Ставот на серијата Еднооки за актуелните проблеми со името помеѓу Македонија и Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата viktorbumbar
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 јуни 2008
Мислења
2
Поени од реакции
0
Епа ме инересира какви милења имате околу оваа тема, каков е ставот на серијата за овој проблем, и како се прифатени сериите од гледачите во кои се опфатени теми со оваа проблематика и нивното влијание!!!
 
Претходниот пат сцената одеше вака: Буч стои во канцеларија се тресе и зјапа во телефонот, телефонот заѕвонува и се јавува Б.Ц и Буч од прва - ИЗВИНИ ШЕФЕ ИЗГУБИВМЕ.....

И сцена која сега би требало да биде.... и ѕвони телефонот на Рада оваа се јавува и: ШЕФЕ СЕ` ИЗГУБИВМЕ !
 
Дамовски е убермацедонише и егеец у исто време.
Па ти види сега каков му е ставот.
Уосталом,транспарентен е до бесвест...
отворен за комуникација :)
па можеш него да го прашаш директно.

Не ти ја разбирам поентата на темава,жими се.
Како може некој друг да ти каже каков им е ставот на еднооки пикчрс за било што?
Прашај ги...:toe:
 
Голема почита за Дамовски и неговиот тим.
Ја ценам и неговата работа како уредник на Нова Македонија.
Вистински препород во новинарството.
 
Голема почита за Дамовски и неговиот тим.
Ја ценам и неговата работа како уредник на Нова Македонија.
Вистински препород во новинарството.
Брат му е уредник во Нова Македонија...
:smir:
И супер тим се собрани таму...
надежни...
неисфрустрирани...
необоени...
НОВИНАРИ.
 
Најдоброто нешто што и се случило на телевизијата и политиката уште од Топ листа надреалиста и К-15!!!

П.С.
Ја нема последната епизода на You tube, а не ја гледав...:toe:
 
Zevsus, ти благодарам и потполно се согласувама со твојата идеата, да се контактира со некој од серијата, дали со Дамовски или Русјаков, околу нивниот став. Но, воедно ме интересира и каква е реакцијата кај гледачите, дали воопшо има некакво влијание оваа серијата врз нив, на пример за будење на националната свест, согледување на работите и сл. А вооедно и кај политичарите, дали влијание врз донесувањето на одредни постапки и ставови, околу спорот со името?????​
 
Кога еднооки ќе соберат храброст како southpark,да ги употребуваат имињата и презимињата на политичарите и сл. и гласно и јасно да ги изговараат,ете тогаш ќе ми бидат омилени.......а до тогаш среќно!

:smir:
 
Кога еднооки ќе соберат храброст како southpark,да ги употребуваат имињата и презимињата на политичарите и сл. и гласно и јасно да ги изговараат,ете тогаш ќе ми бидат омилени.......а до тогаш среќно!

:smir:

А што, демек не ги препознаваме кои се ?:pos: Па нив бе мува не ги лази човече, оперирани се од чест, срам и слични заразни болести.:nesvest:
 
Еднооки е једино нешто што можам да го изгледам на некоја мак. телевизија.... мислам дека не треба поише да говорам :D
 
проблемот со името постои и пред да постојат еднооки. како и секој друг што својата инспирација ја црпи од дневните содржини, и тие се обидуваат да дадат свое видување на настаните. мислам дека еднооки не заземаат став ( а и нема што да се зазема став, не се политичари што тргуваат, туку како и сите ние Македонци кои си го бранат своето име).

хумористичните серии, стрипови и цртани филмови се своевидна критика за секое општество и неговите предводници, која се срочува во уметнички стил и која останува како запис на едно време. според мене, дилемата кој став да се заземе повеќе се однесува на тоа: што откако ќе сфатиме дека мнозинството од нашиве политичари најмногу ги бидува за цртан филм? дали да се плашиме од тоа кој ни ја води државата (или кој ни ја водеше, пу пу да не се повтори) или од сериозноста на ситуацијата во која сме најдени без своја вина туку поради болните халуцинации на посилниот и понеумниот „волк“, кој е гневен што некој „му ја мати водата“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom