@VeS
Молим те, не се пенави толку на мене.
АКо ти држи газот, оди и буни се каде што треба. Ако не, живеј си у Пелагонија и кроти си.
Во секое општество, студентите се носители на промени, тие штрајкуваат, се бунат, само кај нас се пара за поткусурување.
Еве ВМРО ќе ја дадел зградата (не знам која). Зошто да ви ја даде? Зошто не ја заземете?
Или протестирајте.
Што ве спречува?
Не се напвам не се секирај, само тоа твоето "се челичат" ми боди очи.
Ако мислиш дека тоа е начин на челичење на човек, тогаш и дома нека биде така.
Да, треба и хигиена не викам не. Ама има некои работи кои хигиената не може да ги промени.
Најпрост пример ти е дограмата.
Друго, дали мислиш на 21ви век е нормално место во вц школка, да мочаш во нужник?
Не живеам во Пелагонија, баш ради тие услови се отселив, кога на сред колоквиумска завршив на инфузии зошто немав топла вода побогу да се искапам.
И ти ми викаш така дека треба јас да се челичам?
Жити се?
Во секое друго општество ниту студентите, ниту народот не се замара со политика, колку шо политиката се замара со него.
Кај нас има премногу политика за да можиш да крениш масовен штрајк на студенти.
За да ме примат во Пелагонија знајш дека прво ме прашаа за која партија ќе гласам?
Е, до таму сме.
Да не навлегувам во политика, ќе одам офтопик, муабетот ми е дека океј е и да се рашири веста и да видат сите во какви грозоморни услови се живее.
Немој да ја потценуваш моќта на интернетот.
Можеби ќе се притиснат who knows, важни им се гласовите и на неопределените.
^ dat didn't happened ... иначе, порталите кажаа а некој дигна прашина за џабе. Не се деси ништо пошо очигледно никој ништо не знаеше за тоа, не можеа толку да го заташкаат некој барем нас тука ќе ни кажеше. А лифтовите ко шо глеам се во иста состојба од претходно.
Е сега, ситуацијата е прилично лоша, ја ко 3 години тука ми е веќе сеедно, значи навика е. Иако по сите правила не би требало да се навикнуваме. За мензата нема да зборувам, нема муабет тука, не е мензата крива туку надлежните.
Второ, супер е иницијативата и стварно е супер што толку се рашири. Дури дечките од повисоко се толку очајни да го скријат ова што го блокираа фејсбук од главните сервери кој никој не ги користи и никогаш нема интернет.
Лошата работа во сево ова е што не знам дали тие што ја почнаа иницијативата се партиски војничиња, иако ми изгледа така, а и да не се веќе ги фарбаат плави, тоа е стариот трик за да се извадат од вакви гомна. Најлошата работа е што се ќе остане само на фејсбук, форум и портали. Нема никој да се свести од коментари и лајкови, споделувања и слично. Одамна во државава фали критична маса, некој што ќе тргне по улици. Е тоа нема, едвај 100тина души ако се соберат. А тоа е ништо во однос на сите студенти во државава општо или во Скопје. Тука треба таа критична маса, на пример, Лондон пред некоја година... Значи го запалија Лондон (почна од студентите нели) за 10 фунти што им поскапија школарина или така нешто... а 10 фунти ти се минимална сатница во Англија (океј поточно 8). А ние? Ние нема ништо да направиме, слушнаа сите за ова, сите го прочитаа, ќе се задуши како се останато досега.
Треба да се случи тоа што се случи во Лондон, во Босна, да покажеме заби за да некој не слушне. Исто како студентскиот бунт во Југославија кога некој ќе рече било невозможно да го дигнеш гласот против нешто, а тогаш сменија многу работи.
Marchelo once said:
Hoćeš protiv njih? Onda budi bolji od njih.
Hoćeš STVARNO protiv njih? Ne pucaj kapislama na njih.
а ние се растуривме од пукање со каписли...
тоа имам да кажам
reporting from „бетонот“ г блок, 10ти спрат
I agree.
Најтрагично е шо ситуацијата ќе се влошува. Дотраен материјал.
Еднаш влегов во Гоце, не памтам во кој болк беше, ама полошо и од на слики ми се виде (барем ходниците)
Незнам каква позадина има сето ова, ама и политичка и неполитичка секако такви услови се неоправдливи и ако можат некако да се сменат, тоа ќе биди за доброто на сите шо седат таму и тие допрва шо седат.
Па, побогу не се ова некои апартмани со 5*, па пукнала цевката се кренал паркетот, студентите не можат нормално да одат во собата.