Струмички карневал

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто слики ова она некој да каже да има поставено на некои веб страни?
 
Не бев годинава и баш ми е криво!
Од видеово само што гледав...изгледа убаво било,само дождот малку зафркнал!
Карневал во Струмица - Време за под маски
http://mesto.com.mk/video/339d2155181d082/
 
имам еден супер фолдер за машките на кајгана,а да видат карневало шо как.... само не бива да ги прикачам, се ми вика грешка во прикачувањето.... мош и админите треба да дозволат поголеми слики да се стават и да нема толкави ограничувања....
 
Струмички карневал 8.3.2011

Kарневалот во Струмица е доста долга традиција и него го спомнува патеписецот Евлија Челебија уште во 1670 година . Тој минувајќи низ Струмица запишал : ...Дојдов во еден град , расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа , низ смеа писок и песна... што јасно укажува на можноста дека се работи за тримерските карневалски свечености во Струмица .
Како еден указителен и мошне веројатен податок и симбол за древноста и старината на овој карневал е и фактот дека многу белези на маските , носиите и предметите кои останале во употреба (облеки од кожа, рогови од разни животни, бик, прч, овен ) , како и алузијата на многуте сакатници со патерици што се појавуваат на самиот карневал ( истерување на злите духови , желбата за здравје , плодност итн.)и кои се карактеристични само за неговата иницијална односно изворна , паганска форма која подоцна доживува извесна трансформација во традиционална форма односно маска , која што сеуште ја паметат најстарите струмичани , бидејки карневалот од кои и да е причини , кои се сеуште во сверата на претпоставки , се поклопува со тримерите односно празникот на армасаните , а кое нешто се гледа од најчестите теми односно мотиви кои провејуват кај неа и кои најчесто се повторуваат се невестата со младоженецот , кои ги симболизираат младенците односно верените , потоа циган и циганка со бебе , со значење како циганите имаат по многу деца , така и новите младенци да имаат бројно потомство одн. многудетност, потоа тука е и попот кој ги благословува младите за среќа, благосостојба и слога во бракот, тука е и ѓаволот најчесто со рогови со , со опашка од вол или некое друго животно , со вила во рацете , кого сите го бркаат , а чија симболика е бркање на сите лоши сили или влијанија кои би можеле да се појават и да им наштетат на младоженците. Многу чест мотив кој се јавува се и мажи претворени во жени со изразени женски атрибути и обратно , со кое нешто сака да се покаже најчесто кои физички особини сака мажот да ги поседува жената и обратно.
Друга карактеристика на традиционалната форма на карневалот чија цел и намена се поклопува со предходната е наследството на бројните еротски елементи , песните исполнети со еротски мотиви , содржини и зборови , препознавањето на момчето по големиот фалус , направен од шише или друг предмет и чија цел е дидактичка , односно упатување и припремање на невестата за идниот брачен и сексуален живот. :)

k_karneval1.jpg


Оваа година карневалот ке се одржи на 8 Март,како што знаеме сите тој датум е исто и денот на жената па според мене ке биде одлична коенциденција женскиот пол да го прослави овој ден под маска во Струмица. (Мала шала)

Сеуште нема доволно информации за програмата на карневалите но како и секоја година и оваа се очекува голема забава за сите генерации.

Мој совет е да учествувате на карневалот под маска а останатото е ваше :)

Доколку има ваква тема ке ги замолам модераторите да ја избришат.
 
Ајде кајганџии, а посебно кајганџики :) ќе ве чекаме да ни дојдете на карневалот. Ако има заинтересирани може и да се видиме на по едно пиво или сок. А за под маска, не планирам оваа година... ќе се претставам каков сум по природа, будала :icon_razz
 
Знае некој како ке одат сега карневалите, бидејки центарот го дигнаа па нема да можат таму. Според моја претпоставка на семафорите ке застануваат, како и да е, повеќе простор ке имаме за шетање и уживање некаде.
 
Карневалот е на 08ми март (денот на жените :) ), стандард како и секоја година во ВТОРНИК.

Лани и јас не бев баш при себе, Милана не извози у Селект :vozbud::pos: .. Ќе видиме шо ќе испадне годинава, иии никаде не сум прочитал, кои ДЈи ќе ги носи Селект, пак да не е Милана дел од лајн апот !? :P

http://travelartphotography.com/?p=3255
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom