Страв од успех?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Ок, на сите ни е познат стравот од неуспех, но што мислите за стравот од успех? Дали е возможно тоа? Читав една статија каде што еден психолог пишуваше на оваа тема и ме натера да се запрашам зошто некој човек би се плашел од успех? Дали од стравот дека животот ќе му се промени или дека тој успех ќе биде краткотраен?

Што мислите вие на оваа тема? Стравот од успех - Реален страв или не постои такво нешто?
 
Постои и факт е. Стравот е во тоа што се плашиме да не ги исполниме очекувањата на тоа што сме го достигнале. А неспорно е многу околу нас што пробуваат да го нарушат достигнатиот успех.
 
Постои и факт е. Стравот е во тоа што се плашиме да не ги исполниме очекувањата на тоа што сме го достигнале. А неспорно е многу околу нас што пробуваат да го нарушат достигнатиот успех.

Интересно, но сепак, ако се плашиме да не ги исполниме очекувањата на она што сме го достигнале, зошто тогаш воопшто се трудиме или зошто воопшто имаме очекувања? Зарем не е постигнувањето на успехот остварување на очекувањата или... ?
 
Само за кај психијатар. Озбилно без некакво позадинско значење.
Комплекс, пореметување.

Но сепак, секој има поставео замислена линија на очекувања. Дефинирано успех.
Релативно е. Но сепак со секој достигнат успех ако очекувањата ескалираат и пак сте незадоволни од себе и делата:

tl_sopranos12.jpg
 
Chain Reaction, страв од успех, е тој успех да не доведе до нешто што не треба понатаму.
 
Само за кај психијатар. Озбилно без некакво позадинско значење.
Комплекс, пореметување.

Но сепак, секој има поставео замислена линија на очекувања. Дефинирано успех.
Релативно е. Но сепак со секој достигнат успех ако очекувањата ескалираат и пак сте незадоволни од себе и делата:

tl_sopranos12.jpg

се сложувам,па затоа не би ја должел.:toe:
 
Страв од успех? Има една изрека - ништо не е толку привлечно како она што не сме го постигнале. А кога ќе ја постигнеме целта, сфаќаме дека целата убавина била во патот до целта, а идеализираната цел постоела само во нашиот ум. И Мерилин Монро има речено - мечтаењето да се биде филмска ѕвезда е повозбудливо од тоа да се биде филмска ѕвезда. Значи страв од неуспех всушност :)
Јас сум сепак за разбивање на илузиите, додека не остане само Ништото. :)
 
Страв од успех? И јас се согласувам дека постои. Поготово кај личностите на кои фактички им е страв од неуспех или да не ги разочараат другите, па кога ќе успеат во нешто, знаат дека ќе мораат да продолжат да успеваат за да бидат успешни или па како што пишав, да не ја разочараат околината. Според мене, ова е една од причините зошто на некои луѓе им е страв од успех.
 
па кога ќе успеат во нешто, знаат дека ќе мораат да продолжат да успеваат за да бидат успешни или па како што пишав, да не ја разочараат околината.

Ова е страв од неуспех. Не страв од успех. Значи постигнале нешто - успех, неможат да постигнат истото по друг пат за да задоволат очекувањата - неуспех. :toe:
 
Ова е страв од неуспех. Не страв од успех. Значи постигнале нешто - успех, неможат да постигнат истото по друг пат за да задоволат очекувањата - неуспех. :toe:

Да, но за да се доведеш себеси до таа точка, треба прво да успееш во нешто :smir:, па тука доаѓаат изјавите „Леле, ако успеам, после нема да смеам да потфрлам“ итн. Во право си и ти, но некогаш со успехот доаѓаат тие стравови од неуспех.
 
Интересна тема.

Страв од успех - Мислиш дека сакаш успех, но твојот ум има поставено блокади со кои те спречува од достигнување на успех.

Ова е апсолутно реално и всушност, добивање на било каков успех дали е здравстен, финансиски или каков и да е, колку повеќе се туркаш над твојот концепт за тоа што мислиш дека си или каде треба да бидеш, толку повеќе вознемиреност нормално ќе осетиш.
Постои одредена вознемиреност која што завзема место во процесот на напредок.
 
Oк, свесни сме дека постои реално стравот од успех ама колку и во кои форми.
Според мене стравот од успех е всушност страв од промена.Страв дека работите ке се одвиваат поинаку.Страв од одговорноста која доаѓа со успехот и тоа што го спомна Џену, страв дека веќе не смее да потфрли ако еднаш успее.
Ова и не е буквален страв туку несигурност која се победува во зависност од карактерот.
Не знам дали постои вистински, буквален страв од успех и ако постои тогаш дефинитивно е за во психијатрија...
 
Да, но за да се доведеш себеси до таа точка, треба прво да успееш во нешто :smir:, па тука доаѓаат изјавите „Леле, ако успеам, после нема да смеам да потфрлам“ итн. Во право си и ти, но некогаш со успехот доаѓаат тие стравови од неуспех.
Е баш така. Страв од неуспех е пореток од страв од успех. Кога ќе успееш во нешто, после се плашиш да не потфрлиш во тоа и да ти падне во вода сето тоа кое си го планирал. Стравот од успех е далеку полош од стравот од неуспех. :)
 
Страв од успех? - интересно.

Можеби е проблемот е во видот на успехот (неговото значење или големина) кој може да го смени текот на животот на една индивидуа. Ако е така тогаш тоа е страв од промени.
 
Страв од успех? - интересно.

Можеби е проблемот е во видот на успехот (неговото значење или големина) кој може да го смени текот на животот на една индивидуа. Ако е така тогаш тоа е страв од промени.

Може. Успехот обично носи радост, среќа, полет, а ако човек цел живот живее тажен и мирен, би се плашел од таков лет. Долу си е долу, безбедно си е безбедно.
 
Back
На врв Bottom