Струмички карневал

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
407168_10150611853174043_204929489042_8815490_633578011_n.jpg


428034_2808506734686_1319221990_32764042_992340107_n.jpg
 
Диџеите се шта да ти причам. Диџеј Сара, озбилни сте?
Ќе има повторно журка на паркингот под плоштадот или слабо?
 

Друже абе не треси зелени... Бог да чува карневалот секогаш се одржуваше во вторник бидејки Струмичкиот карневал секогаш се одржува во чест на армасаните. Незнам дали си од Струмица но доколку не си убаво е да знаеш дека во вторник, оди момчето кај невестата т.е. неговата армасница маскиран и таа треба да го пронајде меѓу маскираните. Во среда се пеат мрсни песни за да се подготви младата за сексуалниот живот... Тоа го прават стрикно женски. Во понеделник традиционално се јаде бел посен грав на струмички (бел фасуљ), а на прочка си беа детските карневали. Значи тоа е направено исклучиво за да има повеке туристи. Токму тоа го прави Струмичкиот карневал поразличен од другите... Секако и далеку поисплатливо е карневалот да се одржи во Сабота... Повеке гости, повеке пари за угостителите. Инаку и во вторник традиционално повторно ке се одржи карневалско корзо... Значи за да се задржи традицијата повторно во вторник ке се одржи еден вид на мини карневал


http://www.strumickikarneval.com/mak/mak.htm

Знам ги многу добро адетите. Но треба да разбереш дека не е логично во понеделник да почнува постот а потоа во вторник да се пие алкохол.
 
Јас пак да повторам, има организиран превоз од Скопје до Струмица, (и враќање назад), во сабота. Картата чини 450 денари, па бујрум кој сака да се журка.
 
Покрај тоа што се наруши традицијата со преместувањето на денот на одржување на главната карневалска вечер, денес разбрав дека уште едно обележје ќе остане запоставено .. NO T-DJ MILANA IN SELECT !! :((n)
 
Секоја година сум редовен гостин на струмичиот карневал,, ретко такви журки во Македонија. (кој бил знае) ,,туку имам прашање за сите вас.

Кај би можел да најдам комплетни маски\униформи за возрасни во Скопјево? , утре ке се распрашувам во Вучко па секоја информација би ми била во голема помош. :love:
 
Вечерва почнува Струмичкиот карневал
B89C18C80DFF22489788F8704563A9BD.jpg

Во градот под Царевите кули вечерва ќе се одржи Струмичкиот карневал. Првпат во својата повеќевековна традиција, големиот Струмички карневал, наместо во вторник, се одржува во сабота.
Ваквата одлука организаторите ја донеле заради почитување на верските правила на големиот велигденски пост, како и можноста, во деновите на викендот оваа карневалска манифестација да ја посетат поголем број на граѓани од нашата и соседните земји.
Во големата интернационална карневалска поворка се очекува да продефилираат над две илјади лица под маски, меѓу кои и 14 групи од карневалски градови од исто толку европски држави.
- Убавото време не охрабрува и очекуваме годинашниов Струмички карневал да го проследат околу 50 илјади посетители, изјави Александар Цицимов, претседател на Организациониот одбор на Карневалот.
Според програмата, утре напладне ќе се одржи „Детскиот карневал”, во понеделник ќе бидат прогласени најуспешните маски, а наградите ќе бидат доделени во вторник, кога наградените под своите маски ќе прошетат по струмичкото корзо, со што се враќа вековната традиција на посета на домовите на армасаните.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E15C9B0CB6A37B4C84ABCC9CF04ADF2A

http://www.strumickikarneval.com/mak/mak.htm
 
Диџеите се шта да ти причам. Диџеј Сара, озбилни сте?
Ќе има повторно журка на паркингот под плоштадот или слабо?
Ке има мислам, ако не се лажам таму ке пее Бора Чорба. За карти и маса не сум информиран :D
 
Брејееееј, брејјјјјј страшно беше ајде здравје наредната година да биде појако и уште повеќе гости...:)
 
дајте некој нека објави некоја фотка ако има, да погледат и тие што не биле на карневалската вечер.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom