- Член од
- 7 март 2010
- Мислења
- 8.847
- Поени од реакции
- 24.284
Меѓународниот ланец на брза храна Surf’n’fries, утре (среда) во 17 часот ќе го отвори својот прв објект на плоштадот во Скопје, на улица „Никола Кљусев“ (поранешна „Максим Горки“). По интернационалниот успех и многуте иновации, Surf’n’fries е првиот FAST FOOD ресторан во Македонија во кој храната ќе се приготвува во печка на воздух, без употреба на масло.
Помфритот се подготвува според нова иновативна SURFFRY технологија, која работи на топол воздух без воопшто да се става масло. Скопје е третиот град во светот кој ќе ја добие оваа технологија по Риека и Будимпешта. Освен начинот на кој се подготвува храната, тоа по што овој бренд е познат е и практичната амбалажа. Таа е направена така што во неа можете се да носите во една рака, односно помфритот, пилешкото, сосовите и сокот.
Менито на Surf’n’fries можете да го разгледате од среда 17 декември, па натаму. Побарајте ги Surf’n’Fries хостесите низ центарот на Скопје од кои ќе добиете купон.
Surf’n’fries е ланец на FAST FOOD ресторани кој во 11 држави во Европа, има преку 40 објекти и од година во година бележи раст на продажбата. Со Surf’n’fries во Скопје, Македонија ќе биде на мапата на државите која на својот пазар ќе имаат модерен и единствен ланец на брза храна Surf’n’fries.
Извор: http://kadevecer.com.mk/surf-n-fries-go-otvora-svojot-prv-objekt-vo-skopje/
Прв пат слушам за овој ланец на ресторани. Никогаш немам пробано, не очекувам нешто wow освен напумпани цени, нека спадне малце фамата и ќе се проба, чисто ради реда. Дали некој од вас има јадено до сега во Surf 'n' Fries и што очекувате?