TpH_Bo_OkO
Трноризец
Пошто во подфорумов стана доста досадно од денвна политика, да се свртиме малку на добрите вести за државава...
Да видам само тука како ќе се одвива дискусијата...
Значи?
Да видам само тука како ќе се одвива дискусијата...
Следно:Најавени австралиски инвестиции во Македонија
Инвестиции во вредност од 150 милиони австралиски долари најавија неколку големи компании од Австралија чии претставници наредниве месеци ќе ја посетат Македонија, пренесува Макфакс.
Австралиските бизнисмени биле запознати со економските потенцијали на средби со почесниот конзул на Македонија во Перт Зоран Чошески и претседателот на новоформираниот македонско – австралиски бизнис Форум, Роберт Милошески.
Форумот во кој членуваат повеќе угледни австралиски бизнисмени како и поранешни парламентарци ќе ја промовира Македонија како атрактивна бизнис дестинација за австралиските инвеститори.
Паралелно со бизнис Форумот со седиште во Перт е формирано и Парламентарно здружение на Македонско-Западно Австралиско Пријателство.
Во него членуваат група австралиски парламентарци, а Здружението ќе има за цел да ги развива односите помеѓу Македонија и Западна Австралија.
Членови на Здружението изминатиот период остварија средба со почесниот конзул Чошески и разговараа за идните планови за продлабочување на македонско – австралиските трговско - деловни односи.
Шведската млекарница понуди фер цена за откупот на млеко
Македонските фармери ќе добијат фер цена и навремена исплата на откупеното млеко, најави денеска првата шведска млекарница во земјава „Swedmilk Македонија“.
„Сакаме да воспоставиме долгорочно цврсто партнерство од кое и двете страни подеднакво ќе можат да остваруваат добивка и да се развиваат”, изјави Генералниот директор на млекарницата Роџер Оскарсон на средба со околу 200 млекопроизводители од Скопскиот регион.
Тој посочи дека „за преземеното млеко ќе се плаќа исклучиво во денари, без никакви компензации или други комбинации, а исплатата ќе биде точна и навремена“.
На средбата одржана во хотелот „Белви“ на млекопроизводителите им беше презентиран предлог моделот на договорите за соработка меѓу фармерите и млекарницата.
Со нив ќе се прецизираат начинот на соработка, стандардите на квалитет кои треба да бидат исполнети, количините, цената и рокот на важност кој се предвидува да биде меѓу 3 и 5 години.
Се очекува првите договори за соработка со фармерите да бидат потпишани во август оваа година кога млекарницата би требало да ги откупи и првите количини домашно млеко.
„Млекарницата ќе понуди фер цена за преземеното млеко од фармерите според македонскиот закон за исплата базирана врз параметрите за квалитет”, најави првиот човек на “Swedmilk Македонија“.
Оскарсон посочи дека трајна определба на “Swedmilk Македонија“.е да им понуди на македонските потрошувачи широка палета свежи и здрави млечни производи, направени од најдоброто домашно млеко, според најстрогите стандарди за квалитет на Европската Унија.
Новата македонска млекарница со мнозински шведски капитал е лоцирана во скопската општина Илинден, а во првата фаза од нејзиниот развој се вложени 15 милиони евра.
Млекарницата за почеток се очекува да откупува дневно по 50 тони млеко од македонските фармери и да има капацитет за дневна преработка на 250 тони откупено млеко.
Се планира во млекарницата да бидат вработени над 100 лица.
Фирмата Мател МК од Скопје е нов оператор во фиксната телефонија. Таа потпиша договор за интерконекција со Македонски телекомуникации. Од Мател МК велат дека ќе почнат со услуги во меѓународната фиксна телефонија, како и дека ќе промовираат нови услуги и технологии што ќе овозможат целосна интеграција на слика, звук и интернет со значително намалување на трошоците.
Значи?
nemaa tie interes za vlozuvanje vo makedonija.a mlekarnica bi mozela samo znaes sto oprema treba da nabavat mleko proizvoditelite
hehe tie nemaa opinci da kupat ,ne sofisticirana oprema za molzenje.
nesum ekonomist ama znam koga e dobro a koga e loso za narodot.rezultati sega kako glasese sloganot na vmro .jas negledammmmmm ama nistoooooo konkretno.aj ce pocekame ke vidime, ama sekoja promena odma se poznava.ajde neka mi kaze nekoj zasto postoi carina i danok akciza i se toa koga makedonija nema avtomobilska industrija kogo nie stitieme so carina i danok.