Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Ако веќе ја фаќате работата за на суд, тогаш ни вие не сте чисти, зашто колку што знам кредитот треба да се врати од првите плати или нешто во тој стил, а до сега никој не вратил... Така да мислам дека многу ќе е тешко да се изгура до крај работава.

Рачунај судски трошоци и адвокати колку многу ќе коштаат, кој ќе го финансира се тоа?:)
 
Баталејте суд сега засега...
Ете убав предлог имаше...

Ајде да составиме едно писмо до новинари и уредници на пишаниве и електронски медиуми...
Да напипшеме се по ред....и да им препорачаме сами да ја истражат темата, па ако сакаат да помогнат да ја афирмираат оваа проблематика преку нивните медиуми...
Ова ми се чини како најфер и најизводлива акција што можеме како група да ја преземе, а во интерес на забрзување на постапката за доисплаќање на ст. кредити , па и на стипендиите (ако и таму не е се подмирено)...

Точно е дека државата е во финансиска криза и дека и нема баш пари....но ако веќе се залагаат за приоритет бр. 1 образование, тогаш редно е да помислат да си ги испочитуваат обврските кои ги презеле со договор!!
 
Ама изгледа не ги гледате до крај работите... Кредитот се зима за да подоцна да се врати. Така стои во договорите? Кој од вас вратил или ќе врати?:)
 
абе дај нека пуштат стипендии бе...или и тие ќе треба да им ги вратам...ц ц ц
 
Ние новите корисници утре кај треба да видиме резултати?
На сајтот на МОН?
 
Баталејте суд сега засега...
Ете убав предлог имаше...

Ајде да составиме едно писмо до новинари и уредници на пишаниве и електронски медиуми...
Да напипшеме се по ред....и да им препорачаме сами да ја истражат темата, па ако сакаат да помогнат да ја афирмираат оваа проблематика преку нивните медиуми...
Ова ми се чини како најфер и најизводлива акција што можеме како група да ја преземе, а во интерес на забрзување на постапката за доисплаќање на ст. кредити , па и на стипендиите (ако и таму не е се подмирено)...

Точно е дека државата е во финансиска криза и дека и нема баш пари....но ако веќе се залагаат за приоритет бр. 1 образование, тогаш редно е да помислат да си ги испочитуваат обврските кои ги презеле со договор!!



Да се направи ова, да се направи ова некој треба да го направи! Ајде еве на пример ти како иницијатор можеш да напишеш писмо ( во А1 во другите нема ни да го видат) и да му објасниш се што се случува, и не само за ова за многу работи треба писма да се пишуваат во врска со образованито, меѓутоа мора некој иницијатор некој кој ќе биде поупорен, можам да ти гарантирам дека ќе имаш поддршка од сите студенти, средношколци и загрижени родители, само некој да почне.
Мислам дека правилно е сите да те поддржат без разлика од партии, затоа што ова е за нивно лично добро ама ајде ќе видеме, почни ти прво ете започни со пишување на едно писмо.. а потоа новинарите сами ќе те побараат особено од А1 тие чекаат вакви работи за тоа работат.

--- надополнето ---

Ние новите корисници утре кај треба да видиме резултати?
На сајтот на МОН?

Уште 17 минути.... хахахха, со среќа на сите само не ми се верува дека ќе бидат прецизни и дека денес ќе ги објават резултатите, на вас е да се надевате.
 
Не да пиши само еден, туку сите од тука.. Јас од трите мој мејл адреси пишав до А1, во контакт центарот... Пишете бомбардирајте, оти сите кои ги читаат мејлојте, се во една просторија, и на кој да се пиши нема да се згреши...

Нека има еден тон мејлови
 
Добив одговор дека прилогот се прави и ќе излезе за некој ден најдоцна. Хев а најс деј! :)
 
На Шутел.

--- надополнето ---

Аааајде бе овие нека турат списци, аман, ме укотвија пред мониторов, цел ден!
 
Морам уште еднаш да се осигурам. Втора година сум што значи стипендијата за која ме избраа ќе ја зимам за прв пат. Условот е просек да имам над 9 (станува збор за стипендијата за 125 информатичари).
Е сега прашањето ми е за наредната година. Просекот што ќе треба наредната есен да го приложам, ќе биде САМО за втора година и за предметите САМО од втора година, или заедно се собираат И СО предметите од прва година и на купче ги ставам сите 19 предмети и од тие 19 вадам просек?

Сакам да знам дали и колку имам простор да се опуштам, за да знам да не треба нешто да преполагам во јуни:)
 
Од двете години заедно :) Ама џабе е се, демек стар корисник сум сега, а нема денар исплатено...до петок треба рати да плаќаме. Кога ќе ги дадат тие пари, кога ќе завршиме факултет?
 
Океј, тоа мене не ми менува, битно ми е да ги исплатат кога тогаш:) Фала ти за информацијава;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom