Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Фала ти многу :love:

Побарав, ама ништо..

Кој ти е матичен факултет? И кај сакаш да идеш? Ако можам некако да побарам, нешто да ти помогнам...
 
лелеее мене уште ни денар не ми е стигнат од стипеднијата (ТИП А) :(

Еве, ја имаш мојата поддршка... Ќе ти стигне, сигурна сум :)
Иако, моеш да си појдеш до министерство, да си прашаш шо им е проблемот...
Ааа коа сме веќе кај стипендија од тип А, колку просек имаше за да ја добиеш? :)
 
Кој ти е матичен факултет? И кај сакаш да идеш? Ако можам некако да побарам, нешто да ти помогнам...

Сакам да идам било каде кај што можам да учам на англиски или германски. :D
Уште се немам запишано на факултет, се мислам меѓу ФИНКИ и Архитектонски и ова има голема улога во изборот. А на ФИНКИ ми е некако сомнително. Што знам...
 
Fallen. напиша:
Еве, ја имаш мојата поддршка... Ќе ти стигне, сигурна сум :)
Иако, моеш да си појдеш до министерство, да си прашаш шо им е проблемот...
Ааа коа сме веќе кај стипендија од тип А, колку просек имаше за да ја добиеш? :)

Фала ти на поддршката :) , се јавив во министерство и рекоа демек треба да стинат... и јас се надевам дека за брзо ќе стигнат хехе
Е па имав 9.9 просек ;)
 
УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломските студии кои студираат во јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:
- да се редовни студенти;
- да не повторувале година во текот на студирањето;
- да не се корисници на стипендија или кредит од други установи, институции или компании;
- студентите од II-та студиска година да не се постари од 22 години;
- да се државјани на Република Македонија.

Критериуми за доделување на стипендиите се:

ТИП “A” – Стипендија на министерот за образование и наука за талентирани студенти

Остварен успех во текот на студирањето – студентите на техничките факултети и медицинските науки да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.5, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9 просечен успех. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 80 бодови.
Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите добиваат најмногу 6.5 бодови.
Материјални можности на студентите и нивните семејства – се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 10 бодови.
Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

ТИП “Б” – Стипендија за студенти

Остварен успех во текот на студирањето – студентите на техничките факултети и медицинските науки да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 8.5 просечен успех. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 50 бодови.
Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите добиваат најмногу 7.5 бодови.
Материјални можности на студентите и нивните семејства – се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 40 бодови.
Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

ТИП “В” – Стипендија за студенти од социјални категории

Остварен успех во текот на студирањето за сите студиски програми. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 20 бодови.
Материјални можности на студентите и нивните семејства – се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 70 бодови.
Студенти – деца без родители, деца со посебни потреби, деца на самохрани родители, деца на корисници на социјална помош и деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок добиваат најмногу 10 бодови.
Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

Линк кон порталот за аплицирање http://stipendii.mon.gov.mk/
 
Прашање:
- Дали некој знае отприлика кога излегува конкурсот? Или секоја година е различно?
- Кај кој тип на стипендија имам најголеми шанси со просек околу 9,40?

Позз :)
 
Имам прашање во врска со стипендии: Добив 3-то место на меѓународен натпревар по математика - Кенгур. Наградата за освоено 1-3 место на меѓународен натпревар е 5 поени при упис на факултет и стипендија. И сега за стипендијата треба ли да се аплицира или што треба да се прави? Јас сум матурант сега, доколку ви е потребна информацијата :) Фала
Кенгур не се рачуна за некој официјален натпревар, јас прво место освоив па ништо не ми донесе...
 
што бида со ратите за студенски кредити колку се досега исплатени знае ли некој????
 
што бида со ратите за студенски кредити колку се досега исплатени знае ли некој????

Досега се исплатени само 2 рати.

Со другите каснат и тоа озбилно каснат, веќе го прекршуваат догворот...

Мислам дека редно е да ги пратат деновиве!!
Не е фер уште тие да останат неисплатени!
 
Досега се исплатени само 2 рати.

Со другите каснат и тоа озбилно каснат, веќе го прекршуваат догворот...

Мислам дека редно е да ги пратат деновиве!!
Не е фер уште тие да останат неисплатени!
стварно не е фер како можеа да ги исплатат сите стипендии, само со нас си играат, зарем незнаат дека некој со тие пари планира да си оди на одмор???
затоа никој нема да ги врати кредитите назад на министерството кога ќе заврши факултет!!!
 
дали има стипендија за постдипломци ...?
Годинава досега нема излезено конкурс. Се јавив во МОН и рекоа дека не се знае дали воопшто ќе има стипендии за постдипломци. Ако досега не се направи ништо, најверојатно нема да има.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom