Шорт, кучето ти е повеќе од прекрасно! Фацата му е најмила на свет, ме фаќа криза да го загушкам.
А во врска со темава т.е. истребувањето на оваа раса, апсолутно сум против. И не само на оваа ... никоја раса не смее да се уништи. Човекот е најлошото нешто на Земјава, ако си зема за право да убива тоа што создал. Како може да се третираат како предмети кучињата кои знаат да бидат и најдобри другари?
И јас ги гледам како дел од семејството т.е. само со две кучиња си живеам и најмирна ми е главата само кога сум си со нив по дома. И да слушнам некој да ми рече дека ќе истребува џукелчиња? Па ќе го истребам јас него пред тоа.
Незнам што може да се направи против тоа доколку се реши да е така, ама се надевам нема да испадне ништо слично.
Иначе спомнавте добермани ... јас имам чувано доберман и можам да кажам дека нема никаква разлика меѓу него и миничињава што ги имам сега. До човекот што го чува кучето е, а не до самото куче. Тоа неможе само по себе да напаѓа доколку не биде испровоцирано.
Па сто пати ми се десило глутница од огромни кучишта да ме испраќаат до дома ... баш да ме обиколат од сите страни и да ме водат цел пат. Секако да бев некоја што мрази кучиња или да ги бркав и гаѓав со камења би ми се пуштиле да ме нападнат, но ете, запрепастена бев од таквите трогателни ситуации. Имаат чувства без оглед какви, па да не разговараме за нив како за мртви предмети.