Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да ми даде предлог во врска со стипендиите од областа на германистиката???Читав некаде дека постои можност да се добие стипендија која ти овозможува и право на работа на пример и на студирање во Германија.Ако има некој искуство со ова нека пише слободно.Не мора да е и Германија, нека биде и Австрија, па и Швајцарија.Предлози за други стипендии од областа на германистиката се исто така добредојдени.Треба наредната недела да одам во DAAD да се распрашам повеќе, но сакам да дознаам повеќе од вашите искуства, па колеги или колешки ако имате некое вакво искуство, би сакал да го споделите. :)
Прашај си во амбасада. Чат пат даваат по некои стипендии. Сега не знам точно во која област се стипендиите, ама ги има.
Еве ти и линкче едно, може и тука да најдеш некогаш нешто.
http://www.mladiinfo.com/category/scholarships/
 
Aј да ве прашам, може го има некаде наназад: Дали некој користи 2 стипендии истовремено. Знам дека потпишуваш изјава дека не си корисник на друга стипендија ама слушнав дека можело и за 2 да аплицираш. Точно е ова?

п.с. 2 различни стипендии мислам, не Тип А и Тип Б на пример, туку од влада една и една од друго место...
 
Zdravo, sakav da ve prasam dali dokolku lani sum zemal informaticka stipendija ovaa godina moze da se prefrlam na tip A ili tip B ili treba da apliciram na konkursot pa posle da odnesam dokumenti.
Fala odnapred
 
Дечки сакам да прашам нешто, имам братучеда на педагошки во битола отсек македонски- германски, чупево зема стипендиа а има можност да земи и германска стипендија која што нема никаква врска со нашиве стипендии и која шо му се доделува специјално на студентите кои студираат германски, е сеа сакам да прашам дали доколку ја земи оваа германскава стипендиа ќе и ја поништат другава?
 
Aј да ве прашам, може го има некаде наназад: Дали некој користи 2 стипендии истовремено. Знам дека потпишуваш изјава дека не си корисник на друга стипендија ама слушнав дека можело и за 2 да аплицираш. Точно е ова?

п.с. 2 различни стипендии мислам, не Тип А и Тип Б на пример, туку од влада една и една од друго место...

Можеш за две да аплицираш истовремено, но ако ги добиеш двете ќе мора од една да се откажеш. Услов за земање на стипендија е да не си корисник на друга стипендија.
 
Може ли да се продолжи стипендијата Тип В со 2 неположени испити?
 
Ве молам кој знае точно на која страна е објавен новиот конкурс за студентски стипендии за оваа година.Ми спомнаа дека еве како десет дена е објавен а незнам на која нова страна да видам бидејки страната stipendii.mon.gov.mk не ја отвара а на http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursimon нема такво нешто.....Ако некој знае нешто за конкурсот дали е објавен или не НЕКА ПОМОГНЕ
 
Дали има некакви стипендии за на постдипломски?
 
Кога прв пат можеш да аплицираш за стипендија? Кои услови треба да ги исполнуваш? Потребни документи? Каде се аплицира? Која е разликата помеѓу тип А и тип Б стипендија?
 
Дај некој што сигурно знае нека кажи дали е излезен конкурсот и ако е каде да го најдеме?
Нели покасно излегуваше, од каде муабети дека веќе излегол?
 
Кога прв пат можеш да аплицираш за стипендија? Кои услови треба да ги исполнуваш? Потребни документи? Каде се аплицира? Која е разликата помеѓу тип А и тип Б стипендија?


Првпат можеш во втора година, ако ти се положени сите предмети, или имаш оставено неколку предмети но тоа да не надминува 90% од вкупниот број.
Условите за А и Б се различни за различни факултети. Кај техничките за А потребно е да имаш просек поголем од 8.5, а за Б поголем од 8, додека пак за останатите факултети за тип А просек 9, за тип Б поголем од 8.5. Тоа е основниот предуслов, друго потребно е да не имаш многу големи примања во семејството затоа што така би ти се намалиле бодовите за конечната ранг листа. Потребно е да си редовен студент, да не имаш повторувано година во текот на студирањето, да не си корисник на друга стипендија од други установи, да не си постар од 22 години и да си државјанин на Македонија.
Најпрво треба да аплицираш онлине на stipendii.mon.gov.mk да ги наведеш сите потребни податоци и да добиеш идентификационен број, и потоа тој број затоа со сите потребни документи (кои патем можеш да ги најдеш на сајтот на мон) да ги однесеш на локацијата што тие ја одредуваат, последниве години мислам дека е студентскиот дом Кузман.
Разликата помеѓу А и Б е во износот т.е. за А се зема 3500, а за Б 3000 денари.
Конкурсот обично излегува во ноември, така да следи ја ситуацијата на сајтот на МОН.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom