Точно!
Колку детски глави имаат бе луѓево, се од корист, завист, се некој сака да биде подобар од тебе.
Сум била разочарана не од еден пријател туку речиси од сите. Додека си тука седиш по цела вечер му ја слушаш маката, си го тупиш мозокот за да му помогнеш. Се нервираш бидеќи знаеш дека на "најдобриот пријател" нешто не му е океј. А тие каде се за тебе? Се разбира со новиот пријател.
Пример кој последно ми се случи. Пријателот ти завлегува во долгови па последните пари му ги даваш него за да се извлече, и 4-5 месеци го нема да дојде дома, да се напиете кафе да поразгварате за НЕГОВИТЕ проблеми. Го среќаваш на улица со мајкае. Мајкае ти вика здраво како си а таа заминува до најблиската трафика за да "купи мастики", само да не те погледне во очи.
По неколку недели го среќаваш на улица, сега нема веќе кај да избега. И првото нешто што ќе го рече кога ќе застани. Еј имаш пари на заем, во огромен долг сум?
Пак простуваш..си велиш тоа ти ми е најдобриот пријател, и пак помагаш, по незнам кој пат.
И еве те тебе, ти треба помош одиш кај него на врата. На вратата го начекуваш големото друштво со кое се забавувале цела вечер, и и бараш едно лакче кое ќе и го вратиш за 1 саат.
И таја ти вели. Заслужи ти да ти го дадам лакчево, а и на мајками и треба.
На сето ова ти ја затвора вратата и ти дава искршени работи кои си ги дал на заем, и ти вели не ми требаш повеќе, глеај колку другарки имам да ми помогнат а тебе те нема, никогаш те немало? ВАТАФАК!
На сето ова тебе ти пукаат сите жифци, и заминуваш и посакаш во истиот момент да ја мавне гром.
Ех..до кај појде светов.
п.с Најдобри пријатели секогаш ти се родителите братот и сестрата. Никогаш нема да побараат нешто за возврат! И секако тука е постојаниот партнер, кој би направил се за вас.