Сте биле ли разочарани од вашите пријатели?

  • Креатор на темата Креатор на темата green apple
  • Време на започнување Време на започнување
Не постои човек кој не бил разочаран од пријател. На крајот на светот го добиваме тоа што го даваме.
 
Да. И тоа да те предаде само за да има некоја корист......., но како и да е од дамна сум ги поминал таквите ,,пријатели,,, а они ништо не успеале , освен тоа што си удриле лоша етикета во очите на другите:)
 
Сум била разочарана кога сум очекувала нешто од тие "пријатели", а сето тоа е било само идеа замислена од мене. Но тоа порано, сега во последно време не.
 
Колку повеќе гледаш да му погодиш на луѓево толку повеќе не чиниш.
Немам нерви повеќе , па ми се смачи да гледам само јас за другите , додека никој не го интересира како сум всушност јас.
 
Еднаш се разочарав од 2-3 другарки и од тогаш не пуштам ниедна премногу блиску. Подобро е да не сме толку блиски, малце на дистанца да не знае баш све, зашто нејќам да ме боли глава после од лоши муабети и љубоморни девојки.
А на крајот за жал, сите искачаат покварени и ќе те повредат кога-тогаш ако премногу се врзеш со нив и опуштиш..
 
Да,многу пати.
После тоа се навикнувааш, се ладиш и сфаќаш дека ќе си врвиш супер со нив единствено ако си и ти ѓубре.
 
Искрено не еднаш туку 100 пати ме имаат разочарано пријатели, блиски пријатели, најдобар другар/другарка - Едноставно треба со сите да си на резерва... Нема да кажувам што се десило дека ќе треба да се остаам 2 дена да пишувам... Само ќе кажам дека со најдобар другар што се знам 20 години ме разочара катастрофално - некако средивме работиве као што треба ама не е тоа тоа што беше... Исто и другарка што сум и верувал превише ми приреди едно убаво искуство за да увидам дека не треба на другари/другарки блиски и далечни да им веруваш безрезервно... Само на роден брат или сестра татко и мајка можеш ако си во добри односи а ако не си - чорба...
 
Сум била разочарана и ќе се разочарувам и се разочарувам секој ден од моите другарки све повеќе и повеќе и тоа така ќе бидет....
 
Би можел книга да напишам од тоа колку пати сум бил разочаран. :angel:
 
Кога имаш големи очекувања од некој,нормално е да те разочараат. Порано кога верував на сите и на секој даден збор,бев многу поразочаран него денес. Не дека и денес незнаат да ме разочараат,но научив се да земам со резерва,му верувам во главно,но секогаш и оставам простор за нешто да не излезе од дадениот збор. Не дека не се разочарувам кога некој ќе ми даде збор а нема да го исполни,но не е како порано
 
Да, сето клошари и хоштаплери, ебаму крвта нивна.... да не ме слушнат овде кодошите оти глата че ми ја мавнат од тастаура
гхахахљњ
хг
љњљгњгљњгљгљњгљгетбњтбњбњѕбњбљвљњвљ
гљњмовемљњогвбењљогљ
 
Сум бил разочаран ама верувам. Не знам зошто ама верувам. Никој човек не се раѓа лош ни пак добар тоа станува подоцна врз основа на искуствата во животот и влијанијата на околината. Верувам не сум ги запознал вистинските сеуште. Има таму добри луѓе кои судбината чека да ги спои. :Д
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom