Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Хммм нешто не разбрав во сето ова :)

Значи на конкурсот пишува дека пријавувањето за кредит почнува од 16.11 до 22.11, а ранг листата се објавува на 21.12 ?
А за документите да се однесат од 25.11 до 30.11? Како така? Од кај знајме дали сме примени, ко листата се објавува во декември. Или е нешто грешка, или јас не сфаќам како шо треба. :)
Ај ако можит некој поупатен да ми објаснит. Фала :)

Значи, прво ке аплицирате по електронски пат,треба да си го испринтате идентификациониот број, па ке почекате да се објави прелиминарната ранг-листа-ако ве има, си носите нормално документите кои се наведени, а ако ве нема тогаш поднесувате приговор,заедно со останатите документи. После чекате конечна ранг-листа и ако ве има треба да си го испринтате договорот во три примероци и да одите во министерство да го потпишете, а ако ве нема можете пак да поднесете приговор. Тоа е отприлика.
Со среќа:helou:
 
Прашање: препис од државјанство на РМ. Треба да им однесам уверение за државјанство ?
 
Лелее ја избрзав со пријавувањето преку интернет, го уклучив и почнав да ги внесувам податоците меѓутоа има работи за кои уште незнам, и се исклучив!
Дали се зачувало тоа што го имав напишано на првиот дел или нема врска ќе можам утре да продолжам со другите делови???

последната пријава се важи само
 
Значи, прво ке аплицирате по електронски пат,треба да си го испринтате идентификациониот број, па ке почекате да се објави прелиминарната ранг-листа-ако ве има, си носите нормално документите кои се наведени, а ако ве нема тогаш поднесувате приговор,заедно со останатите документи. После чекате конечна ранг-листа и ако ве има треба да си го испринтате договорот во три примероци и да одите во министерство да го потпишете, а ако ве нема можете пак да поднесете приговор. Тоа е отприлика.
Со среќа:helou:
Го знам сето то, ама мене датумите ме бунат.
Како може прво да ги однесиме документите, па после да ја објават ранг листата? Нели треба обратно, за да знајме кој е примен, и кој треба да однеси документи, па после, од ко ќе ја објават конечната листа, тие шо имаат исправни документи да одат да го потпишат договорот. :toe:
 
Абе, така треба да биде, ама изгледа затоа што се работи за кредит, веројатно сакаат да проверат веродостојноста на документите па после да објават. Затоа што мн малку кредити ке доделуваат па ке има многу пријавени...
Треба сестра ми да аплицира за кредит па ке гледам да ви пишам како е.
Инче јас бев да продолжувам стипендијата, прашаве во МОН што е како е, и ми рекоа да си гледам на web-site-от. Тоа е.. Поздрав и со срека на пријавувањето
 
Може некој да ми каже каде поточно се наоѓа МОН? (населба, блиски познати објекти итн.).
 
Прашање: препис од државјанство на РМ. Треба да им однесам уверение за државјанство ?

Не бе само фотокопија од државјанството:helou:

Може некој да ми каже каде поточно се наоѓа МОН? (населба, блиски познати објекти итн.).

Иначе МОН се премести сега е во зградата на НИП Нова Македонија одма до Европски универзитет...право по улицата после РАмстор
 
ај да ве прашам, минатите години, отприлика кој беше најнискиот просек кој добиваше кредит? затоа што, не ми е којзнае колку јак просекот, а и платите на моите не се многу ниски (едната е колку просечната, другата некаде околу пола од просечна), па да знам дали да се замарам со вадење на сите овие документи, или да не само за џабе губам време?:smir:
 
Прв пат имам просек кој е на границата и се прашувам дали можам да конкурирам и за двете истовремено, и дали е вистина дека ако ме одбијат за стипендија добивам кредит автоматски ?
 
за двете не можеш да конкурираш сигурно. А за тоа дека ако те одбијат за стипендија зимаш кредит мислам дека не е вистина иако би било супер да е така :)
 
ај да ве прашам, минатите години, отприлика кој беше најнискиот просек кој добиваше кредит? затоа што, не ми е којзнае колку јак просекот, а и платите на моите не се многу ниски (едната е колку просечната, другата некаде околу пола од просечна), па да знам дали да се замарам со вадење на сите овие документи, или да не само за џабе губам време?:smir:

Па ова мислам се разликува од факултет до факултет. На филолошки знам дека за кредит е 8.5 а на пмф знам дека е 8.00. Не знам за понизок од дозволениот просек ама знам дека зимаат кредит и оние кои немаат баш многу многу предмети положено.Така да ако има помалку пријавени за кредит имаш шанси да земеш:)
 
Прашање: препис од државјанство на РМ. Треба да им однесам уверение за државјанство ?
го носиш државјанството и една фотокопија од него на нотар и таму ти прават препис.

а за кредит ако си на технички факултет минимум 7.0 ако си на општествени науки минимум 7.5
 
го носиш државјанството и една фотокопија од него на нотар и таму ти прават препис.

а за кредит ако си на технички факултет минимум 7.0 ако си на општествени науки минимум 7.5

Која глупост е ова:tapp:

а, знам колку е минимумот, прашањето ми беше, од ланските генерации, кој бил најмалиот просек што земал кредити...дали 8.1 или 8 или 7.9 итн...значи од 7 односно 7.5, до 8.5 можат сите да конкурираат, е сега кој добивале повеќе, односно дали се добивало и со 7.7 или 7.8 или морало да биде повисок, тоа прашувам:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom