Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Копија без нотар нигде не се важи, ама можи ваму да е така, јас сепак 2 си извадив, пошто не е нагласено какво треба да е.

Копијата од уверение за државјанство не треба да се завери на нотар и како таква ти ја примаат со документите.
--- надополнето: 8 август 2012 во 22:34 ---
Ме интересира овдека шо треба конкретно да пиши :
.Изјава од родителот – старателот за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
Исто, дали можи копија од уверение за државјанство или мора да вадам уште едно?

Изјавата ја има објавено со другите документи што се спуштаат од страната

http://www.smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj/documents
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS
Ова што треба "Година во која си запишан" и "семестар во кој си запишан", како да ги пополнам. Јас завршив 2година, 4ти семестар, и сега во септември треба да запишам 5ти семестар, 3година, но уште ги немам запишано, дури во септември се уписите?

И мене тоа ме бунеше, али пишува „Запишан семестар во студиската 2012/2013“, така да внеси кој семестар ќе бидеш сега наредно. Иако не ни се уште запишани, и нема смисла, наведена е следнава студиска година, така да... (истотo важи и за годината која ќе бидеш)

Инаку за тие што не им беше јасно каде треба да се внесат тие приходи по член 14 и 14-а, од порталот почнале да праќаат мејлови со објаснување дека тие всушност НЕ ТРЕБА да се внесат, туку останатите како: плати од родители, приходи по разни основи итн.
 
Слушнав некаде дека доколку родителот е сопственик на фирма се поднесува некој друг документ, не тој за нето плата. Некој поупатен знае нешо?
И да, Кузман или Пелагонија? Ваш совет? :)
 
И да, Кузман или Пелагонија? Ваш совет? :)

Кузман и Пелагонија ти се најдобри. Е сега Пелагонија е посреден, и што е многу важно имаат WC во соба или меѓу 2 соби, но се по 3-4 души во соба, а во Кузман се по 2ца во соба. Тоа мене ми беше решавачко, едно е да треба да се навикнеш / живееш со 1 карактер, друго е со 2-3. Исто така Кузман ти е поевтино (бидејќи Пелагонија е нешто како приватен нели) и е на најдобра локација во споредба со сите останати, во центар. Иако и Пелагонија е на релативно добро место... и тоа, шо знам. :rolleyes:
Јас лани ја имав истава дилема и се решив за Кузман заради горенаведеното... и годинава одам пак таму :)
 
Лани во Кузман беше? Како не те знам :D
 
Еих, пола Кајгана излезе дека седи во Кузман. :D Што не кажете, и онака често наминував на журка во клубчето и кај другари, па да варите некое кафе или некоја пијачка да мавнеме :D
 
Кога ќе има резултати од аплицирањето за сместување???
Тие страните како беа?
 
Пааа можи ме знајш, шо знам :) Бев на 6ти спрат во женски дел, ако значи нешто
Јас на 5ти бев во машки, ама сигурно те знам, имав другар што седи на 6ти во женски дел :)

Инаку сакав да прашам, зашто во потребните документи никаде не пишува дека треба да се извадат оние потврдите од УЈП туку само потврда од плата или од агенција за вработување. Лани знам дека ги вадевме и тие од УЈП.
 
Рок за електронското пријавување на студентите од I година почнува од 21.08.2012 година до 27.08.2012 година.
Ова сигурно е така или драпа колчина?
Оти му стаса меил на другар дека пријавувањата се до 12, а тој само се регистрираше на системот па чека 21 за да се пријави и тој .
 
Ова сигурно е така или драпа колчина?
Оти му стаса меил на другар дека пријавувањата се до 12, а тој само се регистрираше на системот па чека 21 за да се пријави и тој .

Така ќе е. До 12ти се за повисоките години.
 
Ова до 12ти Август важи за студентите од 2ра година па нагоре, така? За бруцоши кога?? Ај побргу одговорете ми ве молам. Итно ми е. Фала однапред :)
 
Ова до 12ти Август важи за студентите од 2ра година па нагоре, така? За бруцоши кога?? Ај побргу одговорете ми ве молам. Итно ми е. Фала однапред :)
od 21 do 27 mislam pisuva
 
с.д Стив колку е оддалечен од Градежниот ф. ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom