Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.382
- Поени од реакции
- 35.016
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com

Вториот фиксен оператор „Онтел“ денеска ќе се претстави пред македонската јавност и официјално ќе објави отпочнување со работа. „Онтел“ на пазарот ќе функционира како засебен бренд, произлезен од македонскиот интернет провајдер „Он.нет“, со подршка од „Телеком Словенија Групацијата“, соопшти компанијата.
„Онтел“ најавува воведување на нови и најповолни услови, кои ќе бидат претставени денеска од раководството на компанијата.
Присуство на денешната презентација на „Онтел“ најавија премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јаникиевски.
Виа Кајгана.