Струмица

Која дата е карневалот годинава?
16ти март - главна карневалска вечер
17ти март - детски карневал

2-3 дена унапред маскенбали и предканервалски фешти.. :vozbud:
 
Возам така еден пат со коолта, и гледам кружен пред мене.. си викам добро можно лее толко брзо да стигнах до кружнио (мислејќи на тај големио накај Василево), и ка ти гледам нов кружен направиле, посеран на сред пат.

Ептен лошо, как аматер да гоо правил на некоо minigames игричка...
А удри ли у него?...јас цела кола си га сокрших тама, оше 1-2 ден од ка го праваа ни обележан ни знаци ставиле...:tapp:
 
Малко ретро за потсетување вистинскио нокен живот на Струмица :) :)
Незаборавниот концерт на Коста Бургов и Марјан Танг`чев :)
и вторио дел шо го има на youtube
 
Малко ретро за потсетување вистинскио нокен живот на Струмица :) :)
Незаборавниот концерт на Коста Бургов и Марјан Танг`чев :)
и вторио дел шо го има на youtube
Коо година е тва?
 
Коо година е тва?

Е појма неем, сигурно има десетина година... Се секавам оти огномете имаше тугај од Скала разни глупости ама беше ного од дамна јас тугај бех пилишкар оште мош некој од постарите форумџии од Струмица ке ни каже коо година поточно е тва
 
Струмичани, каде вадите Лекарско уверение што е потребно за возачка дозвола? Во која амбуланта/болница е најбрзо/најефтино?
 
Струмичани, каде вадите Лекарско уверение што е потребно за возачка дозвола? Во која амбуланта/болница е најбрзо/најефтино?
Јас искарах у општата болница, ама бех со инструкторо и он среди сичко.
Знам оти беше 2000 денара.
 
А удри ли у него?...јас цела кола си га сокрших тама, оше 1-2 ден од ка го праваа ни обележан ни знаци ставиле...:tapp:

на овај големиот кружен тек кај анска река булеварот Гоце Делчев успеав да ја закачам колата на задното лево тркало среќа што не ми пукна гумата :vozbud::vozbud::vozbud:

а малиот кружен тек на ленинова кај што се оди накај стадионот шкдм пазарот и центарот на Струмица на овај кружен тек од ка го наприа за 2-3 дена еден се закца во него со голф 4 целиот лев преден дел му беше ќофте напраен исто и бандажот армоника тргнат беше настрана улје течеше од него
 
Јас бех тај :tapp::mad:
 
По две децении, струмичани добија кино

Во Центарот за култура „Антон Панов” во Струмица денеска беше монтирана новата кино-опрема, која ја набави Министерството за култура, а со утрешната проекција на рускиот филм „Војна и мир“, по две децении филмофилите од градот и околината ќе можат да уживаат во проекциите на големото платно, пренесува МИА.

08052013171051_kino%20lenta.jpg

Како што информираше Иван Јовев, директор во НУЦК „Антон Панов”, Струмица е еден од деветте градови во кои Министерството за култура веќе инсталира нова комплетна дигитална кино-опрема која ќе овозможи квалитетна проекција на филмови од разни дистрибутери.
- Во соработка со Кинотека на Македонија и амбасадата на Русија во Македонија, од утре до 14 овој месец љубителите од Струмица ќе можат бесплатно да проследат шест филмови од руската кинематографија. Првите проекции ќе бидат во големата сала, а во иднина во зависност од бројот на публиката и временските услови и потреби на останатите сектори од Центарот, проекциите можат да бидат и на малата сцена, изјави Јовев.
За сега се планираат по две проекции неделно. Влезниците ќе бидат по симболична цена од 100 денари, а од Центарот за култура наскоро ја најавуваат и струмичка премиера на филмот „Трето полувреме“ од режисерот Дарко Митревски.

Не ми е јасна статијата.
Бесплатно е или 100 денари? Нека се одлучат.

И да не знае некој од колку саат ќе биде денешната проекција?
 
До 14ти ќе било бесплатно, одпосле по 100 ваљда и ќе има по две проекции неделно. Рускиот со кој ќе отворат ако не се лажам е од 8 часот, ама не ме фаќај за збор, низ фб видов, статии, слики..
 
До 14ти ќе било бесплатно, одпосле по 100 ваљда и ќе има по две проекции неделно. Рускиот со кој ќе отворат ако не се лажам е од 8 часот, ама не ме фаќај за збор, низ фб видов, статии, слики..

Дај линкче ако има фан пејџ нешто? :)
 
Многу јаки женски имате бе :D . Ама приметив и многу алфа мажјаци. Иначе поздрав до матурантите синоќа шо славеа,заедно си се фативме на орото на тоа кaко плоштад шо ви е :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom