Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Ne mi bese jasno sto e toa so poenite... a od sto zavisi dali kje dobijam ? pozz i fala odnapred
Поените се начин на кој по аплицирањето се рангираат студентите и тоа рангирање се врши интерно во Министерството за образование. Дали ќе добиеш зависи од тоа на кое место си рангиран во однос на другите што аплицирале. Односно, ако од тип В се доделуваат 1500 стипендии, ќе добиеш стипендија доколку си рангиран меѓу првите 1500 кандидати. Главен критериум за стипендијата од тип В се примањата по член на семејство (носат максимум 70 поени), односно сумата која ќе ја добиеш кога ќе го поделиш вкупниот месечен приход (кој мора да е помал од 30000 денари) со бројот на членови во семејството. Колку е помала оваа сума, толку повеќе поени (од тие 70) добиваш. Исто така, мала улога игра и просекот (20 поени максимум). Поголем просек=повеќе поени. И за крај, студенти кои спаѓаат во некоја од категориите: деца без родители, деца со посебни потреби, деца на самохрани родители, деца на корисници на социјална помош и деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок, добиваат уште 10 поени.

Значи максимум 100 (70+20+10) поени можат да се добијат доколку: семејството има 0 приходи (70 поени), студентот има успех 10.00 (20 поени) И спаѓа во некоја од горенаведените категории (10 поени).

За крај (доста тупев), едноставно: доколку сте семејство со ниски приходи, веројатно ќе добиеш стипендија. Доколку приходите ви се повисоки, повторно имаш шанси да добиеш, но истите се помали. Тоа е тоа.
 
Е алал да ти е за трпението.
--- надополнето: 3 ноември 2013 во 09:17 ---
Лани првите за Б ги дадоа уште во март, а до мај ги дадоа сите рати, ама лани беше специјална година, имаше избори. Иако и нареднава ќе има избори, па се надеваме дека ќе забрзаат и оваа година.

Леле како бе уште во март? :confused:
Ја годинава очекувам продолжена за информатичари, мислев ќе стигне нешто малце пред нова година.. ама нема шанси а?
 
Тешка работа, радувај се ако пуштат и до февруари.
 
Знае некој кога ќе почнат со исплата на продолжените стипендии тип А за 3та година?
 
али може да се аплицира за повеќе типови на стипендија? И дали за ској оделно се поднесуват документи?
Со просек 9,7 на Правен факултет, дали е остварливо тип А стипендија?
 
Можеш да аплицираш за сите три типа, за едниот носиш оригинал документи, а за останатите копии.
 
али може да се аплицира за повеќе типови на стипендија? И дали за ској оделно се поднесуват документи?
Со просек 9,7 на Правен факултет, дали е остварливо тип А стипендија?

Зависи колку месечни примања по член во семејството имаш. Ако се ниски, имаш големи шанси. Ама најубаво и за Б си поднеси за секој случај.
 
али може да се аплицира за повеќе типови на стипендија? И дали за ској оделно се поднесуват документи?
Со просек 9,7 на Правен факултет, дали е остварливо тип А стипендија?
http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursimon/1320-stipendii-stidentski-a-b-v-12-13

Со тој просек ја би препорачал да се пријавиш за стипендија тип А , прават дискриминација во однос на студентите на техничките науки и медицина , но разликата е мала . Во однос на матерјални можности прават манипулации и неретко не ги даваат заслужените поени , затоа ти препорачувам тип А . Во стипендијата тип Б 40% од поените се за матерјалните можности а ти самиот треба да процениш што повеќе ти одговара.

Ова е за минатата учебна година.

ТИП “A” – Стипендија на министерот за образование и наука за талентирани студенти
1. Остварен успех во текот на студирањето – студентите на техничките факултети и медицинските науки да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.5, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9 просечен успех. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 80 бодови.
2. Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите добиваат 6.5 бодови.
3. За критериумот материјални можности на студентите и нивното потесно семејство, се земаат вкупните месечни примања по член на семејството на студентот (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од УЈП – приходи: од вршење на земјоделска дејност, од вршење на стопанска дејност, од вршење на самостојна дејност, од имот и имотни права, од авторски права и права на индустриска сопственост, од дивиденди, од остварени капитални добивки, од добивки од игри на среќа и други приходи) во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 10 бодови.
4. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.
 
Сакам да аплицирам за А и Б стипендија, ме интересира дали сите документи (државјанство, уверение за испити, потврди од УЈП итн.) треба да ги имам на 2 пати или може копија, или пак праќам 2 апликации со истите документи?
 
Едни оригинали, на другото место копии.
 
Дали знае некој кога излегува конкурост за ваучери и дали воопшто ќе има оваа година?
 
Има некој информација кога и дали воопшто ќе има конкурс за стипендии годинава ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom