Страв од успех?

Успехот најчесто знае да биде целта која ни е поставена во животот. Можеби откако ќе успееме во нешто, се плашиме дека после тоа нема да најдеме нешто друго поради кое би продолжиле да се надоградуваме и усовршуваме.
Стравот од успех, според мене е всушност страв од она кое следи после него.
 
Јас се мислам дека моите цели се многу високи (идеал за женско :)), па и неостварливи (телекинеза :)), а да речеме да се прифатам оваков каков што сум и да бидам безусловно среќен... не можам, то ест не сакам, морам да го ослободам своето его кое сака упорно да сонува и мечтае, и кое ми вели дека ќе станам друг човек ако го отфрлам него (просветление). Што мислите вие за ова, посебно за втората желба? Слободно. Бардовци? :)
 
Јас се мислам дека моите цели се многу високи (идеал за женско :)), па и неостварливи (телекинеза :)), а да речеме да се прифатам оваков каков што сум и да бидам безусловно среќен... не можам, то ест не сакам, морам да го ослободам своето его кое сака упорно да сонува и мечтае, и кое ми вели дека ќе станам друг човек ако го отфрлам него (просветление). Што мислите вие за ова, посебно за втората желба? Слободно. Бардовци? :)

Консултирај се со деданое...

Прво треба да се дефинира што е успех.Ако тргниме од локалново сфаќање за успех чие олицетворение се некакви финални производи на човековиот метаболизам на две нозе...merci...mais non merci...
 
Јас се мислам дека моите цели се многу високи (идеал за женско :)), па и неостварливи (телекинеза :)), а да речеме да се прифатам оваков каков што сум и да бидам безусловно среќен... не можам, то ест не сакам, морам да го ослободам своето его кое сака упорно да сонува и мечтае, и кое ми вели дека ќе станам друг човек ако го отфрлам него (просветление). Што мислите вие за ова, посебно за втората желба? Слободно. Бардовци? :)

Тежнеење е архетипска потреба на човекот да се спротистави на базичен начин на живеење без употреба на благодетите на човечкиот ум.

Телекинеза е постапка за која сеуште не е најден оптимизиран алгоритам па сеуште мора да се користат превозни средства. :smir:
 
Консултирај се со деданое...

Тој има чуден речник, нешто ко хиероглифи му доаѓа начинот на изразување.

Телекинеза е постапка за која сеуште не е најден оптимизиран алгоритам па сеуште мора да се користат превозни средства. :smir:

Цврсто верувам дека за телекинеза (доколку постои) е потребна вера. Да веруваш дека можеш телекинеза како што веруваш дека дишеш. А не дека некаква сила или енергија излегува од нашите очи, раце или ум.
 
Не се плашам од упсех и не знам што е тоа страв од успех.
 
Се согласувам за стравот од успех дека е нешто што се граничи со стравот од промени, бидејќи оние што се плашат од успех, се всушност исплашени од понатамошниот тек на настаните, на односите со луѓето, односно дека животот ќе почне да им се движи по други правци, во кои тие не би можеле да се снајдат.

Истото го имав и јас порано, ептен мислев дека ќе ги загубам пријателите, ќе се загубам себеси, ама сега ми е јасно дека е иреален тој страв и дека е мн поглупаво да ги репресираш своите способности, како би одел во чекор со луѓето околу тебе, бидејќи најпосле - мораш прво себеси да се направиш среќен, па да им делиш радост на тие околу тебе.

И друга работа е дека секој „успех“ е тоолку краткотраен, молневито го снемува и после пак иде време за борба - и вреди ли да му се плашиш на моментот?
 
Страв од успех?Неее обично сите се плашине од неуспех.Успехот е еден вид на гордеење со тоа што сме го замислиле и сме го осрвариле,сме дошле до некаков успех.
 
Страв од неуспех можи, ама страв од успех????????
 
Страв од успех? - интересно.

Можеби е проблемот е во видот на успехот (неговото значење или големина) кој може да го смени текот на животот на една индивидуа. Ако е така тогаш тоа е страв од промени.

Точно така. Успехот со себе носи и свои одговорности. Најголемиот проблем кај успешните луѓе се тие одговорности, како ќе го сносат тој товар, со тој нов притисок.

Успехот најчесто знае да биде целта која ни е поставена во животот. Можеби откако ќе успееме во нешто, се плашиме дека после тоа нема да најдеме нешто друго поради кое би продолжиле да се надоградуваме и усовршуваме.
Стравот од успех, според мене е всушност страв од она кое следи после него.

Прородата на човекот е таква што секогаш се бараат нови предизвици и се поставуваат нови цели. Секогаш постои простор за надоградување.
 
Ок, на сите ни е познат стравот од неуспех, но што мислите за стравот од успех? Дали е возможно тоа? Читав една статија каде што еден психолог пишуваше на оваа тема и ме натера да се запрашам зошто некој човек би се плашел од успех? Дали од стравот дека животот ќе му се промени или дека тој успех ќе биде краткотраен?

Што мислите вие на оваа тема? Стравот од успех - Реален страв или не постои такво нешто?
Човекот е подложен на се, најмногу на стравови, внатрешни или надворешни не прави голема разлика кога од сите нив се обидува да побегне или да ги победи.Комплексноста на неговото постоење извира од самата потреба на човекот да преживее, тоа што низ вековите и дополнителната „софистицираност“ на модерниот граѓанин му дозволила на стравот да мутира во подрачја кои што биле кристално јасни е сосема друга тема за дискусија.
Но, да, мислам дека е реално да се плашиме од успехот ако не сме донеле решение што потоа, ако ова ни е последната скала (сме се убедиле дека е) и ако не сме способни да го надминеме последниот успех со некој поголем.
Иронијата на човекот е во тоа што и најдоброто може да биде најлошо по него.
 
во прашање е самодовербата. нема да дочекаш момент, кога ќе си речеш, да јас сум сега спремен да ја достигнам целта и да се носам со неа. секогаш е патување, и страв. не веруваш дека си доволно зрел и самостоен за да го одржуваш успехот. мислиш дека не си одговорен за да постигнеш нешто. се се врти околу тоа како да ги задоволиш другите, како другите да видат дека си добар во нешто. не е за себе. зашто ако работиш за себе, никогаш нема да постигнеш да бидеш задоволен зашто вечно ќе се плашиш од разочарување по постигнувањето на целта.

и, тоа не е ненормално и не е за на психијатар, туку морате да сфатите дека едноставно постојат луѓе што немаат доволно самодоверба и сигурност, и не веруваат дека всушност се доволно зрели за да се носат со успехот. на нив едноствно им е доволно да се 'гледачи', а не 'правачи'. посреќни се и полесно им е да гледаат како некој друг е среќен со своите успеси, и посакуваат и тие да можат да го имаат тоа, ама ете не можат да се носат, не зашто не се способни, него зашто не веруваат во себе.
 
Страв од успех :pos2:, кој ли верува во такво нешто. Единственото нешто, што постои во човековата природа и го кочи во своето напредување, е стравот од неуспех.
Пред секоја цел постојат само две опции: да успееме или да не успееме. Трето нема. Обично двоумењата започнуваат кога ја пренагласуваме втората можност, односно вечното прашање: а што ако не успеам? И зошто се двоумиме, бидејќи во нас сепак постои уште една сила иста по големина како негативната, но што не влече напред и ни дава надеж да веруваме. Во случај некој да се плаши и од успех, тогаш не би имал зошто воопшто да се двоуми. Тука е многу јасно дека таа личност нема да презема апсолутно никакви акции во животот. Хммм, можно ли е тоа?! Вечно да се плашиш од се, тоа ке биде невиден пекол.
Тие луѓе што "немаат доволно самодоверба и сигурност, и не веруваат дека се доволно зрели да се носат со успехот" всушност не ни имаат такви амбиции и желби за достигнување на нешто високо. Затоа си седат на страна, како и најголемиот дел од народот, и поради мрзливоста да мислат и да се залагаат за некои идеали, едноставно се препуштаат на реката да бидат носени од било какви струи. Па зошто и да мислат? Зошто да ги замараат своите мали мозоци со големи проблеми? Зошто сето тоа, кога многу полесно е да се предаде одговорноста на некој друг, а потоа да се седи во кафич и да се критикува тој што бар дејствува и придонесува за нешто!
Тие што се плашат од промени, во основа се плашат да не нештото тргне во обратна насока, т.е. тоа е повторно стравот од неуспех и... се вртиме во круг...
п.с. Што откако ке се стигне на врвот(ке се успее)?хммм многу стигнале до таму, малкумина се задржале на врвот, па сеа видете:smir:
 
Па може да постои страв од успех,да.Индивидуата се плаши да го постигне тој успех мислам само затоа што во иднина би можела од нејзе да се очекуваат повеќе успеси,и ако не успее да ги постигне тие успеси,самото тоа за нејзе е неуспех или страв да ги разочара најблиските,или околината.
 
Страв од успех постои кога може да си го замислите врвот и да можете тоа реално да го реализирате..Страшното после таквата реализација е што ќе освојувате потоа.
 
Back
На врв Bottom