Старите добри времиња

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Не, темата не е за емисијата на Митко Мустачки - Сокол што идеше пред неколку години :)


Има мал милион работи кои ми фалат од детството а на кои се сеќавам ко 50 години да поминале .
-Идење на флипери, Мустафа и компанија , па праење лом тастерите откако нема да го свртиме после 10 жетони играње.
-Собирање сликички секоја сезона за албумот на ЛШ (сеа има само за ЕП и СП , али се изгуби филингот) и чекањето да се падне Иван Заморано .
-Фудбал или баскет секој ден после школо на *Маракана* или у школски , па останување таму додека сонцето не зајде ... играње по дожд, снег ....
-Имаше едно спортско списание од Србија што идеше, Темпо се викаше ... неговото чекање 2 недели ...
-Гледање на баскет утакмици цела вечер и после зборење у школо на одмор дали Дивац е кретен што му ја додал несакајќи топката на Хори ...
-Шок мастики, животински царство, евтини благи кифли од кај Боки ,чунга-лунга ...
-Тетрис секое сабајле пред да се тргне у школо . . .
-Цртани од типот на Кире Бананамен,Грашкоград(да,МТВ и сеа знаат да се избацат со некоја епизода),Були(црвено носе, тоа е Були),Штрумфови ...
-Касетофон и слушање на касета од Дуо Трио ...исто и вокмен ...
-Лего-коцки , колички на удирање ...
-Многу друштвени игри од типот на џамлии, долга магарица,жмурка итн ...
-Гледам Супер Бинго !

Да не набројувам понатаму, секој нека додаде свој спомен од детството .

Поентата ми е ... Денешниве клинци не се вакви . Бев на гости кај едни пријатели на моите . Имаат две деца . Се караат пола саат кој да седне на компјутер за да игра Симс , а имаат 7 и 8 години . :toe:
 
би надополнил: тапка со сликичките од албумите , нинџа желки и тој цртанот со коњаникот и неговата вселенска дружина =]
 
Мене ми фалат многу работи од детството. Секој дневните тепачки во малоото. Потоа лудориите коа Симбад го глумевме и се тепавме со дрвени сабји, неделната утакмица која се организираше редовно во малото и секоа паѓаше добро мавање. Седење надвор до доцните часови и лупање по вратите од комшиите. Тепачките нашколо, коа ќе се истепаа цело школо се беревме. Ми фалат старите другари шо се разбегаа низ цела Македонија. Баш би сакал да се вратат овие времиња.:pipi:
 
Се сеќавам како се враќав изнервирана од Олимписко облечена во фармерки и над нив фустанче за љубов на мајка ми и се жалев дома како сум го истепала Даци зошто не ми ја давал топката и бил себичен додека сме играле фудбал!
Ми текнува како се возев со точак кекец и го искршив буквално на пола .Паднав на една кривина и имам 4 убави лузни на колената од тој пад!
Какви дубари правев кога ќе скинев некоја нова блуза.Одев кај баба Нада да ми ја сошие и мајка ми будала ја правев ,у очи ја лажев дека така сме ја купиле блузата.Се дружев само со машки зошто бев реткост во мое маало.Единствено женско што сакаше да се дружи и можам да кажам дека најубаво детство имав.Значи играње фудбал,сервис,граница и слично на улица тоа искрено најмногу ми фали!

Друго што исто така најмногу ми фали е `Сител бамбини` ама првото!Кооолку играње имало пред телевизор ееехеееееехееее!

Цел живот ќе памтам кога правевме бункери ко цели соби и ни ги рушеа за инает ...па нервози па реновирање ...хаха

итн.итн.итн...:pipi:
 
Tемава ме потсети на времето кога собирав сликички со диносауруси "Јура" (оние бонбончиња како денешниве бони-топ). Тоа ми беше прво хоби и кога ќе ми текне колку многу сум знаела да се израдувам на една сликичка ме фаќа носталгија. Да се надоврзам, носев пижами со глувчиња-беа преубави, и мајка ми никако не можеше да ме натера да ги соблечам.:pos2:
Омилена играчка ми беше сложувалка сега појма немам кај е, а пред заспивање баба обавезно мораше да ми раскаже приказна....ехх.....
 
ехеххеееее....сега ми фали детството, а знам дека некогаш ќе ми фали и сегашното средношколство:icon_roll:

-Како прво најмногу ми фалат утакмиците фудбал секој ден позади гимназија(на зеленото), каде и на дожд и на град и на снег игравме додека родителите не можеа од врата да искочат да не барат заради обилните дождови.
-Картите од Еуро 2002 и албумот од истата година кога бев на 124456 небо кога ми се падна Рушту!
- Играње жмурка(криенка) до сабале!
- Ѕвонење по врати по маала!
- Краднање на било што од туѓите дворови/бавчи (ај што крадневме јаболки, праски, сливи, ама замислете нe како сите бегаме низ маала со по една зелка под мишка и по 2-3 моркови во другата рака:pos2:)!
- Секојдневно тепање со анили
- Другарите од основно(т.е. деновите кога изигрававме попови и гробари по школо)!
- Играње на смешните/забегани игри на Гриц!
- Трчање штаfета(дрво) низ цела улица(бевме некаде 20 деца на таа возараст и ќе се поделевме во 3 групи по 5-6 и еден по еден ќе трча со `штафетата`)!
.
.
.
to be continued!
 
Ех, порано сме искачале низ маало, сме играле ластик, жмурка незнам ти што...денешниве деца се згрбувуваат на компјутер играјќи игрици.

Си пораснав со двајцата братучеди, ни направија кош во дворот и исто игравме фудбал на мали голчиња секој божји ден на сонце.
* Во маало се собиравме деца, посебно ја памтам играта "Шупе Дупе" и така ќе ни залеташе топката во дворот на чичко Миле, па игравме лист камен ножички кој ќе иде да се прекачи и да ја земе. Игравме граница, крадци-полицајци, жмурка..
* Е убаво спомнавте, Сител Бамбини. Идев во трето одд и имав песничка "Насе Прасе" хахахах :)
* Еднаш кога се тркавме низ 4 улички у маало, ја качена на точак на братучедми и другарка ми со брат и на точак. И на сред возење ми падна папучата и затоа не победија .
* Албумите па... што немам собирано. Кога ќе бев нешто добра, мајка ми ми купуваше едно паќетче. Така ме лажеше да одам на забар.

Никогаш нема да го заборавам овој период, најубав ми беше. Ако ми текне нешто ќе допишам.
 
Друго е тоа безгрижното детство кога гледавме дајте музика, кога трчавме и се тепавме, игри без граници, кога немавме никаква одговорност. А друго е ова "детство" сега кога имаш полно одговорности, овој период би го нарекол преодност помеѓу детството и зрелоста.
 
Жити се? Шо знаеш ти шо се одговорности бе? Да не доиш некого? Да не раниш нечие дете? Да не бањаш нечие дете у недела? Да не мењаш пелени?
Да не имаш газда кој ти се курчи и ти иде да го спалиш а животот од него ти зависи?

Одговорности. Дифтари.
Једина одговорност што ја имаш е да носиш петки дома.
Ако тоа ти е многу, и ако тоа те праи да зборуваш за детството ко да поминало пред 15 години, ондак, нешто не е уреду со пуканките...
 
Детство..ехх..абе ако мене ме прашате ја уште сум си дете длабоко во душата,:)само што сакам да се вратам назад, тогаш кога за ништо не ми беше гајле освен за играњето џамлии,ластик,жмурка,граница..коа си облакав дома штикли од мајка ми и си играв госпоѓа,коа се пентарев по дрва,коа се тепав со деца у маало,едноставно коа детствував..сеа не дека сум нешто голема,ама како растеш/созреваш сфакаш дека не е се така розово,и обврските се менуваат а и приоритетите..а тогаш,не си свесен за тоа..затоа е најубаво..се би дала да можам макар на 10 мин.да се вратам..
 
Ееее.. старите добри времиња кога имав 10 години и безгрижно играв фудбал во паркот пред зграда со машките и ама воопшто не се секирав ако паднев на земја или ако направам рана на коленото, станувам и продолжувам..:).Па после враќање со скинати подколеници па ајде мамо шиј:).
Собирање на дрангулашкине од смоките Макс, па сите се смеевме срамежливо кога се падна танга на една другарка:pos:.
Собирање сликички, ма секакви, и фудбал и од млади бунтовници, па оние жетонине кога еден од друг ќе се подгребнат па едниот ќе се преврти(не се сеќавам како се викаа), слагалици од 500 дела па реди ги па нервирај се ако не ти оди:).
Кога сме кај млади бунтовници, тогаш немав уште нет, па купи го цдто и ајде стопирај на два три збора песните, за да ги запишам и потоа да ги учам и да ги пеам, па кореографии на тие песни, па изведувања во маало со децата.
Видео касети од златно славејче или цртанине како лисицата и кучето, бамби, пепелашка...
Повикување на духови кај другарки дома, ептен крипи беше:).
Па на коледе кога одевме, шетавме по 3-4 маала, па се радувавме колку овошје сме добиле, а не денес децава на пари се радуваат колку поише ќе добијат.
Собирање кај другари на 10ти да играме нинтендо и супер марио, или да играме текен и да возиме формула.
Играње жмурка на топка, шуто дупе, крадци-полицајци, граница, народна, делфин љубовно шише, кент на плочкине под зграда буквално по цели лета.
Натпреварување меѓу маала во фудбал или во другиве игри погоре, па после тоа кој повеќе ќе скокне подалеку од лулашка, па тука имало разни утепувања и кршење на колена:icon_lol:.
Одење во Луна парк и возење на оние количкине што се удираат а потоа откако ќе победам со задоволство го јадам памукот(не дека некогаш сум го јадела без:)).
Надвор дремење од 11 до 4, па саат пауза за ручек и одмор, па после пак фајрон од 5 до кај 9.
Договарање за надвор преку довикувања низ прозор, кој се разбрал во колку саат, кој не па ќе маваме со предмет од страна на прозорот кај плочкине толку пати за да го означиме саатот во кој треба да се симнеме доле:pos:
Гледање на сител бамбини, дајте музика, la fee(или како и да се викаше оноа жутоно пајче лутко), па бананамен, мечето ушко, грашковград, мечињана со срциња на стомак па симбад некој спомна погоре, па после озборување и разгибување теории зошто напраил така, зошто вака.
Па кога другарчето прво доби компјутер додека другиве бевме нубци, собирај се кај него играј стратегии.Абе радости:).
Чување на кученца пред зграда, позади зграда, па прави куќи од хартија и покрај хартијата камења да не се распадне, па давај им да јаде, па прикрадувај од дома да не те видат колкаво парче салама земаш.
Со братучетката на времето, во салон дома, правење на бункери или куќи, редиш столови во круг и ставаш ќебе одозгора, па изигравање продавачки, готвачки.. смешки:)

Има уште, ова е сега моментално што ми текна.. :)
Како и да е, го обожавам периодов, и покрај тоа што имаше и доста плачки за тоа дека женските не ме играат и дека ме озборуваат па враќај се дома и плачи на мама и жали се.Среќа почнав со машки да се дружам и многу поубаво ми беше, дефинитивно знаат повеќе да се дружат и не се толку злобни околу другарството како женскиве:).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom