Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
И тој ќе излезе тука?
Па сигурно, мора да излезе тука. Исто така би требало да излезе и на официјалните страни на факултетите за информатика (Феит, Финки,...). Ми кажаа дека треба да излезе на почетокот на октомври, а еве веќе половина месец помина.
 
Друже..минатата година конкурсот испадна средината на ноември ..13ти мислам дека беше не ме држи за збор.
 
Би требало да може да се продолжи стипендија до 30 ноември, барем така пишува во договорот. А ова индекс на увид што пишува дека треба..мора да имам земено оценки од сите професори при давање на увид? Ако мора, ќе биде трчање деновиве значи.
 
Дали за ПРОДОЛЖУВАЊЕ на стипендија, мора да се има положено 100 проценти од предметите? Или може 90 %?
 
Zdravo sakam da prasam dali e vozmosno da se aplicira za dvete stipendii A i B tip istovremeno, i ako ja dobies A tip da se otkazes od B ???
 
Мене ме вратија од Министерство зс требало и уверение во кое се пишува и просекот и предвидените и положени кредити ,без тоа не може да се продолжи стипендија.А рокот ни кажаа дека е до 30 овој месец а во договорот пишува дека е до 20 ноември....или не им се работи или до др е проблемот :)
 
Молам за итна помош. Ме извисија за општинската стипендија (а толку бев сигурен). Може ли да се добие државна за прва година ФИНКИ и колку изнесува? Претпоставувам дека конкурсот не е објавен (ги прочитав само последните постови- интернетот ми кочи). Дали оние 200 евра партиципација од кои ме ослободи факултетот се сметаатг како стипендија? Однапред благодарам.
 
Сеа краен рок за продолжување на тип А, Б стипендија е до 31 овој месец или...прашал лично некој?? И дали лично мора да се оди да се продолжи или по друг може да се пратат документите..позз и фала однапред
 
која дата е по договорот до таа треба, но ништо не губиш ако ги однесеш до 30 октомври..
а ако те мрзе може да ги пратиш по друг, мене еден колега ми ги однесе и ми даде некое ливче кое му го дале таму како доказ дека ги примиле документите и во случај да не ми стигаат парите од стипендијата може да ги тужам со тоа ливче како доказ (така ми пренесе колегата) :)
 
А ги имаше земено сите оцени од професорите ? Јас немам ниту една земено, па не знам дали да трчам сега по професори да земам. Ваљда за тоа служи увидот во индекс а?
 
Може ли со просек 8 на економски факултет да се земе стипендија?
 
Ај ако може да ми кажете кои документи се потребни за продолжување на стипендијата или каде може да видам?

Данке :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom