Суди го делото, а не расата!

  • Креатор на темата Креатор на темата Almala
  • Време на започнување Време на започнување
A be kako sakate recete,ama ako ima nesto od sto se plasam najmnogu toa e pit bull.Uste od samata pojava strav me faka!Od kaj znam jas dali gazdata se odnesuval so nego kako sto treba ili ne,pa dali da mi bidi strav ili ne!!!!

Еве, ти се плашиш. Изгледаат страшно, знам. Не за мене, пошто ја имам еден од нив и мене ми личи на маче, ама други луѓе на улица не заобиколуваат. Него, што ми беше зборот.......а, да,...ти се плашиш од нив, али дали оправдуваш бан на ова куче низ цел свет (т.е. истребување на цела раса)?
 
Не оправдуам истребување ни на оваа ни на која било раса на кучиња,или општо на некој вид животни.Ајде сега да истребуваме луѓе,зошто да не,па и луѓе убиваат,агресивни се.
Агресивноста на кучињата доаѓа најпрво од сопственикот,како го воспитал кучето,така ќе се однесува.Добро сега може оваа раса има вродена агресивност,ама не значи дека не може да се контролира тоа.Па и дете да земеш да го учиш да убива,нормално дека ќе убива,не ќе продава кикирики.
Баш вчера на улица проаѓам и едно дете пред мене туку почна да бега,зошто?Имаше позади мене пуштен доберман,ни сопственик ни никој на улица,и јас што требаше,да земам да вриштам?Изреагирав најнормално,кучето само си пројде и ништо не ми направи,значи зависи и од тоа како се однесуваш со кучето,ако бараш беља,ќе ја добиеш.

И да не заборавам,Шорт1,кучево ти е супер.
 
Значи,не реков да треба истребување!Воопшто сметам дека ништо на светов НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИСТРЕБИ!!!
Само што како што рече Точкест,газдите на таквите кучиња т.е раси на кучиња(не само за питбулите,макар што од нив најмногу се плашам,не знам можеби поради лоши искуства) треба или да ги шетаат со корпи на устите и кратки ремени,или пак ич да не се шетаат на јавни места каде што има поголема концентрација на луѓе.
Зошто??
Еве конкретно за Питбулите.Сама знаеш дека кога тие ке загризат силно им се укочува вилицата.Што ако не надејно кучето здиви и касни некој луѓето во близина.....

Пак да се навратам на темата,БАН НИКАКО АЛИ СТРОГИ ПРАВИЛА ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ОВАА РАСА,да не СМЕЕ секој еден да одгледува ПИТБУЛ.
МОЕ МИСЛЕЊЕ:smir::smir:
 
Short1 од Скопје си? Ќе може да го упознаам кучево:)
 
Не бе брат, ни на крај памет не ми беше дека рече да се истреби. Него ме интересираше како особа што се плаши од нив, што беше твоето мислење за расава.....пошто има многу контроверзии.

И искрено, ја мислам дека секое куче треба да се чува на краток ланец кога се шетаат и да не се носат у гужви. Ја на пример, избегавам мали раси кучиња, не им се ни доближувам, пошто ми се имаат свртено неколку од нив. Ако некој шета поголемо куче, ќе го прашам прво сопственикот дали е у реду да се погали кучето, и тоа пак му приоѓам полека и со добри мисли, никако со страв

О, и на Пит Булите не им се укочува вилицата. Тоа е најголем мит. Они имаат голема детерминираност за да ја извршат задачата по секоја цена и не се откажуваат. Затоа кога ќе угризат не пуштаат. Треба да имаш или стапче, или вода у нос или јака контрола врз своето куче за да пушти

Short1 од Скопје си? Ќе може да го упознаам кучево:)

Ја, да, од Скопје.....али не сум више таму :smir:

Не оправдуам истребување ни на оваа ни на која било раса на кучиња,или општо на некој вид животни.Ајде сега да истребуваме луѓе,зошто да не,па и луѓе убиваат,агресивни се.
Агресивноста на кучињата доаѓа најпрво од сопственикот,како го воспитал кучето,така ќе се однесува.Добро сега може оваа раса има вродена агресивност,ама не значи дека не може да се контролира тоа.Па и дете да земеш да го учиш да убива,нормално дека ќе убива,не ќе продава кикирики.
Баш вчера на улица проаѓам и едно дете пред мене туку почна да бега,зошто?Имаше позади мене пуштен доберман,ни сопственик ни никој на улица,и јас што требаше,да земам да вриштам?Изреагирав најнормално,кучето само си пројде и ништо не ми направи,значи зависи и од тоа како се однесуваш со кучето,ако бараш беља,ќе ја добиеш.

И да не заборавам,Шорт1,кучево ти е супер.

Знаеш што е тажно, што еве ја имам Пит Бул. Ако во моево градче се изгласа закон за бан, ќе дојдат и ќе ми го земат кучето и ќе ми го успијат(пошто секој власник мора да го регистрира у општина, знаат што куче имам). Таа судбина ги има спопаднато многу луѓе што со години ги тренирале и учеле нивните Пит Були (одговорни сопственици на кучиња) и страшна е помислата да ти го земат и да ти го убијат само затоа што е Пит Бул Териер, а не дека направило ништо лошо

И, фала многу, многу ми е умен и срценце
 
Види сега диџеј, треба да се плашиш од сите кучиња. Вистинските чувачи на кучиња ги знаат и правилата, а тие се дека куче во јавност се шета само со заштитна маска и големината и расата не е важна. На куче ако му пристапиш од страв може само полошо да си направиш, треба со добро со мил глас да пристапиш за да кучето добие впечаток дека си има работа со добар човек, зашто ако е куче немој да мислиш дека не знае.
Обожавам пит були кога гледам како ги шетаат сум без здив. Последниот што го видов беше во саботата кај мекдоналдсот еден дечко го шеташе кафеав беше.....уф
Не те сфаќам...викаш дека треба да се плаши од сите кучиња (што е безвезе) и после викаш дека не смее да пристапува со страв.:toe:
Муабетов ми беше за маските...би требало да знаеш дека не секоја раса може да носи заштитна маска. Краток ланец да, маска не.:wink:

И голема грешка е да се остави Пит Булот сам у двор. Ова е раса што им е потребна човечка близина за да бидат исполнети и среќни. Тоа и цврста рака, вежбање, дресура и секако - љубов
Искрено, мене ми е бедно кога било какво куче ќе видам врзано во двор.

Сакам секакви кучиња. Расни, џукелчиња-ама воопшто не пребирам. Ниедно ме нема каснато досега затоа што сум им пристапувала најнормално. Најголема дебилштина е да се истреби цела раса само заради некое генерализирано мислење. Нечовечно е. Не би можела да се ставам во ситуација кога би ми рекле дека ќе ми го земат кучето да ми го успијат. Би се преселила ако треба, ама залудно нема да дозволам ничиј живот да биде одземен, не ради друго, ама сум меѓу ретките што домашното милениче го сметаат за дел од семејството.
 
Сакам секакви кучиња. Расни, џукелчиња-ама воопшто не пребирам. Ниедно ме нема каснато досега затоа што сум им пристапувала најнормално. Најголема дебилштина е да се истреби цела раса само заради некое генерализирано мислење. Нечовечно е.

Ова можеби е филозофско прашање, ама со оглед на тоа дека ниту една од денешните раси на кучиња не постоела пред Човекот да вмеша прсти, односно сите се добиени со селективно парење.. Можеби сепак Човекот е оној кој треба да одлучи дали ќе продолжи со одгледувањето на одредена раса, или ќе ја прогласи за "неуспешен исход на вештачката селекција" и ќе продолжи со доусовршување расата, со отстранување на непожелните карактеристики, и добивање нови раси.
 
Ова му доаѓа како “роди го детето, па утепај го ако не ти е по мерак“ ?

Сега сигурно следи да не споредувам човек и кученце, но и јас сум како Скул, кучето си го гледам како братче. Па и оно има исти потреби како луѓето, чувствува болка/среќа... и да ми рече некој на крај “Ќе ја истребиме таа раса оти така мислиме дека е подобро и “побезбедно“... ма има да го треснам.:nesvest:
 
Па не мисли членот над тебе на толку радикални мерки. Дури и го нагласи тоа.
Но во секој случај, ако човекот го создал човекот може и да го уништи. А дали треба, јас велам не. Но во секој случај строга контрола на расата.
Не гледаш некој крокодил на каиш да шета по улица нели?
 
Ме пресмеа со крокодиливе... :pos: :pos: :pos:

Ете, може погрешно сум го разбрала постот, ама за “доусовршување“ на расата е потребно разни експерименти врз животните и тоа сигурно ќе резултира и со многу изгубени животи.

Сакав само да кажам дека не чини да се изживуваат луѓето со кучињата во конкретниов случај само затоа што не испаднале некои раси како што очекувале.
 
Ова му доаѓа како “роди го детето, па утепај го ако не ти е по мерак“ ?

Сега сигурно следи да не споредувам човек и кученце, но и јас сум како Скул, кучето си го гледам како братче. Па и оно има исти потреби како луѓето, чувствува болка/среќа... и да ми рече некој на крај “Ќе ја истребиме таа раса оти така мислиме дека е подобро и “побезбедно“... ма има да го треснам.:nesvest:

Не говорам за истребување на постоечките кучиња. Тие си постојат и си се наши миленичиња, до крај. Зборувам за прекинување на расата со престанок на расплодување на истата. Стерилизација како крајна мерка, во најлош случај.
 
Па со стерилизација расата ќе изумре. Значи, сепак зборуваме за истребување.
 
Чував Шарпланинец, беше огромна кучка. Предобра со сите посебно со децата, паметна, иако влеваше страв со самата појава, когаќе скокнеше на мене беше повисока од мене.

Но имаше една лоша страна мразеше Цигани оние што одат по канти...пошто кога беше малечка ја пуштив и овие ја претепалеа ам нејсе бидна што бидна после тоа....... ела нека пројде некој по канти да чепка:)

Но пред 3 години беше пуштена односно се скинал каишот и излегла да шета во маало и ја утепаја шинтерите...... и ден денес ги колнам, бидејчи беше предобра и преубава.

Од тогаш се заколнав дека не чувам куче се додека не ми пројде болкава што ја осеќам сеуште.

Не е битна расата и големината на кучето, битно а љубовта што знаат да ја пружат ниедно куче не каса без потреба или пак човекот не го истренира така да прави.

Крив е човекот а не кучето.
 
Па со стерилизација расата ќе изумре. Значи, сепак зборуваме за истребување.

Наречи го како сакаш.

Расите на кучиња се специјално создадени од човекот заради некои карактеристики кои биле потребни - ловец, чувар на куќа, борец, влечач на санки.. Денес кучињата ги бираме според изгледот и карактерот. Некои карактеристики, како на пример гласното лаење и крволочноста, се непотребни и дури штетни. Со селективно спарување, можат да се добијат нови раси кучиња, кои ќе бидат прилагодени за живот во новонастанатите услови.

Расата ќе продолжи да жувее во изменет облик, само твоето куче нема да има потомок. Да продолжиме да зборуваме за его-трип?

Да ме прашуваат мене, ја би ја оставила да работи природната селекција. И онака џукелите се најпаметните кучиња :) Али ај објасни им го тоа на кучкарине на кои им е битно педигрето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom