проблемот со името постои и пред да постојат еднооки. како и секој друг што својата инспирација ја црпи од дневните содржини, и тие се обидуваат да дадат свое видување на настаните. мислам дека еднооки не заземаат став ( а и нема што да се зазема став, не се политичари што тргуваат, туку како и сите ние Македонци кои си го бранат своето име).
хумористичните серии, стрипови и цртани филмови се своевидна критика за секое општество и неговите предводници, која се срочува во уметнички стил и која останува како запис на едно време. според мене, дилемата кој став да се заземе повеќе се однесува на тоа: што откако ќе сфатиме дека мнозинството од нашиве политичари најмногу ги бидува за цртан филм? дали да се плашиме од тоа кој ни ја води државата (или кој ни ја водеше, пу пу да не се повтори) или од сериозноста на ситуацијата во која сме најдени без своја вина туку поради болните халуцинации на посилниот и понеумниот „волк“, кој е гневен што некој „му ја мати водата“.