Сведоштва за постоење на Бог

  • Креатор на темата Креатор на темата trilobite
  • Време на започнување Време на започнување
T

trilobite

Гостин
Уште на почеток да информирам дека терминот ''сведоштво" од насловот по потреба ќе го заменам со"објава" заради поточна формулација.

Индиректни објави за постоењето на Бог

-Космолошки сведоштва
-Антрополошки сведоштва
-Лични сведоштва

Космолошки сведоштва
а)Заклучоци од Законот за каузалност
Нема последица(појава,ефект)без причина(Nullus effectus sine causa)
Пример:
Причина за моето постоење се моите родители.
Причина за нивното постоење се нивните родители,итн.
Причина за постоењето на дрвена маса е некое исечено дрво.
Причина за тоа дрво е некоја семка.
Причина за таа семка е некое претходно дрво,па пак некоја семка претходно итд...
Тука се доаѓа до една прапричина(првапричина) за постоење на се друго,освен на првопричината,која мора да биде независна од сите творби,надвор од нив и над нив.

Христијаните да речеме веруваат дека прапричината за постоњето на се друго е Бог,контра на атеистите и еволуционистите кои веруваат дека прапричината е материјата.
Е сега,кој е у право?Дали може материјата да биде прапричина?
Немет шанси. Еве зошто не може:
б)Заклучоци од Контингентноста(условеност на постоење) на материјата и на Вселената
Контингентни со оние нешта кои не се самобитни,т.е. причината за нивното постоење не е во самите нив,туку надвор од нив.
Типични својства на контингентност се:
1.Променливост
Ако некоја творба се менува,таа нема внатрешна самобитност.
Материјата се менува(panta rei,нели, се се менува);значи
материјата не може да биде вечна,нит самобитна;таа е контингентна
2.Временост
Кога нешто постои во даден облик,форма или вид само определено време тоа се одликува со временост.Просто к'o пасуљ
Секој конкретен облик и вид на материја е привремен.Бидејќи материјата не постои континуирано во еден ист облик,туку се менува,она се одликува со временост,а не со вечност.Тоа важи и за целата Вселена.Затоа таа ниту била,нит ќе биде вечна,самобитна.
3.Конечност,ограниченост
Се што постои во одредена големина,а би можело да биде и поголемо,е конечно и ограничено.Секој вид и облик на материја е баш таков:конечен и ограничен.
Ако секој дел од материјата е таков,тогаш и целината е таква(целината не може да биде поголема од збирот на деловите)
Значи целата вселена,вкупниот материјален свет е контингентен,а не самобитен.Од временски,а не од вечен карактер.Ограничен,а не вечен и бесконечен.Таква е и материјата.

Да се тврди на пример дека целиот материјален свет постои без да имало прапричина,онака случајно, е како да се тврди дека, пример,
100 фотокопии на некој документ можеле да настанат без да постои оригинал!
Уште 1 пример:Вагонот кај еден воз се движи затоа што го влече претходниот вагон,итн, но на крајот уствари локомотивата е таа што е причина за движењето на сите вагони и смо таа ја има движечката енергија кај себе.
Јасно е дека и бесконечна низа на контингентни творби не може да ја одигра улогата на првична причина за нејзиното постоење,а таа прапричина да не биде контингентна.
Такво својство по дефиниција моѓе да има само вечниот,непроменливиот и самобитен Бог.



Според II термодинамички закон се предвидува топлотна смрт на Вселената.А се што има свој крај,морало да има и почеток(обратното не мора да важи:можно е да се замисли нешто што имало свој почеток,а да нема крај)
Но ако нештото има свој крај,тоа апсолутно значи дека морало да има и почеток на своето настанување.
Затоа,Вселената(а тоа значи и материјата)морала да има свој почеток,настанок.А Тој што го предизвикал нејзиното настанување не може да биде контингентен,т.е Тој е апсолутната прапричина која е самобитна.
Понатаму од истиот II термод. закон произлегува дека целата вселена се движи од поголем во помал ред,од подобра кон полоша организираност,од поголема енергија со која може да се извршува некоја работа, кон помала итн.
Вселената се троши(нашето сонце троши 4 милиони тони маса секоја секунда,и ќе има гориво уште за 5 милиони години според некои рачуници;ротацијата на планетите и нивните сателити станува се побавна,жешките ѕвезди,па и цели галаксии согоруваат,итн.)

Од ова ,логични заклучоци се два:
-Вселената не можела да постои вечно,инаку до сега ќе согорела
-Штом Вселената денес е помалку организирана(со помал ред,а поголема ентропија)тоа значи дека во минатото била поорганизирана и со помала(0)? ентропија,односно морала да има високо организиран ред на својот почеток.
Баш така произлегува и од Библискиот извештај!(! Мојсеј 1:31).


в)Заклучоци од дизајнот и закнитостите
Ако некој од нас згазне на камче,можда ќе си помисли дека камчето си постои такво од памтивек,но ако нагази на рачен саат,нема човек кој што ќе помисли дека саатот настанал со самоорганизирање на материјалите од земјата и сам се наштимувал да отчукува секоја секунда итн.
Зошто размислуваме така?Зошто е можно да мислиме дека природата се создала самата себе,а успат и се самоорганизирала и дизајнирала,а да не мислиме така за саатот??Во што е разликата?
Очигледно,високиот степен на дизајн и функционалност на часовникот не води само до еден правилен заклучок:дека часовникот бил создаден од интелигентен ум и мајстор.
Слободно можеме да заклучиме дека целиот космос е како една гигантска машина,составена од еден куп помали машини,и сите тие се интелигентно дизајнирани и наштимувани за да дејствуваат хармонично.

Со право можеме да заклучиме дека кај што има дизајн,мора да има дизајнер,каде што има закони,мора да постои законодател,кај што постои живот,мора да постои животодавец итн.
Сето тоа води кон концептот за постоењето на Бог.

Антрополошко-Психолошки сведоштва

Заклучоци од самоанализирањето на човекот
1)Високата организација во човековото тело,психа и ум,
Сведочат за Творец кој знаел како да го создаде сето тоа и интелигентно го водел целиот тој процес (Псалм 139:14)
2)Логичко сведоштво:
a)Во нашиот ум постои мисла за постоење на вечно,со ништо ограничено суштество-Бог.
б)Ние,како конечни и ограничени суштества не можеме да бидеме причината за таквата мисла(последицата не може да биде поголема од причината)
в)Таа мисла ни е вградена од самото вечно и неограничено суштество-Бог.
3)Мислата за постоењето на Бог е вградена во човековиот ум,
Затоа што тој е создаден според Божјо подобие,образец,лик.
Најновите статистики на светско ново покажуваат дека за атеисти изјаснуваат само 4% од популацијата,плус 12% ”нерелигиозни”.
Toа само докажува дека мислата за постоењето на Бог и вечноста е стварно вградена во човечкиот ум,психа и дух.
4)Вградени морални и етички норми
Колку и да се релативизира,кај секој човек постојат вградени нормативи за општ морал и етика,чесност и справедливост.
Со самата способност да размислуваме за добро и зло и да го одбегнуваме злото,признаваме дека во нас постои вграден морален закон.Законот мора
Да има законодавец како причина на моралниот закон во нас,кој е последица.
Уствари,тој закон е толку јако вграден во нас,што ние не можеме да се ослободиме од него!Тоа докажува дека е надмоќен законодателот и ние не можеме да му парираме!Тоа може да биде само Бог.Е, таков Бог ни се објавува во Библијата
5)Чувството на вина
Секој човек има вградена способност да чувствува вина,грижа на совест и сл.
Таквото чувство не може да настане со самоорганизирање на атомите и молекулите од пука случајност!
Тоа мора да е вградено од морално битие,а погаѓате,тоа е Бог.
6)Прашања за смислата на животот и постоењето
Факт е дека секој човек,порано или покасно си поставува прашања од типот:
Која е смислата и целта на постоењето?(не само во адолесцентско доба!)
Имаме ли морална одговорност пред некој за тоа,како ќе го живееме животот?
Самата внатрешна иницијатива да размислуваме за овие прашања мора да ни е вградена од Создателот,иначе такви мисли уопште не би ни се јавувале.

Лични сведоштва
Сведоштва на изменети луѓе
И во минатото и во сегашноста,има голем број(милиони!) луѓе кои сведочат за големи промени во нивните животи,откако се приклониле кон библискиот Господ и Неговите нормативи.Сите такви сведочат за натприродна позитивна сила која ги вратила на колосекот на вистината и спокојството.
Понатаму, многу Христијани можат да посведочат за услишени молитви,кои на свој начин упатуваат кон заклучокот дека Бог постои и одговара на молитвите кои се според Неговата воља.

Мене лично најубедливи докази за постоењето на Бог ми се природните науки и личните сведоштва.Секако, тие не беа пресуден фактор јас да поверувам дека постои Бог.
 
/me го чита постот на Гаго

/ме превртува со очите


:pishtoldz Со право можеме да заклучиме дека кај што има дизајн,мора да има дизајнер,каде што има закони,мора да постои законодател,кај што постои живот,мора да постои животодавец итн.
Сето тоа води кон концептот за постоењето на Бог. :pishtoldz

Аплауз за постов. Неможам да ти дадам репутација ама баш ми беше ќејф да го читам. Не сум бил једини на форумов :cug:

Мое мислење, луѓето одбиваат да веруваат во божество, бидејќи не поднесуваат авторитет. Мислат дека се almighty и можат да бидат во контрола со природата околу себе. Заради истата причина пропадна и комунизмот. Сакам да ги прашам самопрогласените атеисти. Кога некогаш ептен ви било тешко, ептен сте биле во шит ситуација, ама баш НИКАД не сте се помолиле, онака, n00b-ерски на некакво божество? А пред да ме нападнете, Господ не помага на мрзеливите, факт.
 
G e G o напиша:
:lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud:
Зашто? Не го разбравте човекот шо сакаше да каже??? Трилобајт, постот ти е за секоја пофалба! Дури можам да кажам дека е еден од најубавите што сум го прочитал на форумот. Штета што многу малку луѓе можат да го разберат тоа што сакаш да им го кажеш. Да се молиме дека еден ден ќе го сфатат тоа... Секоја чест! Чекам продолжение!
 
”Она што може да се знае за Бог тие го знаат, зашто Бог тоа јасно им го покажа. Онашто е кај Бог невидливо, Неговата вечна моќ и божествена природа, може јасно да се cогледа преку создавањето на светот и да се разбере преку се што е создадено. Затоа за безбожните нема оправдување.”, Посл. до Рим. 1:19,20.
”Кренете ги очите кон небото горе, гледаjте, и ќе видите кој ги создал ѕвездите!”,Исаија 40:26.
”Небесата ја раскажуваат Божјата слава и Просторот го објавува делото на Неговите раце...”, Псалм 18:1.
”Но запрашај ги животните и тие ќе те научат, и птиците на небото, и тие ќе ти
кажат; или, растенијата на земјата, и тие ќе те поучат, и рибите во морето ќе ти кажат. Сите знаат дека Бог ги создал”, Книга
за Јов 12:7-9.
БИБЛИЈАТА ГО ОБЈАВУВА БОГ
Библијата, која што уште се нарекува и Божји Збор и Свето Писмо, претставува втор извор на информации за постоењето на Бог. Библиските информации изобилуваат со голем број историски,археолошки, географски, етнолошки, биолошки, и други податоци, кои ни овозможуваат да ја провериме и утврдиме нејзината веродостојност.
Библијата е многу повеќе од обична книга; таа претставува Божјо Писмо упатено до човекот. Во тоа Свое Писмо, Бог му го објавува на човекот не само Своето постоење, туку и Своите особености(атрибути), па и Своите намери кои се однесуваат на човекот и неговата животна средина.
Моралните стандарди зацртани во Библијата се совршени и упатуваат на Автор, којшто е апсолутно свет.
Општествените уредби (за управа, за однос кон земјиштето, сиромашните, болните, итн.), кои во изобилство ги среќаваме во Библијата, откриваат многу за Божјиот карактер како Праведен, Милостив и Вистинит во апсолутна
смисла на овие атрибути.
Претскажувањата (пророштвата) кои се запишани во Библијата пред многу векови, постепено се исполнуваат и претставуваат силен аргумент дека
зад Библијата стои Некој, кој што неприкосновено ја познава иднината, ја планира и ја насочува. Иако писателите се многубројни, Авторот на Библијата
може да биде само Бог.
Накратко, Библијата сама по себе сведочи дека претставува Божја Книга, Божја информација за човекот. Библијата е со таква содржина, што, и кога би
сакал да ја напише некој човек не би можел; а и кога би можел - не би сакал! Таа секогаш ја зборува вистината и на секој од нас му ја соопштува во лице,
а тоа понекогаш и боли!
ИСУС ХРИСТОС ГО ОБЈАВУВА БОГ
Исус Христос како личност, со Својот живот, дело, учење, смрт и воскресение, претставува уште еден извор на информации за Бог. Постоењето на
Исус Христос како историска личност, воопшто не е спорно. Од Неговото раѓање започнува таканаречената ”наша ера” или ”нова ера”. За Неговиот живот
постојат многубројни историски документи, покрај Библиските, кои не се во ништо помалку историски и веродостојни од другите, т.е. вонбиблиските.
За оние кои знаат дека Исус е историска личност, но не го прифаќаат за повеќе од обичен човек, проблемот е Христовото божество. Некои не прифаќаат дека Исус Христос е повеќе од човек, дека произлегува од самото небо и дека во
суштина е Бог, односно дел од Божјото Тројство.Но, ваквото неверување е исклучиво производ на волјата, а не и на фактите. Фактите говорат дека
Исус Христос секогаш ја зборувал вистината. Никој досега не пронашол ниту една лага во Неговите зборови. А Тој зборува дека произлегува од
Таткото(Бог) Отецот, дека е едно со Него; од Него дознаваме многу информации за Бог, во кои немаме причина да се сомневаме. А и самиот Исус Христос е
информација за Бог. Неговиот престој на Земјата и Неговото пожртвовно дело на спасение на паднатиот човек, Неговото учење, живот, смрт и воскресение, се силни сведоштва дека Исус Христос е Вистинит, Праведен, Свет, Семоќен, Вечен... Тоа се Божји атрибути, што значи дека Исус Христос е рамен на Бог, дел од Божјото Тројство, Божји Син.
”Во почетокот постоеше Зборот и Зборот
беше со Бог и Зборот беше Бог... Зборот се
отелотвори и престојуваше меѓу нас. Ние ја
видовме Неговата слава - славата што Тој
ја прими како Единороден од Таткото, полн
со благодат и вистина”, Јован 1:1;14.
Тој Збор, или Логос, како што стои во изворниот текст, се однесува на Христос. А Тој ни донесе и оригинални информации за Бог, бидејќи оттаму потекнува.
”Никој, никогаш не Го видел Бога; но Единородниот Син - Кој е Бог, и е во прегратките
на Таткото - Тој Го објави”, Јован 1:18.
Во одговорот на прашањето за постоењето на Бог, ги посочив основните две информации(објави) врз основа на кои секој може да се увери дека Бог навистина постои и дека се погрижил да му се објави на човекот. Колку и да се спротивставуваме, овие информации вршат силен притисок врз совеста на
секој човек, да го признае постоењето на Бог. Природата на информациите од кои дознаваме за Бог е таква, што никој не ќе има изговор, а само
луди можат да ги игнорираат.
”Безумник е тој што во срцето си вели: Богне постои!”, Псалм 14:1.
И само во своето срце, зашто совеста вечно ќе го прогонува со спротивното уверување!
А на сите чесни истражувачи, Бог им дал изобилство од информации.
”...за да Го бараат, да допрат до Него и да Го најдат, затоа што Тој е близу до секој од нас”, Дела на Апостолите 17:27.
 
Steve Vai напиша:
Зашто? Не го разбравте човекот шо сакаше да каже??? Трилобајт, постот ти е за секоја пофалба! Дури можам да кажам дека е еден од најубавите што сум го прочитал на форумот. Штета што многу малку луѓе можат да го разберат тоа што сакаш да им го кажеш. Да се молиме дека еден ден ќе го сфатат тоа... Секоја чест! Чекам продолжение!

Не реков дека не го разбирам постов ама ептем детално и сликовито ја објаснал работата па затоа го написав тоа а за постов алал да му е
 
G e G o напиша:
Не реков дека не го разбирам постов ама ептем детално и сликовито ја објаснал работата па затоа го написав тоа а за постов алал да му е

Абе, мене не ми изгледаше баш така, ама ај... Те промени постот? :icon_lol: Веруваш сега? :icon_lol:
 
Еј да му се сневиди што убав пост и башка долг побајаги си напишав и се зафркнав не го постирав.
Како и да е ај сега на кратко.
Трилобит многу ми се допаѓа вака што си ги интегрирал сознаниата на науката во твоето размислување за Господ и религијата.
Имам само некои надополнувања кои се надевам дека ќе ги прифатиш.
Прво Материјата всушност е висококонцентрирана односно високоорганизирана енергија и се менува поради природата на енергијата. Токму поради овој факт се претскажува топлотна смрт на универзумот.
Значи измените на Материјатта се причинети од природата односно карактерот на Енергијата.
Значи сега прашањето е од каде потекнува енергијата.
Една хипотеза е дека Господ ја создал енергијата што е многу поедноставна за разбирање и затоа нашироко прифатена теорија.
Друга хипотеза е дека енергијата потекнува од нешто друго, па тоа друго потекнува од нешто трето и така натаму до бесконечност, финтата со вторава хопитеза е дека се бачира на бесконеечноста, а бесконечноста е многу тешко сварлива за широките народни маси и затоа многу мал е бројот на луѓе кои би го виделе овој муабет како логичен, другите би рекле овие тресат глупости.
Да не ме разбереш погрешно, јас не ја отфрлам можноста за постоење на господ но не ја сметам ни за апсолутна вистина бидејќи не е докажана, истото важи и за другата хипотеза.
Второ за тоа со молењето на господ и дека господ ги слуша молбите и молитвите, според мене се чиста психологија која религијата односно религиозното учење ја тренира врз интелектуално поинфериорните, која има за цел единките да живеат посмирен а со тоа и поздрав и подолг живот и да ги остварат прво првата основна и вродена животна цел (инстинкт) за создавање на потомство и обезбедување на што е можно подобри услови за преживување на истото. Исто така таа помага не само оваа туку и други цели во живото кои сами сме си ги поставиле да ги оствариме односно ни влева надеж дека ќе ги оствариме.
Подетално сега нема да навлегува бидејќи ме мрзи а и мислам дека веќе се имам произнесено за работите кои ти ги наведуваш во твојот пост, башка пишав веќе едн голем пост кој ми го снема поради моја грешка, можебио другпат подетално , кога ќе имам воља.
 
Во текстот се акумулирани научните сознанија кои не се оповргнати(кој ли беше мак.еквивалент?) до ден денес,универзалните термодинамички закони кои се во апсолутна согласност со Библијата
I термод. закон-1Мојсеева 2:2 Книга Проповедник 3:14
II терм.закон- 1 Мојсеева 1:31,3:17
-Законот за Биогенеза(животот настанува само од живот)
Теорија на веројатноста(создавање на DNK молекул)
така да оној муабет за "мал број" луѓе ми кажува единствено дека ти можда треба да бираш друштво...:raz:
Голем број од основачите на модерната наука биле Христијани,а не е мал бројот и на оние што го проширувале понатаму научното сознание.
Настојувањето да се верува во само во еден приод-дека во Универзумот се се случува сосем случајно-значи непочитување на објективноста на самата наука ,драг мој Бацилу:star:
Еве кон што води објективната и прецизна теорија на еволуција:
никој+ништо+време=се ????
Bacillus gagous напиша:
Второ за тоа со молењето на господ и дека господ ги слуша молбите и молитвите, според мене се чиста психологија која религијата односно религиозното учење ја тренира врз интелектуално поинфериорните, која има за цел единките да живеат посмирен а со тоа и поздрав и подолг живот и да ги остварат прво првата основна и вродена животна цел (инстинкт) за создавање на потомство и обезбедување на што е можно подобри услови за преживување на истото. Исто така таа помага не само оваа туку и други цели во живото кои сами сме си ги поставиле да ги оствариме односно ни влева надеж дека ќе ги оствариме.
Гледај Бацки,се ми се чини дека од погрешна страна му пристапуваш на целово прашање,а најверојатно и аналогијата на целиов текст не си ја запазил.Уште од самиот почеток прашањето:"дали молитвата делува" и има ли потреба за неа во тебе ствара погрешни претпоставки.Како да се работи за некоја "формула" за баење или за машина,за нешто што аутоматски треба да делува.
Молитвата е личен однос помеѓу ембриоликите,несовршени(ние сами) створења и една сосем ОДРЕДЕНА особа.
Во коренот на зборот молитва имаме понекогаш проблем.
Може ти изгледа дека под овој поим се подразбира просење,искање,циганчење или автосугестија,но пак ќе кажам,молитвата е средба.
Можеш и да ќутиш,ама важно е да бидеш со Него,со изворот на битисувањето.
Како средба татко и син или со саканата особа.
И запамти,не постои егзактна наука или емпириски доказ со која може да се мери и регистрира делотворноста на молитвата.
Немерлива е од проста причина што не е природна величина.
Молитвата се разликува од присилата,и се состои од тоа што таа може да исполни но и да не се исполни.Кога некое бескрајно мудро Битие ги слуша молбите на конечните и безумни створења,Тој некогаш ќе ги исполни,а некогаш и нема.Се надевам дека ме разбра што е поентата.
Затоа откажи се од замислата дека молитвата се препорачува како некоја врста на непогрешлив трик.
 
секоја чест тилобите...алал ти вера...постов е еден од нај на форумов...кај мене немат сомнежи за господ али ова ја дозацврсти вербата...:aplauz:
 
Не не значи дека јас треба да бирам друштво односно друштво кое ги поддржува моите мислења и филозофии бидејќи така не би имале врз основа на што да полемизираме, башка јас сум тиип на човек што ска да се дружи со луѓе кои имаат поинакви сфаќања за некои (не за сите) нештата, бидејќи сметам дека е продуктивно да се знае како размислуваат другите а не само да се мисли дека сопственото размислување е најпаметно.
Како и да е тука си потполно во правио дека јас на работите им приоѓам од друга насока и перспектива ама не би ја нарекол погрешна, бидејќи не знаеме дали е погрешна или правилна исто како што не знаеме дали твојата перспектива на гледање на работите е погрешна или правилна, и јас мислам дека нашите животи се премногу кратки за да дознаеме дали нашите перспективи се погрешни или правилни.
Инаку тоа ѓто пропадна во мојот несуден пост е тоа што напоменав дека со тоа што си ги инкоорпорирал доказите и сознанијата на науката во религијата,тоа значи дека и религијата еволуира, а тоа е добро, бидејчи ако не еволуира ќе стане смешна и бесмислена за народот, што секако не би сакале тоа да се случи.
Инаку сакам да те прашам дали се согласуваш дека религијата е еден вид на учење или еден вид филозофија на животот.
Се надевам дека имаш почит кон мене и моите размислувања исто како што и јас имам за твоите и не ги негирам туку само ги претставувам преку призмата низ која јас лично ги гледам работите.
А за молитвата ако е така како што ја дефинираш тогаш можам да ти кажам дека тоа што тој што ја кажува молитвата односно комуницира со господ би го поистоветувал (од психолошка гледан точка) со зборењето со самиот себе кое го има истиот ефект. Сега ти го кажувам ова бидејќи сум имал можност да се дружам со Кинечи кои немаат религија и немаат изградено мислење дали постои господ или не, можам да ти кажам дека ментално и интелектуално не се разликуваат од остантите верници, и религиозни луѓе.
Молитвата точно е дека неможе да се мери и никогаш не кажав дека е константа бидејќи молитвите се субјективни и варираат од човек до човек.
 
mi se dopaga mnogu ona sto go imas napisano,samo ja zajakna mojata poptolno cvrsta definicija deka Bog postoi..nemoze kako sto velis ti,nesto da nastane bez da ima svoj sozdatel,taka samo od sebe...
 
:lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud:
 
Ilidan напиша:
:lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud: :lud:

и ти ли како гего ни се дивиш на големите и филозофски постови?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom