Струмички карневал

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Подготовките за Струмичкиот карневал се во тек



28518_116631905037116_100000709203002_138546_5228364_n.jpg

Во општина Струмица веќе неколку месеци интензивно течат подготовките за Струмичкиот Карневал 2011. Од Организациониот Одбор на Струмичкиот Карневал дознаваме дека и оваа година ќе има голем број новитети, се со цел карневалот да добие епитет на најуспешен карневал.
Според предвидената динамика Струмичкиот Карневал ќе започне на 05.03.2011 во 20 часот со традиционалниот маскенбал во хотел Сириус и изборот на принц и принцеза, на 06.03.2011 ќе се одржи детскиот карневал, 07.03.2011 е чист понеделник, а главната карневалска вечер ќе биде во вторник на 08.03.2011 со почеток во 18 часот. Во среда 09.03.2011 ќе се одржи традиционалниот тримерски ручек. Програмата ќе опфати како и секоја година изложба на карикатури, а оваа година за прв пат ќе биде одржан и концерт под маски на учениците од музичкото училиште под покровителство на Струмичкиот карневал. Заради новото идејно решение на плоштадот поворката на главната карневалска вечер ќе биде делумно променета. Другите новитети засега остануваат изненадување истакнуваат од Организациониот одбор.

28518_116632768370363_100000709203002_138551_5993004_n.jpg
28518_116637705036536_100000709203002_138600_944424_n.jpg






 
Ајде повелете бујрум,скопјанки,битолчанки и тако даље :icon_razz
 
Каква ќе е понудата низ кафичите, кои ди џеи каде ќе се, цени и сл. ?
 
Каква ќе е понудата низ кафичите, кои ди џеи каде ќе се, цени и сл. ?

Мислам дека сеуште нема понуда низ кафичите за ДЈ, само се знае дека долу паркингот што е под плоштадот ке биде изнајмен т.е. ке има шанкови од повеке кафичи и забава ке организира Антена 5
 
Ќе има во пакингот под плоштадот, „Метрополис“ :) А ќе има и во спортската сала некои DJ од Бугарија
 
Нема карневалска атмосфера како предходните години, жално е некако. Дали со 2-3ца имам направено по 2 реда муабет за карневалот, ааа еве го се ближи, за 10ина дена е. Кафичите кротат, никој не знае, а и не е заинтересиран што ДЈи ќе има, понуди, монуди трето пето ..

Ама се надевам дека на крај пак добро ќе испадне ! :toe:
 
И јас ке дојдам , имам роднини таму се надевам убаво ќе си пројдам :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom