Џ
ЏинЏер
Гостин
Поените се начин на кој по аплицирањето се рангираат студентите и тоа рангирање се врши интерно во Министерството за образование. Дали ќе добиеш зависи од тоа на кое место си рангиран во однос на другите што аплицирале. Односно, ако од тип В се доделуваат 1500 стипендии, ќе добиеш стипендија доколку си рангиран меѓу првите 1500 кандидати. Главен критериум за стипендијата од тип В се примањата по член на семејство (носат максимум 70 поени), односно сумата која ќе ја добиеш кога ќе го поделиш вкупниот месечен приход (кој мора да е помал од 30000 денари) со бројот на членови во семејството. Колку е помала оваа сума, толку повеќе поени (од тие 70) добиваш. Исто така, мала улога игра и просекот (20 поени максимум). Поголем просек=повеќе поени. И за крај, студенти кои спаѓаат во некоја од категориите: деца без родители, деца со посебни потреби, деца на самохрани родители, деца на корисници на социјална помош и деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок, добиваат уште 10 поени.Ne mi bese jasno sto e toa so poenite... a od sto zavisi dali kje dobijam ? pozz i fala odnapred
Значи максимум 100 (70+20+10) поени можат да се добијат доколку: семејството има 0 приходи (70 поени), студентот има успех 10.00 (20 поени) И спаѓа во некоја од горенаведените категории (10 поени).
За крај (доста тупев), едноставно: доколку сте семејство со ниски приходи, веројатно ќе добиеш стипендија. Доколку приходите ви се повисоки, повторно имаш шанси да добиеш, но истите се помали. Тоа е тоа.