Стравот - предност или мана?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Стравот е емоција која кога се доживува емитува вибрации со ниска фреквенција,обично далеку под 20 MHz. Краткотрајниот страв предизвикан од адреналински удар при опасност е еволутивно вграден и е корисен за да се опстане и да се избегнат опасности.Ги изоштрува сетилата,ја активира мускулатурата и придонесува за tunnel vision перцепција со цел да се совлада или избегне опасноста. Долготраен страв кој постои под разни имиња како грижи,несигурност,параноја,паника,анксиозност...е штетен и за поединецот и за околината,погубен е за психо-физичкото здравје и се пренесува (бидејќи е вибрација) и на оние околу нас,иако се губи нешто од интензитетот...последиците варираат од ситни недоразбирања до тотално психо-физичко пропаѓање...:(

:vozbud:
 
Страв од што?
Страв од некоја надворешна инфлуенца или страв за некоја постапка што ние би требало да ја направиме, а незнаеме дали е правилна?

Што се однесува до стравот од околината, од луѓето (и слично) да, добро е да имаш таков „страв“. Не би го анреклатоа страв, би го нарекла претпазливост, контрола и мудрост. Ваквиот страв секогаш е предност.

А страв за некоја постапка што би требало да ја направам? Нах...мислам дека овој страв само предизвикува стрес и умор. Овој страв Е маана.
Секогаш е подобро да го правиме тоа што навистина го чувствуваме и тоа што навистина го мислиме, без разлика дали е тоа правилно или не. Ако не е лажно од наша страна, ако тоа се нашите емоции, нашите чувства, go ahead! Don't be afraid, you won't be wrong! Само што многу малку луѓе ја имаат таа доблест да бидат искрени и да се водат според своите инстинкти и емоции. Вклучувајќи ме и мене...
 
Дали Санчо Панса е страшливец или само претпазлив, Дон Кихот е храбар или луд?
Анализирајќи ги, професорката го класифицираше Панса како претплазив. Ама дали е таков. Релативноста повторно замешува прсти и тука. Оние што се склони кон плашливост ке го потврдат нејзиното размислување, и зошто, само со цел да го оправдаат своето однесување. Оние пак похрабрите, дефинитивно ке бидат посурови и ќе го осудат како кукавица.

Стравот само не кочи во се, и може да биде само мана, а не и предност. Меѓутоа тој е вграден во нашиот генетски код, и тоа не можеме да го промениме. Нешто што може да се направи е негово совладување од страна на свеста. Мислите дека големите војсководци не се плашеле пред легендарните походи? Опишани се како бестрашни, да, но не бидејќи не се плашеле, туку поради тоа што имале способност и сила да го прикријат од останатите. Храбрите личности стравот го оставаат само за себе. Не сакаат да го делат со другите и така да им влијаат негативно, намалувајќи им ја и таа малку останата сила.
 
Стравот е предност затоа води кон претпазливост,будност, брза реакција во случаи кога треба брзо да се реагира, снаодливост во случај кога треба да се опстане.
 
Според мене,стравот е дефинитвна маана,нешто што го чуствуваме,и неможеме да го отстраниме..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom