Бриселска супа од шампињони
Потребно:
500 гр.шампињони
2 лажици зејтин/маргарин
1 голема лажица брашно
1 кромид
1 литар буљон(супа од коски или растворена говедска коцка)
сол
црн бибер
1 чаша павлака
2 јајца (тврдо варени)
1 голема лажица магдонос (ситно исечкан)
Начин на приготвување
Шампињоните се чистат,мијат,и се мелат.Се пропржуваат во маслото заедно со претходно изренданиот кромид,околу 10 минути на тивок оган.Се додава брашното,полека се долева супата,и се додаваат зачините.Тенџерето се вади од оган,се додава павлаката,се посипува со магдоносот и на крај со крупно исечканите јајца.