Ајде да не штедат од кафеани, одмори, ама од бензин не ли треба да се штеди?
Некои без потреба цел ден се возат со скутери кои родителите им ги купиле на кредит и не сакаат да се возат со автобус.
Месечно трошат по 100 евра за бензин. За цела година непотребно фрлени 1200 евра, а тоа е еден убав одмор, нова година во Париз и три пати во неделата убава вечера во кафеана.
А таквите фраери кога дојде време за одмор викаат еј ти бе многу богат ние немаме пари за одмор во Хвар ќе одиме во Паралија. Ќе платиме само апартман и од дома ќе носиме јадење. Ебати одморот.
Еднаш се живее така вика и еден другар. Он платата за пет дена ја троши а зема 300 евра, си купува се што ќе види и после со 10 ден се шета ( а некогаш ни тие ги нема). Од него не смееме да идеме во кафеана, на шетање, итн.
Еднаш се шетав со детето во парк и си купив сок и сладолед и мораше и на другарот.
Не ми е јасно како на некои не им е срам така да немаат нешто заштедено и се да потрошат?
Пример ако нешто случајно испадне да решите да идете некаде со другари, а вие да немате пари и ќе си останете дома. Или како куче ќе трчате по нив и ќе ги гледате како они јадат и пијат. Значи не бива и да си трошаџија.
