Студирање во Словенија

  • Креатор на темата Креатор на темата Cayman
  • Време на започнување Време на започнување
Бесплатното студирање уште важи, нели? :D

Оваа година важеше, ама можно е за следната година да се воведе партиципација во висина од 100 евра за година. Сеуште не се знае со сигурност што и како ќе биде, ама поради економската криза моментално се разгледуваат многу опции како укинување на некои редовни додиплосмски студии, укинување на ерасмус програмата, воведување на 100 евра годишна партиципација и слично.
 
Здраво дечки јас планирам да студирам во Словенија за пилот на хеликоптер:)
Па сакам да ве прашам како идат трошоците во Словенија, колку кошта кирија, факултет и така натака, јас моментално работам како affiliate marketer и имам 2,100 евра месечно примања, дали да се упишувам оваа година или да чекам до следната да подсоберам пари
Ако може некој повеќе инфо по порака да ми прати.
Поздрав
 
Факултетот мислам дека не се плаќа ( за магистарски не сум сигурен 100%). Стан 50квадрати во близина на центар е 460 евра само кирија без сметки значи за двособен зборам. Имаш соби ти идат до 150 евра со све сметки односно нешто како студентски дом/интернат. За трошење не знам колку трошиш али еве по мене трошам 400-500Е на месец.
 
Коа се аплицира за постдипломски
се аплицира као за 1 или 2 семестра или се мисли на целите додпилмски студии (2 години)?
ништо не разбирам од странана све е на словенечки
и која е тогаш поентата да се аплицира за 1 или 2 семестра се здобиваш ли со некоја диплома или?
има ли некој што е таму на постдипломски да појасни? Фала :)
 
Сакам да одам на магистерски студии во Словенија на универзитетот во Љубљана, факултет за градежништво и геодезија. Ме интересира дали има некој што бил на овие студии, дали има информации кога излегува конкурсот, начинот на пријавување, што документи ќе требаат итн. Исто така дали школувањето е бесплатно? Татко ми работи веќе 7 години таму, има словенечка лична карта и возачка дозвола, не знам каков статус точно има. Сакам да одам во јуни неколку денови на факултетот таму и да се информирам точно што-како, ама ако некој информации да сподели и овде, да знам навреме да обезбедам некои работи ако е потребно :D
 
Прашање до сите што учат во Словенија:
1.Дали е точно дека е бесплатно учењето во Словенија за нас??
2. Како се снаоѓате со јазикот?
3.Дали е точно дека одреден број на наши студенти се праќаат на некои факултети (пр. 4студенти за стоматолошки факултет, 2студенти за Технолошки факултет итн.)?
4. Како се рачуна просекот дали е како нас или инаку (повеќе информации за ова ако може)
5. Има ли работа за студенти?
6.Имате ли извадено Сло. пасош или со наш учите? Дали воопшто даваат пасош на страни студенти?
Фала однапред за одговорите.
 
Нема шанси пасош значи ќе ти даваат виза како дозвола за престој во државата, работа се наоѓа лесно како студент. Бесплатно беше сеа незнам дали е сеуште, јазик ќе се снајдеш брзо има од Македонија доста студенти ќе ти помогнат. Просекот треба да се рачуна исто.
 
Прашање до сите што учат во Словенија:
1.Дали е точно дека е бесплатно учењето во Словенија за нас??
2. Како се снаоѓате со јазикот?
3.Дали е точно дека одреден број на наши студенти се праќаат на некои факултети (пр. 4студенти за стоматолошки факултет, 2студенти за Технолошки факултет итн.)?
4. Како се рачуна просекот дали е како нас или инаку (повеќе информации за ова ако може)
5. Има ли работа за студенти?
6.Имате ли извадено Сло. пасош или со наш учите? Дали воопшто даваат пасош на страни студенти?
Фала однапред за одговорите.

1.да
2.после година и 7 месеци го зборам одлично
3.има распишано по колку луѓе од странство примаат (vpis.uni-lj,si за повеќе информации)
4.Зависи на кој факс си, на фармација имаш просек од вежби, испити и комбинирано испити + вежби)
5.Има многу
6.Пасоши за едно 10 години, со македонски учиш односно вадиш виза
 
Да прашам: дали се бесплатни постдипломските студии за нас, кои што сме од Македонија?
И, ако ти понудат работно место после студиите, имаш ли шанси да добиеш постојан престој, или како ќе биде... Само 3 месеци па пауза и пак исто? Не ми е јасно...
 
Ако има некој што планира да се запишува оваа година на некој од универзитетите од Словенија, обавезно да ми пише. :D
Затоа што јас сум решена да одам.
 
Да прашам: дали се бесплатни постдипломските студии за нас, кои што сме од Македонија?
И, ако ти понудат работно место после студиите, имаш ли шанси да добиеш постојан престој, или како ќе биде... Само 3 месеци па пауза и пак исто? Не ми е јасно...

Бесплатни се. Ако ти понудат работа нормално дека можеш работна виза да извадиш. Само треба да најдеш работа xD
 
Секако дека треба да си најдеш, јасна работа :)))))

Туку, сигурен ли си дека се бесплатни, 100 посто? Пошто на страницата на Универзитетот има ценовник за магистерските студии и за секој факултет има различна партиципација. Тоа за кој важи?
 
Околу 100-150 евра е упис приближно. Партиципација околу 2000 евра плаќаат само нередовни студенти.
 
Ти благодарам за информацијата.
Но, имам уште едно прашање :))))

Кои се условите за да престојуваш како студент во Словенија? Дали и колку пари треба да имаш на сметка, на пример? Би бил благодарен доколку ми објасниш ти или некој друг кој што знае.
Поздрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom