Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Пелагонија :) па ене ја карши мене, имате и гага интернет
Луксуз за добри пари
 
Има врска колку ти е старо државјанството? Имам ланско, не знам дали да вадам ново...
 
Јас седев минатата година, сега пак поднесов, ќе чекам утре резултати. Добро е, не е лошо. Лани бев на 7 спрат бидејќи таму седат само бруцоши(машки), а над нас на 8ми беа бруцошките, сите бевме генерација, сите се знаевме меѓу себе и беше онака, баш ко на одмор да си. Единствено е лошо што е многу бучно на последните 2 спрата, нон стоп има галама. Сега ќе се оди надолу, а таму како што знам е поонака, тивко и "мрачно". Има разлика во генерации на спратовите и нема толку многу дружење како на последните 2 спрата:(

Инаку спреми се малку физички за тепање за јадење во 5 саат кога ја отвораат мензата за ручек. Поголеми говеда и невоспитан народ немав видено до лани. Тоа е стампедо во борба по храна, не личи на ништо, па ти дојде некој албанец ти пола саат чекаш за јадење тој преку ред за 2 минути земе нарачувајќи стек на албански. "Ди стека" е зборот што најјмногу го слушав во менза:(

Исто и читалната "sucks". Голема е, ама преполна е. За време колоквиумска се случува по 20-30 минути да чекаш некој да стане за да седнеш, а треба во декември во шорц да одиш таму бидејќи е ненормално топло, сауна.

И спреми се за туширање со ладна вода, почни уште сега малку по малку со се поладна и поладна да се тушираш зошто ваму никогаш нема да начекаш топла. За да се истушираш среда пред излегување(студентски ден е среда во Пелагонија) ќе мора да пуштиш силен метал на звучките и да скокаш и правиш "headbanging" под туш.

Покрај сите овие недостатоци сега и не ми е јасно зошто повторно поднесов за таму, но најверојатно е поради друштвото. И, барем собите се добри, или барем лани собата ми беше добра, сега ќе видиме како ќе биде. Поздрав и се гледаме од 15ти септември ако влеземе двајцата.;)
 
Има врска колку ти е старо државјанството? Имам ланско, не знам дали да вадам ново...
Има везе, како не. Ти можит и веќе не си државјанин со старо државјанство. Не дека не си, ама така идет зборот де. Утре резултати. :P Некој раат ќе си спиет вечер.
 
Има везе, како не. Ти можит и веќе не си државјанин со старо државјанство. Не дека не си, ама така идет зборот де. Утре резултати. :P Некој раат ќе си спиет вечер.
Ај се кладиме дека ќе доцнат резултатите и нема да бидат утре?
 
Ај се кладиме дека ќе доцнат резултатите и нема да бидат утре?

Или тоа или нема да може да се отвори страната од „преоптеретеност“. Додека ги средат сите врски и врскаџии. :)

Лани не доцнеа прелиминарните, конечните доцнеа.
 
Ти бе уште по студентски се влечиш? :P
Уште не ми забраниле.
Или тоа или нема да може да се отвори страната од „преоптеретеност“. Додека ги средат сите врски и врскаџии. :)

Лани не доцнеа прелиминарните, конечните доцнеа.
Доцнеа еден ден, мислам. Како и да е, годинава ќе доцнат еден ден.
 
Или тоа или нема да може да се отвори страната од „преоптеретеност“. Додека ги средат сите врски и врскаџии. :)

Лани не доцнеа прелиминарните, конечните доцнеа.
Врскаџиите се во конечниот список, не на прелиминарни! ;):D:D
 
Излегоа резултати!

Добро, мене не ми е јасно, за во Пелагонија пишува 937 легла, а на список бапнале над 2 000 луѓе и тоа без никаков ред и бројки.
Изгледа сите што аплицираа ги има на прелиминарен? :confused:
 
Aj наздравје ! До кога се поднесува приговор ?
 
Излегоа резултати!

Добро, мене не ми е јасно, за во Пелагонија пишува 937 легла, а на список бапнале над 2 000 луѓе и тоа без никаков ред и бројки.
Изгледа сите што аплицираа ги има на прелиминарен? :confused:
Немат 2000 бе, шо збориш. И мене ме нема на прелиминарен. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom