Супер коли низ Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата martint
  • Време на започнување Време на започнување
Поршево постар модел ама ептен ми се допаѓа, уште само да не беше кабрио . Не знам дали беше денес на паркингот кај салата Борис Т. имаше фотосесија на "лихтенштајнските" :) Ферари со некои хостеси од Србија. Штета не снимав, каква симфонија, звуци да ти се наежи кожата.:)
јас го видов само црвеното ферари 430 кога стигна , околу 1 саат беше , се мислев дали да се вратам ама ништо , се каам многу :)
 
Јас на семафори ја видов жолтата 458ца. Леле љута машина, додека да трепнеш преминува растојание од еден до друг семафор, а звукот е блага еротика, аф корс :)
 
Чекајќи автобус во центар пред некој ден видов ваква ѕверка само многу брзо помина па неможев да го сликам :) Иста ваква боја беше :)

media_httpfarm6static_jqemh.jpg.scaled500.jpg
 
јас го видов само црвеното ферари 430 кога стигна , околу 1 саат беше , се мислев дали да се вратам ама ништо , се каам многу :)
Е па штета, да си останел 15 минути повеке ке ги дочекаше и другите, што гужва се направи околу нив - митинг. :)
 
Денеска го видов, позади Универзална сала на раскрсницата кај што е катната гаража.
наши таблици :confused:,машала , првото кватропорте петта генерација со мак таблици (y)
 
јас го видов само црвеното ферари 430 кога стигна , околу 1 саат беше , се мислев дали да се вратам ама ништо , се каам многу :)

Ако збориме за истото, завчера вечер беше паркирано кај мене во гаражите (Комплекс Македонија), милина под вештачка светлина да се изнагледаш...

Си викам што ќе го сликам, Николабен гарант го има чкрапнато боље од мене веќе. Сега треба и јас да се каам?
 
треба се да се слика :) , што е битно кој има подобра слика ;)
 
Пред неколку часа бел Хамер на Партизанска прошиша, брзо возеше и не успеав да видам дали регистрацијата беше македонска.
 
Вчера стоеше бел Х3 близу Соборен, SK 666 VP, можеби е истиот.
 
Пред неколку часа бел Хамер на Партизанска прошиша, брзо возеше и не успеав да видам дали регистрацијата беше македонска.
Вчера стоеше бел Х3 близу Соборен, SK 666 VP, можеби е истиот.
ОВОЈ да не бил ..?!
иначе од денес само сивото ауди р8 , а во недела вожња во Focus RS :vozbud:
 
ОВОЈ да не бил ..?!
иначе од денес само сивото ауди р8 , а во недела вожња во Focus RS :vozbud:

Незнам можда беше тој, многу брзо возеше можеби 120/130 крена на партизанска и не успеав да ги видам таблиците.

Едно светло плаво Бентли Континентал во кабрио верзија со странски таблици често го гледам кај бензинската „Макпетрол“ позади Католичка црква и исто во таа околина има и едно црно Порше Кајен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom