неколку верзии , за тоа што всушност преставува светиот грал , една од тие претпоставки или верувања е дека тоа е пехарот што Исус на тајната вечер пие вино , друга верзија дека во тој пехар имало крв од Исус и имала посебни моќи да исцелуваш и заради тоа многу луѓе се по потрага по него , и трета дека е костурката глава на Исус , која во нејзе веруваат сатанистите , е сега кој е точна незнам .
 
Леле, леле дете Фигаро, стварно си дете, не ми се верува што порочитав, дај те луѓе соземете се малце. Прво како можете да верувате во овие срања.(До душа ако си тинејџер е ок , нормално е да размислувате на овој начин и да ве интересираат овие глупости, барате и сите сме барале одговори на некои мистериозни нешта божем се мистериозни.

Луѓе Исус како и секој евреин си го почитувал празникот Пасха (еврејски празник) и тој со своите апостоли се собрале да вечераат бесквасен леб и вино.Е сега на оваа вечера всушност паѓа заветот помеѓу Исус и апостолите тоа е Новиот Завет и истата вечер се случува неговото предавство и др. си знаете.На вечерата морале да пијат од чаши тогаш биле дрвени и Исус си пиел од таква чаша. Како може да и се придава моќ на чашата, според тоа се што тој допрел ние треба да го обожуваме и да му придаваме моќ.
Е сега за дека гралот бил полн со крвта на Исус и имало исцелителска моќ па незнам која крв до сега ќе се згрудчеше или оваа седи незгрудчена.
А за ова третово несакам ни да дискутирам -Тешка глупост.
 
Секој нека си напише што чул и во што верува ..
Јас прв пат ја чув таа верзија дека светиот грал бил главата на Исус..
Добро е да се прочита различно мислање ..
 
Како може да и се придава моќ на чашата, според тоа се што тој допрел ние треба да го обожуваме и да му придаваме моќ.
Е сега за дека гралот бил полн со крвта на Исус и имало исцелителска моќ па незнам која крв до сега ќе се згрудчеше или оваа седи незгрудчена.
А за ова третово несакам ни да дискутирам -Тешка глупост.
Комерцијализација на се што може да се продаде на народ. Од книги, документарци, играни филмови...милиони се во прашање. Само колку примероци има Кодот на Да Винчи. Врз основа на фантазија на некој писател.
 
Комерцијализација на се што може да се продаде на народ. Од книги, документарци, играни филмови...милиони се во прашање. Само колку примероци има Кодот на Да Винчи. Врз основа на фантазија на некој писател.

Ама ај објасни им на децава неможе тоа е мистерија. Крстоносните војни се направени во име на тој грал а уствари целта било војна и пљачкање народи.Од кај сега овие Евро држави имаат јака економија од пљачки, и експлоатација на послабите држави или царства. И уште прават пари на тие мистерии, што викаш си прават филмчиња, книги се штанцаат, сувенирчиња се продаваат...
 
Добро, ова е за некого некоја надеж, но во сето тоа да се споменува за главата на Исус...не е во ред.
Но за она со чашата, можеби како и за копјето со кој бил прободен од центурионот на крстот, а го барале многумина вклучително и Хитлер. Има нешто што влева надеж, слично на осветена вода од свештеник што има повеќекратно значење. Но истовремено други вршат злоупотреба и тоа го мистифицираат до степен на вулгарност, а со цел да се заработи што повеќе.

Сепак...сепак можеби има нешто барем останато од периодот на живеењето на Исус во човечко тело на земјата, а можеби постои и некој негов предмет.
Ја барем така ја подразбирам потрагата по таа (ако постои) или слична света реликвија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom