Стратегии за обложување

Член од
16 јули 2021
Мислења
698
Поени од реакции
1.341
Отварам нова тема за да не се зима дел од генералната дискусија, каде што се даваат и типови. Повеќе ме интересира дали користите некои стратегии за обложување, имате ли книги, подкасти, јутуб канали или воопшто какви и да се ресурси за кладење? И воедно кој спорт ви е посигурен, дали е семоќниот фудбал или некој друг спорт е вашето weapon of choice.
 
Мене ме интересира онлајн можности за тука, ова 2вин го користев порано...гледам не функционира одамна, да пишам по некое ливче неколку пати годишно.
 
Првиот тикет ми беше во петто одделение кога имав 11 години. Дечишта составивме нешто за 50 денари фатив 800 денари. Доволно да ти влезе чивија.
Од тогаш станав опседнат со билтенот, стратегии-математики. Уплаќав мали суми и многу ретко да погодам нешто.
Кога се вработив почнав со поголеми суми на мал коефициент и имав добивки од 100-200 илјади денари. Неколку по 60.000 денари. И секогаш ги топев за кратко време. Единствено првата кола ја купив од спортска, 10.000 денари на 6 коефициент и купив кола од 1000 евра.

После пробав со Фибоначи/Мартингелев систем, за тие што не знаат тоа е зголемување на влогот после секој недобитен тикет. Имав кеш можев да издржам 5-6 недобитни и кога ќе фатев ќарот беше голем. Со месеци правев лесни пари, мислев го фатив Господа за мадиња. Дури гледав со потсмев на обичните смртници околу мене кои рмбаат за 1000 денари дневница додека јас правев 50-100 евра дневно со посетување на локалната обложувалница. Пари, кола, журки, плажи, коктели. Функционираше супер се додека престана да функционира, односно ме заредија низа недобитни тикети а влоговите беа огромни. Во паника бидејќи сум го стопил цел "капитал" подигнав и кредит и него го искоцкав.

TL DR - нема стратегија што функционира, односно кога ќе почне да функционира и мислиш дека си го фатил Господа за мадиња тогаш ти се ближи крајот и на крај куќата секогаш ќе те победи. А никој не престанува односно да направи 5-10 илјади евра и да рече супер ќар сум се повлекувам, туку викаш сега имам капитал ќе продолжам да ги делкам.

Извор: лично искуство од 22 годишна коцкарска кариера (имам изгубено сигурно 2 стана на сегашниве цени мои лични пари, не ги сметам добивките што сум ги добивал па враќал).
 
Последно уредено:
нема стратегија што функционира, односно кога ќе почне да функционира и мислиш дека си го фатил Господа за мадиња тогаш ти се ближи крајот и на крај куќата секогаш ќе те победи. А никој не престанува односно да направи 5-10 илјади евра и да рече супер ќар сум се повлекувам, туку викаш сега имам капитал ќе продолжам да ги делкам.

Извор: лично искуство од 22 годишна коцкарска кариера (имам изгубено сигурно 2 стана на сегашниве цени мои лични пари, не ги сметам добивките што сум ги добивал па враќал).

Има ама сака труд и истрајност мозок итн…
 
Има ама сака труд и истрајност мозок итн…
Објасни ја.
Човекот од прво лице објасни што и како и како што можеме да видиме од неговото лично искуство - нема стратегија.
 
Објасни ја.
Човекот од прво лице објасни што и како и како што можеме да видиме од неговото лично искуство - нема стратегија.
Нема играње топ лиги, research на ниски лиги каде шо има голем egde, играње сингл со макс 1% до 3% од банката, разбирање варијација и сила да ја пребродиш кога не оди.

Сити Челзи такви утакмици не се гледат никогаш, еве јас живеам од кладење па незнам ни 10 играчи да набројам од овие два клуба.
 
Збориме со малку од портфолиото на андердог кладење или со друга стратегија?
 
Имаше пишано на темава еден постар член на форумов ако не грешам прилепчанец, свое лично искуство.
Некој негов братучед му спомнал па така и овај пробал. Воедно нешто вака беше од прилика... Одреден сајт му дава разлики во коефициенти на некоја одредена утакмица. Копенхаген кец 1.66 на бет365, на ввин 1.72 , на трета друга квота итн, е сега сајтот му кажувал во која клафилница да уплати математичка пресметка кај што нема шански да е минус без разлика на исходот. Кај е сега проблемот?
За овај начин на игра се имал регистрирано на 5-6 онлајн кладилници, од кој најмногу облози му биле на бет365 , после неколку месеци го блокирале. Не само него и на други кој го користеле истиот систем.
Што точно играл, мислам 1,2, и X , без разлика не му бил битен исходот само облогот да му е прифатен. За неколку месеци истал 4-5 илјади евра.
Пошто беше постар јузер на форумов
не верувам да лаже, а постот беше пишан во темата кладилница пред 2-3 години. Како и да е сам нагласи дека шансите да те блокирааѕ после некој месец се огромни.
 
На ова мислев, фала. Само за братучедот малце промашив .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom