Ете пак тргнавте со тоа дека студентите се криви. За тоа дека краделе казанчиња, мочале насекаде, не ги чистеле тоалетите (во своите соби, за нив се одговорни, не за заедничките), постои ЗАКОН кој треба да се спроведува. Значи, инспекција 1 месечно, па да се види кој е во собата, дали има илегалци, дали е нешто скршено, СТРАЖАРИТЕ да шетаат и да проверуваат кој се влегува, УПРАВНИЦИТЕ да излезат од своите канцеларии. За тоа што ништо не е вложено со децении, не се тие криви. Значи треба да се средат сите студентски, да почнат ригорозно да се спроведуваат законите и РЕДОВНО да се поправа се што е оштетено. Тоа е рецептот за успех, во светот функционира, ама кај нас добиваш одговори од типот: нема пари, ај од в лето ќе реновираме, не сум јас супермен да ги фаќам бељаџиите (ова го цитирам стражарот), имај разбирање за нарушувањето на редот, студенти сте (од самата директорка на сите студентски домови).
Тачно!
Што си има мизерии студенти и сељачана и што ли не, си има стварно...неизбежно е тоа во земја како нашава. Секогаш има „хулигани“ кои се прават „паметни“, а уствари не сфаќаат колку се глупи и дека сами на себе си штетат.
Ама, добра управа не би дозволила такво нешто. Што нема организација по студентскиве - нема! Ај јас не сум бил во студентски дом, ама секогаш сум си викал....тешко на студентите што мораат да трпат престој таму. И во право сум бил. Вакви катастрофални услови нема никаде. Сум имал другари и другарки од други градови, просто жалосно и греота млад човек да живее во такви услови. Додека некој се излежава и ужива во станот, овие млади луѓе не можат ни во ВЦ да отидат затоа што ќе затечат еден тон говна.
Видов некој пиша хигиеничарка немало. Што ги кошта ете да вработат по некоја хигиеничарка?
Па чим пајацине дневно се пунат со 3.000 евра од кренати коли и пунат државна каса, неможе некој да ми каже дека месечно неможат да исплатат 50.000 за 5 хигиеничарки. Има жени кои работат тоа за 10.000ден. Па и повеќе да е, има за плати. Дневно се лупаат илјадници евра во државната каса, и тоа од сите можни страни. Не дека владава ништо не прави, прават точно и проекти и се, се трудат...ама џабе и труд и се кога најважната работа е заборавена и оставена со години.
За пензионерите услови од рајот, а за студентите ништо! Срамота е тоа....
Така да како што кажа ти другарче, една редовна контрола да се акне треба, а не чуварот да спие доле со мевот поткачен на маса гледајќи го Рони Осаливен како игра снукер на Еуроспорт кец. Отидов еднаш во Пелагонија студентскиот со другариве да се видиме со една другарка...и тој ни вика: „Од тука сте?“ Му се вртиме и му викаме - „Не“
Си тргнавме нагоре да се качиме, и не остави...не не чепна, а пак нити праша кои сме што сме... Остана да си лежи и да си брка тикет у кладилница на телетекст, зашто да го кренеш газот е голема комплицирана работа...
Господе Боже, бомба можеш да му ставиш, ќе те остаи да ја дигнеш цела зграда у воздух...
Организација 0 има. Наместо да се трошат пари на глупости, треба малце да им се овозможи на студентите барем за нијанса подобри услови.
Тоа значи:
- Реновирање на студентските домови
- Редовна неделна контрола на простории (или дневна)
- Кодекс на однесување и наплаќање за нанесување штети на инвентарот (па да видиме дали некој ќе се осмели да крши)
- Подобри услови за превоз до факултетите
- Повеќе услови за студентски информации и намалени плаќања на факултетите
Само знаеш што ме мачи? Што ова се пишува со години, ама наместо да видам нешто реализирано, јас гледам дека покрај вторник и петок, сега и сабота и недела за пензионериве имало бесплатен превоз. После на жичара е 50 ден. за пензионери, а за студенти и млади луѓе = 150ден. Така да кој ги е*е студентите, дај им на пензионерите се. И кај не можат студентите да стигнат на предавање, па уште нека се бутаат во автобуси со пензионерине и нека се маваат со компири. Кога више сакаа политика да водат и да лапаат гласови на избори од пензионерите, барем да земат нека им тупнат бесплатен превоз таму на 8ми или кога зимаат пензија. 1 ден само да биде тоа. А после тоа за викенд во ден недела (кога не се крета ниедно суштество во град и + пазар им работи). Ужас, немам коментар. Ваков идиотизам со наука не се докажува како што има кај нас. Абе не ми се ни верува за што водиме дискусија. Во светон плачат гратис ајфон за секој студент да има, а кај нас за чисто ВЦ се молиме....
ДЕБИЛИЗАМ од романите!