Сум платил ќе праам шо сакам

  • Креатор на темата Креатор на темата Николина
  • Време на започнување Време на започнување
Пер, најбогатите и најславните кога го прават тоа - пак се сељаци. Не сум видел некој да го пофали или поздрави тоа.

А зошто е лошо тоа што го прават? Ново време си носи нови трендови, сигурно некој почнал прв да развива слики и да ги пика во албум, и овие му викале, еј види го сељак.
 
А зошто е лошо тоа што го прават? Ново време си носи нови трендови, сигурно некој почнал прв да развива слики и да ги пика во албум, и овие му викале, еј види го сељак.

Им се смачи другарче со домашните порничи, сега на храна удрија. Што е следно? :icon_lol:
 
Кога читам вакви текстови добивам чувство дека се ви смета и сите сте паметни и сите сте безгрешни.
Секој втор почна да пишува хејтерски колумни. Најверојатно поради тоа што сите се палат на тоа, поради лажното чувство ако хејташ дека си поразличен од "другите", попаметен и "другите" се под тебе и бла бла.

Колку само поубав ќе беше текстот доколку ги немаше тие "мрчење" елементи, доколку ја немаше таа негативна енергија што ја содржи и имаше еден позитивен хумор спакуван во креативен текст.

И не правете заблуда дека тоа што хејтам хејтери ме прави хејтер. Ме прави антихејтер а тоа е последица а не реакција.
Јас го пишувам решението, не проблемите.
Што е најтрагично сите овие мрчала прават дел од овие работи, почнувајки со инстаграмот и морските плодови.
 
Не ми се верува до кој очај е стигнат македонскиот интернет простор. До очајот Ина многу фина да пишува колумни, и згора на се да ми кажува дека ако негувам традиција, сум заостанат сељак.
Традиција е да се пишуваат вакви колумни и тоа многу често во последно време. Се родија многу пацифисти и хумани души кои имаат потреба да ти кажат дека тоа што го правиш, не чини. Значи секоја недела има по некој што ти кажува како треба да живееш, додека сам не може да го среди сопствениот живот.
Еден ден, следејќи ги овие самопрогласени интелектуалци, ќе дојдете до заклучок дека јадењето ајвар е сељачка традиција и за да напреднеш мора да го заборавиш тоа. Ајварот никако, нема шанси ти како прогресивец да јадеш ајвар. Ќе дојде време кога и тоа ќе биде срамота. Замисли за некоја година одиш ти на собиранка на интелектуалци и додека си миел заби пред излегување си заборавил црвена лушпа меѓу двојката и тројката и кога ќе те видат готово, фрли ја членската карта, лицемер.

Како тргнале луѓево, мислиш Џон Ленон го надминале еј.
Навиките не се менуваат. И јас и ти и Ина сме се јавиле негде пред да поминеме граница. Утре кога ќе одам на плажа пак ќе стојма со нозете до колена во вода, ќе му бидам на сонцето свртен со грб и така 15тина минути ќе правам муабет. Ако тоа ме прави сељак, сељак нека бидам. Да сме живи и здрави.
Интересна личност е, не ја знам ама се следиме на Twitter. За тие кој што не знаат:

https://twitter.com/mnogufina
За тие кој не ја знаат? Абе другар, ме изнасмеа. Не знам како може да знаеш личност која е измислена? Значи нечие алтер его, е тоа ти кажува дека си кул. Лесно е да имаш аватар од мачка и да го мразиш светот.
Се сеќавам порано имаше блогеришта да седниш да размислиш кај е центарот на светот. Блогот на Баба ми Трајанка, кога го читаш, те инспирира, си викаш браво еј чоеков. Жал ми е што некои форумџии не пишуваат колумни, луѓе кои имаат нешто да кажат, кои ќе го завиткаат убаво кажаното и ќе купиш капа и ќе им се поклониш со капата. Наместо тоа, еве до што стигнавме. До луѓе кои кажуваат нешто што е веќе сто пати кажано.
 
Сликата е таа, ама шо да праеш, секој си прави шо му е ќеф. Ако изгледа како сељак крив е шо се родил?
И мене ме нервират посебно тиа инстаграмџиите и целио нивни хипстерај ама другото си е балкански менталитет и не е крив човекот за немаштијата па сака да земе колку може повеќе. Се што платил да си земе, ако може и повеќе. Питај швеѓани или некои слични шо ништо материално не им фали дали ќе се понашаат вака. И превише е генерален текстот, не се однаса зе секој.

И да не испаднам тотален хејтер ќе додадам, шаторско крило за на плажа, три чадори и имаме шатор карши море у кој се наоѓа деветчлена фамилија.. сум го видел и тоа. :D
 
Не знам зошто колумнава е сфатена до толку трагично да мора да се бранат постапките кои се опишани. Веројатно заради тонот на авторот кој „блеска“ со оној квази-интелектуален, хејтерско - хипстерски тон кој иритира, особено во последно време кога секој се наоѓа повикан да критикува таму каде што појма нема што критикува.

Ако го тргнеме тој еден елемент на страна, реалноста е дека нема да не убие ако се однесуваме малку попристојно. Нема да занемиме ако не урламе по автобуси, нити ќе прегладнеме ако не ја злоставуваме шведската маса. Нема да ни пропадне одморот ако не ја усмрдиме цела плажа со „домашно приготвени ужини“, ниту ќе ни се удават децата ако тивко и пристојно ги викаме да излезат од вода.

За фотките на инстаграм со морски плодови (или било која поегзотична храна), немам ништо фино да кажам, па макар излегла најголем хетјер на светот. Не е битно кој го почнал трендот, не е битно чии примери се следат со објавувањето на истите - сељачки е, помпезно е и глупаво е.
 
Незнам да читам. Јако ееее
 
Ајде не палете уши, текстот е направен да има хумористична конотација. Сигурен сум дека и авторот ги прави половина од овие работи.
 
:drk:
Ништо ново ништо помпезно, единствена новина што се појавија хејтери на хејтериве.
Некој нека ја упати кучкава кај мене да и дадам часови за хејтање и мрчење.:icon_lol:
 
На таквите патувања има мрчала на кои ништо не им е погодено.
Обично доцнат и стигнуваат пред да тргне автобусот, изиграваат висока класа, како случајно да патуваат со групата, полни се со презир кон сите и кон се’ што ги опкружува, како некој насила да ги тера да одат со групата.
Ништо не им чини: ни автобус, ни хотел, ни плажа, ни кревет, а за храната да не зоруваме! Ти се одјадува кога гледаш како јадат, цело време мрчат, ама чинијата ја празнат.
Да, на таквите им пречи кога некој зборува гласно во автобус или на плажа на сред бел ден, ама многу се натратени ако у 4 сабајле им кажеш дека се прегласни!
Имам чувство дека авторката е баш таков тип и нормално, пропуштила да се опише себеси.
И се разбира, и оваа година ќе оди преку истата агенција и ќе го земе истиот аранжман, и ќе ги има истит евпечатоци и доживувања како од лани.
Гив ми а брејк!:facepalm:
--- надополнето: 26 јуни 2013 во 18:06 ---
Ајде не палете уши, текстот е направен да има хумористична конотација. Сигурен сум дека и авторот ги прави половина од овие работи.

И јас верувам дека целта била да е смешно, ама не е. :rolleyes:
 
Абе све е тачно, ама што кур?

Ми ѓи зеде зборовите од уста.

Прв пат читам во целост ваква колумна, изгледа многумина од вас ги пратат веројатно по ФБ овие модерниве писатели. Изгледа јас многу сум заостанат што не ги читам ;)
 
Ми ѓи зеде зборовите од уста.

Прв пат читам во целост ваква колумна, изгледа многумина од вас ги пратат веројатно по ФБ овие модерниве писатели. Изгледа јас многу сум заостанат што не ги читам ;)
Од Твитер се овие. Џимеј кажа се што требаше. Работава, ај со штикли на плажа да идеме пошо не смееш муабет да правиш во вода со некој.

Се испосељачи и Трендо, вакви бљувотини да ставаш на оффнет..Да објаснам, се тркаат кој ќе напише по антимакедонштина текст и овој да им го објави за пет минутно Пулицер чувство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom