Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Ај неколку прашања во врска со аплицирањето:

Студиска година во која сте запишани: - Овде се мисли на тоа која година ми е веќе запишана или која година ќе бидам нареднава, додека седам во студентски? Сега сум втора за трета година, али кога ќе извадам потврда од факс ќе пишува дека сум запишана во втора, пошто нормално, таа ќе ми биде запишана, трета запишуваме дури онаму во септември.

Запишан семестар во студиската 2012/2013 година: - Dafuq?
И ова се запишува во септември, последниот запишан (IV семестар) ми е од студиската 2011/2012.

Внесете го просечниот успех остварен во текот на студирањето од првата до тековно запишаната студиска година: - Едноставно пошто очигледно не сфаќам за која тековно запишана мислат. o_O Во мојот случај ваљда то е вкупен просек од прва и втора година, ама ај.

Материјална состојба на студентот
НАПОМЕНА:
1. Приходите за примања по основ на имот, земјоделска, стопанска и професионална дејност како и приходи по други основи се внесуваат збирно од потврдите добиени од Управа за јавни приходи.
2. Приходите по член 14 и 14-а што се впишани во образецот од УЈП се впишуваат во електронската апликација

- Треба прво да земам потврди од УЈП па да ја пополнувам електронската пријава?

Се извинувам за давењето, се надевам ќе се најди некоја фина и упатена личност да ме просветли. :eek:
 
Студиска година во која сте запишани: - Се мисли која година ќе бидеш наредната. Знаат тие дека на 20ти август кога се носат документите, дека немаме запишано година.

Запишан семестар во студиската 2012/2013 година: - Исто и ова.
Внесете го просечниот успех остварен во текот на студирањето од првата до тековно запишаната студиска година:
Просекот од сите години заедно треба да го внесеш.
Материјална состојба на студентот
НАПОМЕНА:
1. Приходите за примања по основ на имот, земјоделска, стопанска и професионална дејност како и приходи по други основи се внесуваат збирно од потврдите добиени од Управа за јавни приходи.
2. Приходите по член 14 и 14-а што се впишани во образецот од УЈП се впишуваат во електронската апликација
- Да треба да земеш потврда од УЈП па да пополнуваш, 14 и 14 а ти се први, под него за земјоделска дејност и останатите. Ќе се снајдeш. :)

E сеа ова 14 и 14 а нема каде да се внесе. Има едно поле за плата за мајка и едно за плата од татко, ама 14 и 14 а се лични примања и нема каде да се внесе. За плата пишувам од потврдата од работното место на родителите. Некој да се сеќава дали го внесувавме ова?
 
Заинтересиран сум за аплицирање во Гоце, и сега ме интересира дали има шанси да се земи апсолвентска соба ако воопшто постојат и какви услови има во нив, дали има веце колку се големи и во кој блок се наоѓаат. Инаку оваа година ќе бидам апсолвент и имам висок просек, па ги исполнувам тие критериуми.
 
Студиска година во која сте запишани: - Се мисли која година ќе бидеш наредната. Знаат тие дека на 20ти август кога се носат документите, дека немаме запишано година.

Запишан семестар во студиската 2012/2013 година: - Исто и ова.
Внесете го просечниот успех остварен во текот на студирањето од првата до тековно запишаната студиска година:
Просекот од сите години заедно треба да го внесеш.
Материјална состојба на студентот
НАПОМЕНА:
1. Приходите за примања по основ на имот, земјоделска, стопанска и професионална дејност како и приходи по други основи се внесуваат збирно од потврдите добиени од Управа за јавни приходи.
2. Приходите по член 14 и 14-а што се впишани во образецот од УЈП се впишуваат во електронската апликација
- Да треба да земеш потврда од УЈП па да пополнуваш, 14 и 14 а ти се први, под него за земјоделска дејност и останатите. Ќе се снајдeш. :)

E сеа ова 14 и 14 а нема каде да се внесе. Има едно поле за плата за мајка и едно за плата од татко, ама 14 и 14 а се лични примања и нема каде да се внесе. За плата пишувам од потврдата од работното место на родителите. Некој да се сеќава дали го внесувавме ова?

Благодарности. :D Инаку за платите треба според потврдата од работното место, и јас така знам, така беше и минатиот пат, а и при аплицирањето за стипендии... :unsure: Не се бараше таква работа како тие од 14 и 14-а...
 
Сакам да ги прашам поупатените за нешто :)
Заршив факултет во Битола(имам уште дипломска работа), и сега сакам да продолжам да постдипломски студии во Скопје. Некој да ми каже како да аплициррам за стан во Скопските студентски домови(ако воопшто имам право)т.е дали да ги приложам документите од Битола со тој успех или ? И дали има апсолвентски соби, и по која цена се тие.
Прашував преку телефон во Пелагонија, ама одговор не добив :)
 
Благодарности. :D Инаку за платите треба според потврдата од работното место, и јас така знам, така беше и минатиот пат, а и при аплицирањето за стипендии... :unsure: Не се бараше таква работа како тие од 14 и 14-а...
Ама погоре пишува дека приходите од 14 и 14 а се внесуваат во електронската апликација ? Ме буни малку, ама со потврдата од работното место на родителите ја пуштив пријавата. :)
 
Да, го имаат нели на почеток пишано, али не е потенцирано каде, така да и јас ќе ги внесам тие од потврдите. Пишав на таму наведениот е-mail да ги прашам за ова, па фала Богу се помачи да врати некој. -.-
Инаку што подразбираат под приход од вршење стопанска и професионална дејност? Во потврдите од УЈП нема некои наведени како такви.
 
Во апликацијата за студентски дом во полето - предвидени испити до денот на подесување на електронската пријава треба да ги напишам вкупно колку испити се во годината или уште колку ми имат останато за полагање? :)
 
Може ли во стан од 60-80 квадрати што има 3 соби за спиење + кујна и купатило што се издава по 300 евра да се сместат 6 студенти?
По што трошковите би им биле по околу 4000-5000 ден со струја, вода,парно и интернет? Исто како во студентски секој со цимер во соба но пак барем е почисто wc-то и кујната. :)
зависи кај си запишан ... ако си на технички факултет (посебно ФЕИТ и ФИНКИ )кај што се бара многу редовно учење тагаш би имал голем проблем со гужви... нема да можеш да се сконцентрираш.. на кој му текнало фудбал да гледа... кој женска си донесол.. кој колега/колешка му дошле... на некој му се пија. на некој му се дува :cautious: ... то е ... премал е просторот од 70 квадрати за 6 мина ...
ако си на општествен факултет... пак би имале гужви, ама таму не се бара многу редовно учење така да нема да имаш некаков проблем со гужвите и учењето... напротив баш ќе имаш добар социјален студентски живот
патем кај го најдовте 300 евра за 70 квадрати?!!? да не е прецедателски апартман ???
 
Во апликацијата за студентски дом во полето - предвидени испити до денот на подесување на електронската пријава треба да ги напишам вкупно колку испити се во годината или уште колку ми имат останато за полагање? :)
Предвидени испити до денот на поднесување, до сега колку вкупно предмети си имала, а погоре во друго поле има вкупен број на положени предмети. Значи вкупно предмети од сите години, според мене. :) Зашто не е логично во полето вкупен број положени испити пишуваш 30 на пример, а вкупно предвидени предмети 10(од една година како што викаш ти), туку од сите заедно.
 
зависи кај си запишан ... ако си на технички факултет (посебно ФЕИТ и ФИНКИ )кај што се бара многу редовно учење тагаш би имал голем проблем со гужви... нема да можеш да се сконцентрираш.. на кој му текнало фудбал да гледа... кој женска си донесол.. кој колега/колешка му дошле... на некој му се пија. на некој му се дува :cautious: ... то е ... премал е просторот од 70 квадрати за 6 мина ...
ако си на општествен факултет... пак би имале гужви, ама таму не се бара многу редовно учење така да нема да имаш некаков проблем со гужвите и учењето... напротив баш ќе имаш добар социјален студентски живот
патем кај го најдовте 300 евра за 70 квадрати?!!? да не е прецедателски апартман ???
Не е за мене прашувам во име на едни другари сакаат по 6 да бидат во еден стан во Аеродром во кулите тие станови за 300 евра месечно плус сметки.
 
Како беше финтата ако имас матурант во фамилијата :D Мислам дека требаше копија од дипломата или неш слично. Дали да пишам ученик или како студент (бидејќи ќе студира,но уписите им се после рокот за пријавување) ??
 
Ја коа бев матурант и се пишав у студентски требаше дипломата заверена на нотар да биде(пред 3 години) и плус од средното потврда за ученик, а сеа оти тебе не ти треба за тебе, туку за матурант во фамилија, би требало само потврда за ученик.
 
Ајде некој по ПП нека ми пише да се консултирам нешто за пријавувањето, да не гњавиме по темава ситни прашања...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom