T
trilobite
Гостин
Уште на почеток да информирам дека терминот ''сведоштво" од насловот по потреба ќе го заменам со"објава" заради поточна формулација.
Индиректни објави за постоењето на Бог
-Космолошки сведоштва
-Антрополошки сведоштва
-Лични сведоштва
Космолошки сведоштва
а)Заклучоци од Законот за каузалност
Нема последица(појава,ефект)без причина(Nullus effectus sine causa)
Пример:
Причина за моето постоење се моите родители.
Причина за нивното постоење се нивните родители,итн.
Причина за постоењето на дрвена маса е некое исечено дрво.
Причина за тоа дрво е некоја семка.
Причина за таа семка е некое претходно дрво,па пак некоја семка претходно итд...
Тука се доаѓа до една прапричина(првапричина) за постоење на се друго,освен на првопричината,која мора да биде независна од сите творби,надвор од нив и над нив.
Христијаните да речеме веруваат дека прапричината за постоњето на се друго е Бог,контра на атеистите и еволуционистите кои веруваат дека прапричината е материјата.
Е сега,кој е у право?Дали може материјата да биде прапричина?
Немет шанси. Еве зошто не може:
б)Заклучоци од Контингентноста(условеност на постоење) на материјата и на Вселената
Контингентни со оние нешта кои не се самобитни,т.е. причината за нивното постоење не е во самите нив,туку надвор од нив.
Типични својства на контингентност се:
1.Променливост
Ако некоја творба се менува,таа нема внатрешна самобитност.
Материјата се менува(panta rei,нели, се се менува);значи
материјата не може да биде вечна,нит самобитна;таа е контингентна
2.Временост
Кога нешто постои во даден облик,форма или вид само определено време тоа се одликува со временост.Просто к'o пасуљ
Секој конкретен облик и вид на материја е привремен.Бидејќи материјата не постои континуирано во еден ист облик,туку се менува,она се одликува со временост,а не со вечност.Тоа важи и за целата Вселена.Затоа таа ниту била,нит ќе биде вечна,самобитна.
3.Конечност,ограниченост
Се што постои во одредена големина,а би можело да биде и поголемо,е конечно и ограничено.Секој вид и облик на материја е баш таков:конечен и ограничен.
Ако секој дел од материјата е таков,тогаш и целината е таква(целината не може да биде поголема од збирот на деловите)
Значи целата вселена,вкупниот материјален свет е контингентен,а не самобитен.Од временски,а не од вечен карактер.Ограничен,а не вечен и бесконечен.Таква е и материјата.
Да се тврди на пример дека целиот материјален свет постои без да имало прапричина,онака случајно, е како да се тврди дека, пример,
100 фотокопии на некој документ можеле да настанат без да постои оригинал!
Уште 1 пример:Вагонот кај еден воз се движи затоа што го влече претходниот вагон,итн, но на крајот уствари локомотивата е таа што е причина за движењето на сите вагони и смо таа ја има движечката енергија кај себе.
Јасно е дека и бесконечна низа на контингентни творби не може да ја одигра улогата на првична причина за нејзиното постоење,а таа прапричина да не биде контингентна.
Такво својство по дефиниција моѓе да има само вечниот,непроменливиот и самобитен Бог.
Според II термодинамички закон се предвидува топлотна смрт на Вселената.А се што има свој крај,морало да има и почеток(обратното не мора да важи:можно е да се замисли нешто што имало свој почеток,а да нема крај)
Но ако нештото има свој крај,тоа апсолутно значи дека морало да има и почеток на своето настанување.
Затоа,Вселената(а тоа значи и материјата)морала да има свој почеток,настанок.А Тој што го предизвикал нејзиното настанување не може да биде контингентен,т.е Тој е апсолутната прапричина која е самобитна.
Понатаму од истиот II термод. закон произлегува дека целата вселена се движи од поголем во помал ред,од подобра кон полоша организираност,од поголема енергија со која може да се извршува некоја работа, кон помала итн.
Вселената се троши(нашето сонце троши 4 милиони тони маса секоја секунда,и ќе има гориво уште за 5 милиони години според некои рачуници;ротацијата на планетите и нивните сателити станува се побавна,жешките ѕвезди,па и цели галаксии согоруваат,итн.)
Од ова ,логични заклучоци се два:
-Вселената не можела да постои вечно,инаку до сега ќе согорела
-Штом Вселената денес е помалку организирана(со помал ред,а поголема ентропија)тоа значи дека во минатото била поорганизирана и со помала(0)? ентропија,односно морала да има високо организиран ред на својот почеток.
Баш така произлегува и од Библискиот извештај!(! Мојсеј 1:31).
в)Заклучоци од дизајнот и закнитостите
Ако некој од нас згазне на камче,можда ќе си помисли дека камчето си постои такво од памтивек,но ако нагази на рачен саат,нема човек кој што ќе помисли дека саатот настанал со самоорганизирање на материјалите од земјата и сам се наштимувал да отчукува секоја секунда итн.
Зошто размислуваме така?Зошто е можно да мислиме дека природата се создала самата себе,а успат и се самоорганизирала и дизајнирала,а да не мислиме така за саатот??Во што е разликата?
Очигледно,високиот степен на дизајн и функционалност на часовникот не води само до еден правилен заклучок:дека часовникот бил создаден од интелигентен ум и мајстор.
Слободно можеме да заклучиме дека целиот космос е како една гигантска машина,составена од еден куп помали машини,и сите тие се интелигентно дизајнирани и наштимувани за да дејствуваат хармонично.
Со право можеме да заклучиме дека кај што има дизајн,мора да има дизајнер,каде што има закони,мора да постои законодател,кај што постои живот,мора да постои животодавец итн.
Сето тоа води кон концептот за постоењето на Бог.
Антрополошко-Психолошки сведоштва
Заклучоци од самоанализирањето на човекот
1)Високата организација во човековото тело,психа и ум,
Сведочат за Творец кој знаел како да го создаде сето тоа и интелигентно го водел целиот тој процес (Псалм 139:14)
2)Логичко сведоштво:
a)Во нашиот ум постои мисла за постоење на вечно,со ништо ограничено суштество-Бог.
б)Ние,како конечни и ограничени суштества не можеме да бидеме причината за таквата мисла(последицата не може да биде поголема од причината)
в)Таа мисла ни е вградена од самото вечно и неограничено суштество-Бог.
3)Мислата за постоењето на Бог е вградена во човековиот ум,
Затоа што тој е создаден според Божјо подобие,образец,лик.
Најновите статистики на светско ново покажуваат дека за атеисти изјаснуваат само 4% од популацијата,плус 12% ”нерелигиозни”.
Toа само докажува дека мислата за постоењето на Бог и вечноста е стварно вградена во човечкиот ум,психа и дух.
4)Вградени морални и етички норми
Колку и да се релативизира,кај секој човек постојат вградени нормативи за општ морал и етика,чесност и справедливост.
Со самата способност да размислуваме за добро и зло и да го одбегнуваме злото,признаваме дека во нас постои вграден морален закон.Законот мора
Да има законодавец како причина на моралниот закон во нас,кој е последица.
Уствари,тој закон е толку јако вграден во нас,што ние не можеме да се ослободиме од него!Тоа докажува дека е надмоќен законодателот и ние не можеме да му парираме!Тоа може да биде само Бог.Е, таков Бог ни се објавува во Библијата
5)Чувството на вина
Секој човек има вградена способност да чувствува вина,грижа на совест и сл.
Таквото чувство не може да настане со самоорганизирање на атомите и молекулите од пука случајност!
Тоа мора да е вградено од морално битие,а погаѓате,тоа е Бог.
6)Прашања за смислата на животот и постоењето
Факт е дека секој човек,порано или покасно си поставува прашања од типот:
Која е смислата и целта на постоењето?(не само во адолесцентско доба!)
Имаме ли морална одговорност пред некој за тоа,како ќе го живееме животот?
Самата внатрешна иницијатива да размислуваме за овие прашања мора да ни е вградена од Создателот,иначе такви мисли уопште не би ни се јавувале.
Лични сведоштва
Сведоштва на изменети луѓе
И во минатото и во сегашноста,има голем број(милиони!) луѓе кои сведочат за големи промени во нивните животи,откако се приклониле кон библискиот Господ и Неговите нормативи.Сите такви сведочат за натприродна позитивна сила која ги вратила на колосекот на вистината и спокојството.
Понатаму, многу Христијани можат да посведочат за услишени молитви,кои на свој начин упатуваат кон заклучокот дека Бог постои и одговара на молитвите кои се според Неговата воља.
Мене лично најубедливи докази за постоењето на Бог ми се природните науки и личните сведоштва.Секако, тие не беа пресуден фактор јас да поверувам дека постои Бог.